Достапни линкови

Новата Влада доби амин


Собранието ја изгласа новата влада. Подобрување на економијата, влегување во ЕУ и НАТО, борба против корупцијата и криминалот, добри меѓуетнички односи, инвестирањето во образованието, науката и информатичката технологија се петте приоритети на владата.

Со 77 гласа за, 6 против и ниту еден воздржани собранието ја изгласа новата влада која што ќе има 26 члена.
Констатирам дека Собранието ја избра Владата на Република Македонија.
Трајко Вељаноски, претседател на Собрание на Македонија.


„Констатирам дека Собранието ја избра Владата на Република Македонија“, рече собранискиот спикер Трајко Вељаноски.

На седницата која почна во 13 часот прво се обрати премиерот Никола Груевски кој во своето 25 минутно експозе ги нагласи петте приоритети на Владата, односно подобрување на економијата, влегување во ЕУ и НАТО, борба против корупцијата и криминалот, одржување на добри меѓуетнички односи, инвестирањето во образованието, науката и информатичката технологија.
Честитката подеднакво е упатена и до вас присутните пратеници и до оние кои заради политиките и интересите на партиското раководство одлучија денеска да ја следат преку медиумите.
Никола Гревски, премиер.
На почетокот тој упати изрази и надеж дека опозицијата наскоро ќе се вратела во парламентот.

„Честитката подеднакво е упатена и до вас присутните пратеници и до оние кои заради политиките и интересите на партиското раководство одлучија денеска да ја следат преку медиумите и за кои верувам дека набрзо ќе се вратат во оваа сала за која толку многу ги молеа граѓаните да им ја дадат таа шанса и тоа само пред околу два месеци“, рече Груевски.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев пак од седиштето на партијата рече дека власта со сила верификувала мандати за сосила да го комплетирале парламентот.

„Тоа што тие го изгласаа не е влада на граѓаните на Република Македонија, тоа е влада на Никола Груевски, на неговата фамилија и на полтронската ДУИ на Али Ахмети“, рече Заев.
Тоа што тие го изгласаа не е влада на граѓаните на Република Македонија, тоа е влада на Никола Груевски.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

На собраниската седница на која присуствуваа пратениците од предизборната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ и од ДПА, а можноста да зборува ја искористи и пратеничката од
ЛДП Роза Топузова Каревска која одлучи да не ја почитува партиската одлука и го прифати пратеничкиот мандат. Таа го критикуваше премиерот поради тоа што не споменал ништо околу одржувањето на пописот, побара судството да се ослободело од партиски влијанија, побара и подобрување на сликата за медиумите, која цитирајќи ги извештаите на меѓународните организации, нагласи дека е влошена.

„Ваквите оценки се резултат на контроверзниот закон за медиуми, енормните казни за новинарите, потоа исфрлањето на новинарите од собраниската галерија, како и апсењето на Кежаровски“, рече Топузова Каревска.

Пратеникот од ДПА Орхан Ибраими пак истакна дека тие ќе гласаат против старо-новата влада а коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не била нова, ниту по состав, ниту по програма.

Речиси сите други говорници ја фалеа владата и работата на Груевски, а ја критикуваат одлуката на опозицијата за бојкот на парламентот, но и работењето на некои претходните влади.

„Првиот мандатор којшто застана на оваа говорница пред мене беше Бранко Црвенковски во 2002 година, кој победи на избори само со седно ветување дека ќе вработи по еден член од секое семејство. Во неговото експозе немаше никакви мерки неговата таканаречена програма беше без конкретни решенија“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева.

Инаку во експозето Груевски најмногу се задржа на економијата. Вети повисок стандард, а нагласи и дека остануваат посветени на стратегиските приоритети влегување во НАТО и почнување на преговори со ЕУ. Премиерот изрази и подготвеност да го се продолжи дијалогот за спорот за името, а најави и натамошното спроведување на Охридскиот договор.
  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG