Достапни линкови

Стоката во Мариово пека за вода


Во битолскиот дел на Мариово се проценува дека има околу 25.000 овци и говеда, а подигната е само една брана. Сточарите мораат да ја тераат стоката со километри за да ја напојат.

Сушата го погоди сточарството во битолскиот дел на Мариово. Сточарите се жалат дека есента била слаба со дожд, а зимата една од ретките кога во овој крај не наврнал снег. Ваквите временски услови ги пресушија селските извори и потоци, па сточарите од некои мариовски села пред се од Маково, мораат да ја тераат стоката со километри надвор од селото за да ја напојат.
Во селото Маково има 600 овци и 30 крави. Ги тераме далеку по вода надвор од селото на три километри.
Благој Гроздановски, сточар од село Маково.


Ако и пролетва биде сиромашна со врнежи, состојбата ќе биде алармантна, велат сточарите Благој и Борче Гроздановски од село Маково.


„Гледате ова е како Голи Оток. Што дека прават пат кога нема вода за стоката и за бавчите да се врати некој и да сади. Не прават инаку има каде да се прави, никој не се интересира за тоа. Во селото Маково има 600 овци и 30 крави. Ги тераме далеку по вода надвор од селото на три километри.“
Има голем број на стока и капацитетот на браната е доста голем и доволен.
Лазар Котевски, градоначалник на Новаци.


„Со одгледување на овци се занимаваме. Колку повисоко се оди во Мариово толку поголем проблем е. Суша е нема вода, нема помош, нема наводнување.“

Во битолскиот дел на Мариово се проценува дека има околу 25.000 овци и говеда, а подигната е само една брана. Ова е еден од најбогатите краишта во земјава со грла добиток, но и ретко населен. По големите миграции во изминатите децении во Мариово денес живеат 150 жители. Дел од нив откако ја изгубија работата во Битола за време на транзицијата се вратија во родното огниште и на работата од нивните предци, па денес одгледуваат стока.

Од Општина Новаци, под чија територија е Мариово велат дека веќе изградиле брана кај селото Рапеш која ги задоволува потребите за напојување на дел од стадата во овој крај. Во иднина ќе се работи уште повеќе на подобрување на условите за живот и одгледување на стока во овој крај.

„Браната е од големо значење зашто таа река беше проточна и сега е како собиралиште на вода и им служи на нашите сточари бидејќи таму населението претежно се занимава со сточарство. Има голем број на стока и капацитетот на браната е доста голем и доволен“, изјави градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG