Достапни линкови

Списоци со „сигурни“ гласачи во Охрид


Совет на општина Охрид.
Совет на општина Охрид.

Вработените во јавната администрација во Охрид носат списоци со „сигурни“ гласачи до своите претпоставени, оти имаа отворени закани за санкции од страна на општинското партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваа од СДСМ.

Вработените во јавната администрација по наредба на општинското раководство на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се принудени да носат списоци со сигурни гласачи кои би глсасале за партијата на престојните претседателски и парламентарни избори, обвинуваат од охридскиот огранок на СДСМ.
Oтворени закани за санкции се вршат од страна на општинското партиско раководство на ДПМНЕ кон вработените во јавната администрација. Вработените се приморани до своите претпоставени да носат списоци со „сигурни“ гласачи.
Александар Кузески, портпарол на СДСМ- Охрид.


Немојте да се чудите доколку на роденден, слава, визита или едноставно на кафе ви се појават на врата новопримени наставници, професори, негователки, лекари, медицински сестри кои прв пат ви влегуваат дома. вели Александар Кузески портпарол на охридските социјалдемократи.
Александар Кузески.
Александар Кузески.

„Oтворени закани за санкции се вршат од страна на општинското партиско раководство на ДПМНЕ кон вработените во јавната администрација. носат списоци со „сигурни“ гласачи. Во прилог на ваквата омаловажувачка и потценувачка практика, ДПМНЕ од болниците, училиштата, градинките и општината направи свои партиски штабови каде се сее страв меѓу вработените. Заканите и притисоците кон вработените се јасни или со сила ќе најдете и ќе донесете гласови за ДПМНЕ, или мислете му ја за вашето работно место.Тоа им го прави ДПМНЕ и на сопствените членови и симпатизери“, вели Кузески.
Изминато е времето на уцена и заплашување на народот, а тоа најдобро се покажа и докажа на изминатите локални избори кога народот се определи за политичката опција ВМРО-ДПМНЕ.
Јованка Дамоска Секулоска, советник во советот на Општина Охрид.


Од ваквото крајно неетичко и непрофесионално однесување трпи и градот Охрид кој поради престојните избори како да е буквално закочен. Охрид е нечист како никогаш досега, а нивните таканаречени проекти за осветлување, кои значат редовно менување сијалици, се застанати додава Кузески.
Јованка Дамоска Секулоска.
Јованка Дамоска Секулоска.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги негираат обвинувањата. Јованка Дамоска Секулоска советник во советот на Општина Охрид вели дека ова било уште еден очајнички обид на СДСМ за користење на медиумскиот простор во кој освен повторување на нивните небулози не виделе ништо значајно за Охрид и охриѓани.

„Изминато е времето на уцена и заплашување на народот, а тоа најдобро се покажа и докажа на изминатите локални избори кога народот се определи за политичката опција ВМРО-ДПМНЕ дури и тогаш кога беше репресиран од тогашната локална власт на чело со СДСМ. Тоа само ја покажува нивната незаинтересираност кон она што значи прогрес на нашиот град “, вели Дамоска Секулоска.

„СДСМ продолжува со манипулација и заморување на јавноста. Се што го кажаа беше својствено за едно минато и веќе свршено време. Тоа е олицетворение на времето од владеењето на СДСМ, кога под силен притисок вработените во општинската администрација и вработените во училиштата , градинките и јавните претпријатија ги користеа за декор на митинзите на СДСМ“, реагираат од Општина Охрид. Од таму велат дека единствено нешто што сега се бара од вработените е да ги извршуваат работните задачи и проектите кои им се доделени.

„Доколку постои некој врз кој е вршен притисок за некакви списоци или е применета сила за како што кажуваат носење на гласови, го охрабруваме јавно да излезе и каже, а тоа да го потврди низ соодветна постапка“, велат од Општина Охрид
XS
SM
MD
LG