Достапни линкови

Претседателот ќе бара нов мандат


Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ја најавува кандидатурата за нов претседателски мандат на престојните избори.
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ја најавува кандидатурата за нов претседателски мандат на престојните избори.

Актуелниот претседател Ѓорге Иванов најави дека ќе ја поднесе својата кандидатура на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседател.

Претседателот Ѓорге Иванов ја прифати иницијативата за втор мандат. Тој најави дека ќе ја поднесе својата кандидатура на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседател.
Донесов одлука да ја прифатам иницијативата за мое кандидирање за Претседател на Република Македонија.
Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија.

„Донесов одлука да ја прифатам иницијативата за мое кандидирање за Претседател на Република Македонија. Во животот има моменти кои ги одредуваат нашите натамошни активности и ги определуваат натамошните заеднички достигнувања. Во таквите мигови треба да се носат правилни одлуки кои се резултат на верба во вредностите. Самиот успех е резултат на правилен избор на одлуки“, изјави Иванов.

Иванов изјави дека тој во првиот мандат работел напорно и дал максимум од себе, за да остане доследен на програмата со која добил доверба од граѓаните. Тој верува дека се постигнати добри резултати, но дека секогаш може да се направи уште повеќе.
Да се биде Претседател на Република Македонија значи секогаш да бидеш чесен кон своите сограѓани, да се држиш до зборот и до достоинството.
Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија.

„Да се биде Претседател на Република Македонија значи секогаш да бидеш чесен кон своите сограѓани, да се држиш до зборот и до достоинството и да си секогаш на страната на заедништвото, демократијата, единството и патриотизмот. Да продолжиме заедно по тој пат“, вели Иванов.

Кандидатурата на Иванов - чекор кон предвремени избори

Повторната кандидатура на Ѓорге Иванов за претседател, за што од коалиционата ДУИ се изјаснија дека за нив е неприфатлив избор, го чисти патот до предвремени парламентарни избори. Сите чекори преземени во последно време од владејачките партии, нивното наводно несогласување, е само параван, велат дел од запрашаните познавачи на политичките состојби во земјава.

„Несогласувањето“ меѓу коалиционите партнери ќе биде искористено како мотив за предвремени избори, вели универзитетскиот професор Алајдин Демири.

„Се добива впечаток дека е маневар за предвремени избори. Да не се бара виновник, да не се бара огромна криза, да не се бараат други мотиви за предвремени избори, туку тоа несогласување да биде мотив“, вели Демири.
И професор Здравко Савески е дел од аналитичарите кои сметаат дека глумењето на неконструктивност од владејачките партии е само глума за да се зголеми партискиот рејтинг.

„Ако ДУИ навистина принципиелно стои зад ставот дека за нив Ѓорге Иванов е неприфатлив кандидат, тогаш логичниот чекор кој би следел од тоа е напуштање на владината коалиција. Шансите тоа ДУИ да го направи се минимални, скоро непостоечки“, вели Савески.

Последниот абер од вчера од ДУИ е дека остануваат на предлогот за консензуален кандидат за претседател. Ако не, ДУИ не се предомислува и ќе ги бојкотира изборите, изјави Бујар Османи, портпаролот на партијата. Од ДУИ не ја отфрлат опцијата за предвремени парламентарни избори. ДПА соопшти дека ќе учествуваат на претседателските избори со свој кандидат, иако досега партискиот лидер велеше дека не го интересираат претседателските избори. Од СДСМ се уште не го соопштиле името на својот кандидат за шеф на државата, ниту пак се изјасниле за предвремени парламентарни избори.



.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG