Достапни линкови

Дневен печат - Сите во кампања уште пред да почне


Кампањата за претседателските избори, но и веќе неофицијално започнатата за предвремените парламентарни избори се во фокусот на дневниот печат.

Првиот извештај на ОДИХР за изборите во Македонија гласи: Сите кандидати истрчале пред кампањата, а цел список препораки сè уште чекаат да бидат исполнети.
Испливаа донаторите на владејачката партија - меѓу најдарежливите донатори се Андон Чибишев, Ирена Мишева, Влатко Чинговски, а не се за потценување ниту донациите на Аспазија Софијанова, Марија Хаџи Лега, Зоран Џорлев, Тони Михајловски, Дејан Лилиќ.
Слободен печат.

Во однос на тонот на кампањата, ОДИХР го издвојува повикот на премиерот Груевски до етничките Македонци да му обезбедат чисто мнозинство од 62 мандата за да ги избегнел притисоците од ДУИ, и одговорот на ДУИ до етничките Албанци да му обезбедат 25 мандати за да биде обратно.

Таквите изјави, според посматрачката мисија на ОДИХР, се реторика на етничка поделеност. Последната крупна забелешка се однесува на работата на ДИК каде што, според ОДИХР, во неколку наврати членовите гласале по партиска линија, објави Утрински. Истиот весник објави и интервју со Герт Аренс, првиот човек на набљудувачката мисија, кој изјавува дека за добар избирачки список во државата треба да има попис.
Македонија во клубот на посиромашните.
Утрински весник.

Слободен печат наслови: „Испливаа донаторите на владејачката партија - меѓу најдарежливите донатори се Андон Чибишев, Ирена Мишева, Влатко Чинговски, а не се за потценување ниту донациите на Аспазија Софијанова, Марија Хаџи Лега, Зоран Џорлев, Тони Михајловски, Дејан Лилиќ“.

Дневник главно детално ја следи кампањата на претседателските кандидати објавувајќи наводи од нивните настапи низ земјава. Утрински обелоденува дека стартот на странските инвестиции годинава во јануари, се скромни - 16,3 милиони евра, дека Владата ќе се задолжи за нови 93 милиони евра на домашен терен, а дека веќе во средата достасала за плаќање уште поголема сума, речиси 134 милиони евра, по основа на претходно издадени државни хартии од вредност.

Нова Македонија објавува дека земјава има најниски трошоци за работната сила во Европа. Најмногу плаќале работодавачите во Шведска - во просек 40 евра за работен час.

Вечер објавува наводи од „Светската книга на факти“ што ја објави ЦИА, со наслов: „Балканските земји - која од која посиромашна“, при што ги објавува податоците само за земјите од нашето опкружување, наведувајќи дека Косово е најсиромашно. „Македонија во клубот на посиромашните“ - гласи насловот во Утрински за истата информација во која наведува дека Македонија е на 113 место со БДП по глава на жител од 10.800 долари. Зад нас биле Босна и Херцеговина и Албанија.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG