Достапни линкови

Стечајците меѓу борбата за права и политиката


Судири меѓу полицијата и стечајните работници на протестот пред владата во Скопје. 18 февруари 2014.
Судири меѓу полицијата и стечајните работници на протестот пред владата во Скопје. 18 февруари 2014.

Ние сме стечајци, се бориме за гола егзистенција и секое мешање на политиката ни смета и не ни носи добро, вели стечајката Љиљана Ѓорѓиевска од здружението УНИТ.

Ќе продолжиме со протестите сè додека не си ги оствариме нашите права или додека не умреме, вели стечајката Љиљана Ѓорѓиевска од здружението УНИТ. Таа вели дека имаат поддршка од невладини организации, од пензионери, и не може на тие луѓе да им речат „нам не ни треба поддршка“. Нам ни треба секој, за да успееме побргу, вели Ѓорѓиевска и додава дека стечајците го осудуваат тоа што некој сака во протестите да ја вмеша политиката.
Максимално го осудуваме мешањето на политиката, затоа што ние сме стечајци, се бориме за гола егзистенција и секое мешање на политиката ни смета и не ни носи добро.
Љиљана Ѓорѓиевска, стечајка.

„Максимално го осудуваме мешањето на политиката, затоа што ние сме стечајци, се бориме за гола егзистенција и секое мешање на политиката ни смета и не ни носи добро. Ние нема што да изгубиме, мора да се бориме се додека не ги оствариме правата“, вели стечајката Љиљана Ѓорѓиевска од здружението УНИТ.

По вчерашните протести, коментарите на социјалните мрежи главно изобилуваат со говор на омраза, пцовки, клетви и навреди.

„Фамата ја прават медиумите на Сорос. Сценариото е добро познато. Денес немаше никакво насилство од полицијата. Тоа се гледа од снимките кои медиумите на СДСМ и на СОРОС ги објавија“. Овој коментар на социјалните мрежи вчера се појави неколку пати, но објавен од различни луѓе.

Од друга страна има коментари, како „Што е битно кој ги создал, власта е таа што треба да го реши нивниот проблем, а и онака 80 посто од сдсмовците што ги покрадоа фирмите во транзицијата, сега се во ВМРО-ДПМНЕ“.
Судири меѓу стечајците и полицијата во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:19 0:00
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека зад протестите стои опозицијата, оти таму бил забележан партискиот функционер Кире Наумов. Најголем дел од медиумите не ни јавија за протестите или, пак, ги нарекоа лажни стечајци.
Објективно еден дел од нив не можат да излезат бидејќи немаат пати за автобус да дојдат до центарот на градот, а таква категорија е до 800 илјади луѓе кои не земаат ништо во оваа држава, нула.
Драге Јованоски, долгогодишен синдикалец и правен експерт.

Долгогодишниот синдикалец и правен експерт Драге Јованоски вели дека, по логиката на досегашните протести и контрапротести, тој очекува да се појави некоја група на стечајци која ќе излезе и ќе рече дека не сака да им се реши прашањето и не сакаат пари. Тој вели дека на вчерашните протести немало лажни стечајци, туку луѓе кои со години си ги бараат своите права.
Протести на стечајни работници во Скопје.
Протести на стечајни работници во Скопје.

„Тие за осум години имаат осумстотини пати поднесено барање до Владата на Република Македонија за решавање на нивното прашање и јасни се нивните барања за решавање, значи не може да бараш тој да има 25 години стаж, кога го избркале кога имал 15 години стаж, тоа е како од баба да бараш да роди дете.“

Луѓето немаат пари, имаат проблеми и реално е да се очекуваат масовни протести, но нашиот народ со години го „варат како жива жаба“, - тој се навикнал на состојбите и не може да реагира, вели Јованоски.

„Објективно еден дел од нив не можат да излезат бидејќи немаат пати за автобус да дојдат до центарот на градот, а таква категорија е до 800 илјади луѓе кои не земаат ништо во оваа држава, нула. Сите тие дома имаат по еден пензионер и го чуваат како цвеќе, за да му ја јадат пензијата, не зошто го сакаат. Мораат да живеат чопоративно како да е 12 век.“

Ѓорѓиевска вели дека мора да се донесе закон со кој ќе бидат обештетени сите стечајци, а не да се постапува селективно како досега.

„Секогаш има поделби, само за нивните да има, а чии сме ние? И ние сем Македонци и не живееме во оваа држава, и ние сме на оваа влада, сакале тие или не сакале.“

На анкетното прашање на нашата интернет страница „слободнаевропа.мк“, „Дали во Македонија се можни масовни социјални протести?, идентичен е бројот на оние кои мислат дека се можни и оние кои велат дека такво нешто не може да се случи.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG