Достапни линкови

Преку игра уриваат меѓуетнички бариери


Интегрирано образование
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

Интегрирано образование

Учениците од македонска и албанска националност од две тетовски села преку игра и низа активности се запознаваат и дружат и со тоа ги уриваат етничките бариери. Нивната средба беше дел од проектот на УСАИД за интегрирано образование во Македонија.

Со насмеани лица децата од основното училиште Реџеп Вока од село Шипковица ги пречекаа гостите од основното училиште Коста Рацин од село Брвеница од Тетово. Нивната средба беше иницирана од проектот на УСАИД за интегрирано образование, преку кој и покрај етничките и јазични бариери учениците преку заеднички активности се дружат и спријателуваат. Децата од албанска и македонска националност симболично застанати во круг и фатени за рачиња преку фрлање на клопче со конец едни кон други се запознаа и ги кажаа своите имиња.
На ова поднебје има место за сите кои што сакаат да се разберат меѓусебе и кои сакаат да одат напред.
Али Рамиузамди, наставник по физичко во училиштето Реџеп Вока.


Маријана Аризановска, психолог од училиштето Коста Рацин вели дека воопшто не биле скептични за успешноста на проектот.

„Фрлање на клопче со конец претставуваше обид, активност кадешто децата меѓусебно се запознаваа и на еден индиректен или симболичен начин ја покажаа нивната желба меѓусебно да се сврзат.“

Наставникот по физичко од Реџеп Вока, Али Рамиузамди вели дека сакале преку игра да им покажат на сите оти и покрај јазичните бариери децата може да се дружат.
Децата меѓусебно се запознаваа и на еден индиректен или симболичен начин ја покажаа нивната желба меѓусебно да се сврзат.
Маријана Аризановска, психолог од училиштето Коста Рацин.


„На ова поднебје има место за сите кои што сакаат да се разберат меѓусебе и кои сакаат да одат напред.“

Децата од конецот направија фигури кои ќе им останат како спомен од средбата, а нивното дружење завршија со квиз по математика. Директорот на Реџеп Вока, Али Лефети ја поздрави иницијативата, која според него, ги негува и промовира вредностите на меѓуетничкото општество и довербата меѓу заедниците.

„Училиштата имаат клучна улога, сите ние треба да работиме заедно за да им обезбедиме на сите деца од овие места без оглед на нивната етничка припадност да добијат квалитетно образование кое промовира почитување и стабилна мултиетничка средина.“

Проектот на УСАИД работи на зголемување на разбирањето кај пошироката јавност за придобивките на сите граѓани што ќе произлезат од интегрирање на образовниот систем во Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG