Достапни линкови

Државни пари во партиски кампањи


Користењето на државни добра во кампањите продолжува затоа што досега не е преземена никаква санкција или мерка за одговорност спрема кого било кој вршел злоупотреба.

Користењето на јавни пари, работна сила или материјали, согласно изборниот законик, не смее да има во ниту еден облик за изборните кампањи, но тоа редовно се прави, посочуваат експертите, а причината за тоа е токму фактот што досега не е преземена никаква санкција или мерка за одговорност спрема кого било кој вршел злоупотреба.
Сето тоа е добро смислено и се прави во рамки на целиот систем којшто е контролиран од страна на власта и којшто функционира како да партијата и политиката се едно.
Слаѓана Тасева, Транспаренси Интернешанал Македонија.


„Ние имаме нотирано неколку случаи каде вработени од комуналните претпријатија во општините градат или поставуваат платформи за одржување на митинзи, имаме нотирано случаи каде до општините се испраќаат фактури коишто треба да се платат од страна на општината, а тие се за озвочување или за други потреби за користење во рамки на кампањите“, посочува претседателката на Транспаренси Интернешанал
Поповски во посета на Јегуновце.
Поповски во посета на Јегуновце.
Македонија, Слаѓана Тасева.

Во своите извештаи по завршувањето на првиот круг од претседателските избори мисијата на ОБСЕ/ ОДИХР, невладината Цивил и други организации кои ги следеа изборите како еден од системските нерегуларности на изборите го наведоа и проблемот на партизираност на институциите.
Мислам дека овојпат посебно се нотираат, баш поради тоа што тоа е една од точките за која големите учесници во изборите ги потпишаа во изборните реформи, а тоа беше неупотребата на државната администрација, рекламирањето.
Рамадан Рамадани, Институт за слободна мисла НИСМА.


„Мислам дека овојпат посебно се нотираат, баш поради тоа што тоа е една од точките за која големите учесници во изборите ги потпишаа во изборните реформи, а тоа беше неупотребата на државната администрација, рекламирањето итн.“, посочува аналитичарот Рамадан Рамадани од Институтот за слободна мисла НИСМА.

Проблемот постојано се нотира, но институциите кои што се повикани да го следат вклучувајќи го и ревизорот кој е задолжен да го следи трошењето на јавните пари, Државна комисија за спречување на корупцијата и останатите не преземаат никакви мерки против ова, посочува Тасева, што придонесува трендот да продолжи. Проблемот постои одамна и конечно стана суштински дел од извештаите на набљудувачите на изборите, посочуваат експертите зошто не е потребно многу за да се воочи, голем дел од работите се премногу очигледни.

„Пример користењето на службените возила, а и целата гарда што ги следи министрите за време на за време на кампањите или пак настапување во време на влада во време кога владата не постои или промовирање на такви проекти, значи сето тоа е добро смислено и се прави во рамки на целиот систем којшто е контролиран од страна на власта и којшто функционира како да партијата и политиката се едно“, додава Тасева. Законска регулатива според која ваквиот тип престапи се забранува постои, но не е прв случај каде што таа не се почитува, велат експертите. Партиите во текот на кампањата се зафатени со други теми па малку од овие можат да се чујат како предмет на препукувања, но задача на институциите е да ги спречат ваквите појави, посочуваат експертите.
XS
SM
MD
LG