Достапни линкови

Весниците преполни со избори, другите теми во втор план


Печатените медиуми се преполни со информации за текот на предизборната кампања. Меѓу нив и информации за висината на платите, за искоренетите болести кои се враќаат и за еколошки проблеми.

Печатените медиуми се преполни со информации за текот на предизборната кампања. „Здружената опозиција најави сигурни промени, лидерот на СДСМ, Заев, јавно го повика Груевски на ТВ дуел“, објави Утрински по почетниот митинг на опозицијата во Скопје за вонредните парламентарни.
Здружената опозиција најави сигурни промени, лидерот на СДСМ,Заев, јавно го повика Груевски на ТВ дуел.
Утринки весник.


Слободен печат наслови: „Река народ за нов почеток“, со цитат од Заев кој апелира граѓаните во цела Македонија да му кажат не на Груевски, исто како и жителите на општина Центар на локалните.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Вечер го оценува митингот на опозицијата како „Застарена реторика, празни ветувања без конкретна програма, анемичен и без енергија“.

Дневник напиша -Тргна парламентарниот изборен карван - битка помеѓу „Има разлика“ и „Нов почеток“, а Вечер, пак, го оценува митингот на владејачката партија во Скопје како „голем“ и го цитира Груевски:„Одиме на уверлива победа!“.
Тргна парламентарниот изборен карван - битка помеѓу „Има разлика“ и „Нов почеток“.
Дневник.


Дневник пишува за „Отворен судир помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“ и дека: „Ахмети му возврати на Груевски“, односно дека прв пат интегративците жестоко го критикувале Груевски обвинувајќи го дека со барањето да освои 62 пратеника прави поделби и тензии во државата.

Контроверзниот проект на јавниот сервис - дебатата на четворицата претседателски кандидати, за Утрински е „бледа“, за Дневник дека „Иванов е подготвен, Пендаровски без реплика, Халими и Поповски релаксирани“. Вечер оди неутрално: „Иванов, Пендаровски, Халими и Поповски побараа поддршка од граѓаните“.

Во шумата од пораки и препукувања, некако незабележливо, (или веќе се научивме?!) помина откритието на невладината „Цивил“ дека: „На изборните манипулации им нема крај - избирачи живеат во стан број 22, а во зградата има само 17 станови!“, објави Слободен печат.

„Цените угоре, платите тапкаат в место - за 4 години платите пораснале само 997 денари“, наслови Утрински. „Се враќаат искоренетите болести во Македонија“, го пренесува истиот весник предупредувањето на нашите епидемиолози. А 25 невладини организации со еколошки предзнак бараат решавање на најбитните еколошки проблеми во земјава со „Зелена платформа со 10 жешки екоточки“, објави исто така Утрински.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG