Достапни линкови

Време е за будење


Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.
Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Време е студентските движења поактивно да се вклучат во будењето на студентската критична маса, но да не изостанат ниту самите студенти, без страв, со цврст став да застанат на нозе и да го оправдаат мислењето на народот дека некогаш студентите биле доста почитувани поради фактот дека заради нив се уривале влади, пишува Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Читајќи ги содржините на порталот наидувам на сторијата за студентските домови во Скопје и не можам да им се изначудам на некои тесно поврзани ликови кои ги врзува една иста работа, а тоа е политиката.
Двајцата најповикани во врска со правата на студентите се партиски пулени и од нив може да очекуваме само „притисоци“ и празни зборови на Фејсбук.

Гледајќи наназад што едниот лик, еден од најповиканите во случајов, ветуваше пред да дојде на функцијата на која што е сега, нормално преку политика всушност не прави разлика помеѓу партиска политика и онаа политика која секој граѓанин ја води настрана од партиските кругови. Наводно господинот претседател на СПУКМ мислел дека актуализирањето и дигањето на цела оваа фама со домовите, поточно со „куќата на хоророт“ како што го нарекуваат студентите домот „Гоце Делчев“ било поради политички причини. Па господине претседателе, бидејќи не знаете да правите дистинкција помеѓу партиска политика и онаа која наводно Вие треба да ја водите, студентската политика, јас ќе ви потврдам дека и те како е од политички причини и лично ќе настојувам и покрај цензурата која ја вршите со забраната на пристап кон веб страната на Фејсбук во домот, студентите, но и останатите млади луѓе надвор од домовите кои треба најостро да го казнат ова да се информираат и да имаат предвид во иднина за кого даваат глас или партијата за кого лобира да има увид во тоа што прави нивниот пулен за кој толку дигаа врева.

Рака на срце за едно мора да му симнеме капа, јавно даде до знаење дека власта ништо не прави по ова прашање, дури и покрај притисокот кој го вршат. Доста храбар потег. Мислам дека местото за вршење притисок е промашено, па можеби и затоа не пали. Фејсбук е мрежа на која луѓето споделуваат слики, коментари и мислења но дефинитивно не е мрежа за споделување и упатување притисоци особено кон некои институции па затоа и „нискиот притисок“ за „Гоце Делчев“ е неуспешен.
Време е студентските движења поактивно да се вклучат во будењето на студентската критична маса, но да не изостанат ниту самите студенти, без страв, со цврст став да застанат на нозе и да го оправдаат мислењето на народот дека некогаш студентите биле доста почитувани поради фактот дека заради нив се уривале влади.

Реално ако ги гледаме работите, ниту студентите не се нешто за фалење, бидејќи во неколку наврати е укажувано за најголемата слабост кај македонските студенти, а тоа е студентската критична маса. Како што тргнала работата овој проблем ниту може да го реши СПУКМ, ниту подмладоците на партиите кои исто така вршат притисок (на овој или на оној начин), ниту невладините организации, туку самите студенти кои поспани и исплашени за тоа што ги чека доколку се подигнат, го кријат својот глас кој вреди многу повеќе од тоа што мислат.

Време е студентите да преземат нешто околу моменталната состојба, а воедно и студентскиот правобранител (доколку го има) да им објасни дека нема ништо лошо во тоа да секој студент си ја искаже својата мака на начин на кој му доликува. Само се плашам дека од повикот кон студентскиот правобранител нема да излезе ништо бидејќи и самиот тој правобранител на меѓународни семинари се претставува како претставник на политичка партија. Жалосно, но вистинито, и двајцата најповикани во врска со правата на студентите се партиски пулени и од нив може да очекуваме само „притисоци“ и празни зборови на Фејсбук.

Време е студентските движења поактивно да се вклучат во будењето на студентската критична маса, но да не изостанат ниту самите студенти, без страв, со цврст став да застанат на нозе и да го оправдаат мислењето на народот дека некогаш студентите биле доста почитувани поради фактот дека заради нив се уривале влади. Подобар момент за крајно будење на студентската популација нема, затоа, излезете и покажете зрелост и спремност за подобри услови и права токму за Вас, идната интелигенција на државава.
XS
SM
MD
LG