Достапни линкови

Избори на нерамен терен


За дел од експертите по завршувањето на првиот круг од изборите станува видливо дека самиот изборен ден станува неважен за исходот бидејќи амбиентот кој е создаден претходно не создава услови за нивна регуларност.

Кампањата беше активна и изборите ефикасно спроведени, но што е со ИзбрДодека невладините организации се држеа до забележаните неправилности на денот на гласањето, шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР Герт Аренс, по завршувањето на првиот круг од претседателските избори го постави и ова прашање свесно, како што рече, одбегнувајќи црно- бели оценки, а запрашан зошто ја избегнува оценката фер и демократски.
Понатаму државната администрација, вработувањата во јавниот сектор кои се и те како големи во изминатите 6-7 години, сето тоа им дава „ветер во грб“, на кандидатите на власта. Сега веќе станува збор за еден механизам.
Никола Дујоски, универзитетски професор.


За дел од експертите по завршувањето на првиот круг од изборите станува видливо дека самиот изборен ден станува неважен за исходот бидејќи амбиентот кој е создаден претходно не создава услови за нивна регуларност во смисла на медиумско претставување и широка институционална манипулација.

„Не е спорно дека опозицијата нема медиум, речиси и да нема медиум во државата кој го промовира кандидатот на опозицијата, не е спорно дека кандидатот на власт потрошил десет пати повеќе или можеби многу повеќе од десет пати пари за кампања, отколку кандидатот на опозицијата. Понатаму државната администрација, вработувањата во јавниот сектор кои се и те како големи во изминатите 6-7 години, сето тоа им дава „ветер во грб“, на кандидатите на власта. Сега веќе станува збор за еден механизам“, посочува професор Никола Дујоски.
Тие се веќе демоде и се прости манипулации, кои во суштина не се ни толку валидни за изборите.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

Во вакви услови нерегуларностите што се појавуваат на изборниот ден се неважни и стануваат обични трикови за прекривање на вистинските услови за нефер и нерегуларен натпревар на изборите, посочува аналитичарот Алајдин Демири.

„Тие се веќе демоде и се прости манипулации, кои во суштина не се ни толку валидни за изборите, затоа што не ја изразуваат суштината на манипулацијата.“

Избирачкиот список и натаму останува непрочистен па во него се појавува нестандардна бројка на гласачи посочуваат експертите. Неспроведениот попис е уште еден од проблемите. Македонија го преточува правото на гласање во политика на гласање посочува Дујоски.

„Правото е нешто сосема поразлично, една политика на гласање, која обединува голема група на луѓе кои што доброволно се вклучени во сето тоа, кои за вработување, кој затоа што се надева дека понатаму ќе добие вработување, добар дел заради идеите итн., сите приватни фирми кои вршат активност за сметка на државата, дури и тие се во функција на привлекување на гласови“, додава Дујоски
XS
SM
MD
LG