Достапни линкови

Над 200 загинати во рударската несреќа во Турција


Турската влада соопшти дека над двесте рудари загинале во експлозијата и пожарот во еден рудник за јаглен во западниот дел на Турција. Стотици рудари се уште се наоѓале во рудникот. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ја откажа посетата на Албанија, планирана за денеска, за да го посети местото на несреќата.

Несреќата се случила вчера во рудникот во областа Сома, кај градот Маниса, околу 250 километри јужно од Истанбул. Рудникот бил затрупан во експлозија која била предизвикана, според локалните власти, поради дефект на електричната мрежа во рудникот. Тоа предизвикало и прекин на функционирањето на лифтовите во рудникот.
Рударска несреќа во Турција
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:01 0:00
Директен линк
Во моментот четири тимови работат на спасување на рударите. Проблем е пожарот, но ние им доставаме кислород на рударите кои се во неоштетените галерии.
Бахатин Атџи, претставник на турските власти.
Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата, а пожарникарите се обидуваат да впумпаат кислород во галериите на рудникот со цел да ги спасат рударите, блокирани на два километра под површината на земјата и на околу четири километри од неговиот влез.

Турскиот министер за енергија Танер Јилдиз изјави дека во моментот на експлозијата во рудникот имало 787 рудари, но оти некои од нив успеале да излезат.

„Во моментот четири тимови работат на спасување на рударите. Проблем е пожарот, но ние им доставаме кислород на рударите кои се во неоштетените галерии“, изјави претставникот на локалните власти Бахатин Атџи.

Во операцијата за спасување учествувале и војници и спасувачки екипи од соседните градови и провинции.

Околу 80 повредени рудари веќе биле префрлени во болница.

Претходно медиумите изнесуваа различни информации за бројот на жртвите, наведувајќи најпрвин дека загинале пет, па потоа 20 рудари.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG