Достапни линкови

Хелсиншки комитет - најмногу поплаки за гласачкото мастило


Освен поплаки за мастилото, до Хелсиншки има поплаки за лица кои гласале на повеќе избирачки места, се издавале лични карти со непостоечки адреси, а било забележано и гласање во име на починати лица.

Најголем број на поплаки до Хелсиншкиот комитет за претседателските избори пристигнале за лесното отстранување на мастилото како средство за обележување и проверка на гласачите. Потоа имало и пријави од граѓани кои забележале лица кои имале повеќе лични карти и кои гласале на повеќе избирачки места. Додека пак во текот на изборниот процес имало издавање на лични карти со непостоечки адреси на живеење или со иста адреса на повеќе граѓани, а било забележано и гласање во име на починати лица.
Ние со жалење мораме да констатираме дека во позадина се чувствува она структурално насилство коешто е насочено кон граѓаните, од страна на директни учесници во изборниот процес, односно политичките партии и активисти“, вели
Уранија Пировска, Хелсиншки комитет.


„Она што можевме да го констатираме е дека како и во поранешните изборни процеси се уште се забележува, иако дел од меѓунаордните организации и власта констатираа дека денот поминал во демократска атмосфера, ние со жалење мораме да констатираме дека во позадина се чувствува она структурално насилство коешто е насочено кон граѓаните, од страна на директни учесници во изборниот процес, односно политичките партии и активисти“, вели директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска.
Уранија Пировска.
Уранија Пировска.

Според Пировска и говорот на омраза бил застапен во најголем дел кај големите политички партии, кој резултирал со инциденти.
Не постои демократска зрелост, не се почитува принципот на поделба на власта и независноста на институциите.
Уранија Пировска.

„Се забележа веднаш ескалација на инцидентите сторени од омраза, уште од почетокот на јануари, главно случаите на говор на омраза коишто ние ги евидентиравме се врз основа на етничка припадност, но и по основ на сексуална ориентација Констатирани се исто така повеќе инциденти сторени поради политичка припадност или политичко уверување, кои покрај тоа што содржат елементи на омраза, резултираа и со сериозни кривични дела сторени од омраза кон носители на јавни функции, кандидати за претседател, партиски штабови, но и физички пресметки меѓу граѓаните.“

Пировска вели дека досега немало реакција од надлежните институции за регистрираните инциденти.

„Она што за жал разочарува е дека во Република Македонија после вака спроведен изборен процес за време на првиот круг, мора да се констатира дека не постои демократска зрелост, не се почитува принципот на поделба на власта и независноста на институциите.“

Пировска порачува дека за кредибилитетот на институциите говори и фактот што обвинителството досега не покренало ниту една постапка за инцидентите сторени од омраза.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG