четврток, декември 18, 2014 Скопје 04:56

Македонија

За името не може да решава еден човек или една партија

Претседателот на државата не е чудотворец, но може да испраќа позитивни сигнали кон домашните и странските фактори.

Мултимедија

Претседателските кандидати предлагаат формирање на универзален став на Македонија во однос на спорот со името со соседна Грција по што се предвидуваат референдум, јасно исцртување на црвените линии и конструктивни преговори.
Не прифаќаме да се промени Уставот на Република Македонија, не прифаќаме да се промени уставното име на Република Македонија.


Претседателот на државата не е чудотворец имајќи ги предвид не само влијанијата од матичната партија, туку и ставовите на другите политички гарнитури во земјата, велат упатените.
x


„Се трудевме и ќе се трудиме за изнаоѓање на решение на спорот со името со соседна Грција“, изјави кандидатот на владеачката партија Ѓорѓе Иванов на митинг во Делчево.

„Тоа решение има рамка во ОН, од резолуциите на ОН, од привремената спогодба што сме ја склучиле со Грција, од пресудата од Хаг, а тоа значи дека не прифаќаме да се промени Уставот на Република Македонија, не прифаќаме да се промени уставното име на Република Македонија.“
Јас заговарам прво ние во Македонија да изградиме став на Македонија, па потоа да одиме кај Нимиц и да кажеме ова е македонската црвена линија.


Кандидатот на опозицискиот Социјал-демократски сојуз Стево Пендаровски во интервју за РСЕ вели дека не може да лицитира со имиња бидејќи не знае што до сега е договорено во претходните рунди на преговори.
x


„Јас заговарам прво ние во Македонија, сите битни, релевантни, политички субјекти со најширок можен политички консензус да изградиме став на Македонија, па потоа да одиме кај Нимиц и да кажеме ова е македонската црвена линија. Грците тоа го имаат. Тие за ништо друго не можат да се договорат, ниту за траншите финансиска помош без кои не би преживеале, но за ова имаат гранитна црвена линија која трае 20 години.“
Детално да се анализираат предлозите на Нимиц, па евентуално и некој наш предлог што би произлегол од една стручна анализа за решавање на овој проблем и да се најде прифатливо решение за името.


Кандидатот на Демократската партија на Албанците Илијаз Халими во интервју за РСЕ предлага свикување состанок на сите релевантни политички фактори во земјава.

„Детално да се анализираат предлозите на Нимиц, па евентуално и некој наш предлог што би произлегол од една стручна анализа за решавање на овој проблем и да се најде прифатливо решение за името што нема да влијае негативно врз идентитетот не само врз македонскиот народ, туку и врз другите националности кои живеат во Македонија.“

Кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски вели дека црвените линии се исцртани за името Македонија и задржување на идентитетот на граѓаните.

„Во таа комуникација јас би го актуелизирал повторно ставот околу двојната формула,мислам дека тоа би било едно решение коешто би било навистина прифатливо доколку успееме да ја убедиме Грција дека друго ништо не не интересира поврзано со нивната територија.“

Не верувам дека претседателот може да прави чуда за решавање на спорот, но може да испраќа позитивни сигнали кон домашните и странските фактори, вели политикологот Беким Кадриу.Шефот на државата нема ексклузивна можност за решавање на спорот, додава Кадриу.

„Ова е прашање што се детерминира од фактот на конзистентно функционирање на политичките фактори внатре во државата, без тоа претседателот на државата не може да одигрува индивидуална улога во овој правец.“
Овој форум е затворен
Редење на коментари
Коментирајте
     
Име: pile
04.04.2014 22:54
+1 / -0
Pak G-din Mile so svoite poznati stavovi necelosni za manipulacija i navreda na SITE Makedonski gragjani mislejki mozje da manipuliraat DPMNE-vc ite od nivnite stabovi so ostanatite 2/3 glasacko telo vo Drzjavata. Ne Vi pominuva toa G-din Mile poveke, koe ime stitis poranesna jugoslovenska Republika Makedonija, kazjete jasno u glasno a ne da trtljate samo.Koj identitet stitis deka si poranesen ju Makedonec, posle ASNOM, toa e Vasiot identitet, zadrzjete si go slobodno no ne go lazjete Makedonskiot istosten gragjanin, koj do vcera ja nemase na uvid nitu Privremenata spogodba od 1995 godina. Takvoto stitenje e poveke od sovinizam ako ne ste znaele, a nacinot do kade e dovedena Drzjavata e poveke od predavstvo.Koj toa nametna identitet vo razgovorite, koga voopsto ne s epregovara za identitetot na Makeodnskiot narod, takvite kako tebe G-din Mile sto negiraat deka Makedonskiot narod postoel pred ASNOM. Pokraj toa sto vetiv deka nema da gi komentiram vasite stavovi koi se prepoznatlivi vo nasokata kade sakate da vrsite vlijani, za Vas poznati licni pricini ili dolzjnicki, no eve pravam isklucok.Ako imate koinsenzus za zacuvuvanje na privremenoto ime pj RM kazjete jasno i glasno deka si go sakame, a ne da go mestite narodot deka tie go sakaat pj RM.Pozdrav.

Име: Миле Град: Охрид
04.04.2014 16:44
+0 / -1
Во Македонија постои конценсус за името, освен кај поединци, поддржувачи (застапници/адвокати) на уценувачите со шовинистички барања кон македонскиот народ.
Нема да има друг тип на „концензус“ кој ќе се направи во тесен круг на „...сите битни, релевантни, политички субјекти...“ (Што е тоа што е релевантно? Кој друг освен Македонците од кои се бара да се самоукинат?) и под покровителство (закана со дестабилизација на земјава и примена на сила) на самопрогласената „меѓународна заедница“.
Ние не го даваме името. Тоа може само да ни го одземете со помош на „демократските средства“ на вашите ментори.
Знаеме дека не можеме да се спротиставиме на вашите аргументи на сила. Можете со сила да ни го земете името. Но, нашите поколенија, во друга меѓународна констелација (во отсуство на јаки шовинистички сили во „меѓународната зедница“), ќе можат легитимно да си го побараат да им се врати.
Доколку сега го дадеме доброволно, сме го изгубиле за секогаш и за сите генерации (предходни, сегашни и идни). А, дали имаме право на тоа?

Име: pile
04.04.2014 15:44
+1 / -0
Bilo koj dosegasen Pretsedatel na R.Makedonija, a posebno aktuelniot G-din Gj.Ivanov, ima bilo kakvo eticko i molralno pravo da se povikuva doprva za gradenje na konsenzus za resenie na sporot za imeto,a vo uslovi na aktivni pregovori so medijatorot vo poslednata 1,5 godini za smetka na pozitiven Izvestaj na EK za 2012 godina pred lokalnite izbori, a posle odgovorot na memorandumot-revizija na vremeto za resenie nasporot za imeto.A koga na raspolaganje gi imal site ustavni mehanizmi od svikuvanje na liderski sredbi i gradenje na Drzjaven konsenzus za t.n.crveni linii na Makeodnskata strana.Ili najdobro e da izigruvame golem akter za navodna zainteresiranost za resenie na sporot z ada pokazjeme deka samo sme bile smesni na megjunarodna scena za sustinski prasanja koi ja kocat zemjata na patot kon NATO Alijansata blagodarenie n aovaa politicka garnitura na vlast od 2006 godina navamu. A posebno nema pravo da se povikuva na referendum za resenieto na sporot vo uslovi koga neuspeal da organizira, nitu se obidel partisko politicki konsenzus za imeto, a imal vreme i da predlozji do Sobranieto izglasuvanje na konsultativen referendum za resenie na sporot za imeto.Posle takvo fijasko na bacinot na vodenje na nadvoresnata politika izlisno e da se pojavuva na mitinzi za Pretsedatelski kandidati osven sto na gragjnaite ke im dokazjuva deka vo negovite oci tie samo se evtina masa za manipuliranje za ostanuvanje na vlast. Osven ako Pretsedatelskite izbori pokraj spoenosta so predvremenite parlamentarni ne gi spojat so predvremeni lokalni za da pocnat da zboruvaat za 20 000 kravi na Subrata Roj vo Djumajlija i za prenasocuvanje n aVardar za napojuvanje na istite.

Избор на уредникот

Радио програма