вторник, септември 30, 2014 Скопје 17:49

Македонија

Рампа и ловиште на Пелистер

Еколошката такса за посетителите на националниот парк Пелистер се одложува. Дополнително, според најновите измени во Законот за ловство, во националните паркови се предвидува воведување на ловишта.

Националниот парк Пелистер.
Националниот парк Пелистер.
Се одлага наплатата на еколошка такса за посетителите на националниот парк Пелистер, иако првично се најавуваше дека ќе започне од ноември годинава. Таксата ќе се наплаќа според измените на Законот за заштита на природата, а првите цени кои се споменуваат се 30 денари по лице, 50 денари за возило, за редовни посетители 1000 денари годишно.
Не да се наплаќа влезот во националниот парк туку на деца, млади, пензионери, вработени да им се овозможи да имаат постојан превоз.

Планинарите со поделено мислење на оваа тема. Едни не ја прифаќаат оваа мерка, а други сметаат дека ова ќе значи поголема заштита на паркот.
x

„Не знам како ќе биде решено тоа. Сите национални паркови треба да се заштитат. Начинот на плаќање треба да се усогласи со некои процедури. Ние како планинари ја чуваме планината и сме совесни, но некој што доаѓа првпат, не знам како ќе се однесува“, вели Стевче Танчевски.
Тоа нè загрижува зашто во националните паркови е забранет секаков лов. Меѓутоа, ќе се направи на организиран начин.

„Не да се наплаќа влезот во националниот парк туку на деца, млади, пензионери, вработени да им се овозможи да имаат постојан превоз, за невработените и бесплатен превоз за што почесто да можат да престојуваат на Пелистер“, вели Томислав Зиновски.

Директорот на националниот парк, Амет Аџиу, вели дека средствата ќе се вложуваат во заштита и унапредување на Пелистер.

„Рампата точно дека е непопуларна мерка, меѓутоа цените што предвидуваме да ги примениме, 1000 денари годишно за редовните посетители, тоа е 3 денари дневно не треба да е пречека некој да дојде на Пелистер. Ќе се заложиме постепено. Ќе почнеме прво со наплата за паркирање. Но, сите тие средства планираме повратно да ги вложиме за паркот Пелистер“, вели Аџиу.

Новина е и тоа што според најновите измени во Законот за ловство, во националните паркови се предвидува воведување на ловишта. Планинарот Зиновски реагира:

„Тоа првпат слушам, како може лов во национален парк?“, прашува тој.

Директорот на паркот, Аџиу вели дека се затекнати.

„Тоа нè загрижува зашто во националните паркови е забранет секаков лов. Меѓутоа, ќе се направи на организиран начин, ќе се одредат простори, одредени резервати без да има последици за дивечот. И ние сме затекнати со оваа состојба“, вели Аџиу.
Овој форум е затворен
Коментирајте
     
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.

Слушајте не:

Најпосетени

Мултимедиа

Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
Светот на РСЕ 30.09.2014i
|| 0:00:00
...
 
🔇
X
30.09.2014
ТВ вести од светот и регионот на Радио Слободна Европа.
Видео

Видео Светот на РСЕ 30.09.2014

ТВ вести од светот и регионот на Радио Слободна Европа.
Видео

Видео Светот на РСЕ 29.09.2014

ТВ вести од регионот и светот на Радио Слободна Европа.
Фотогалерија

Фотогалерија Рекламни постери за туризам во СССР во 1930-тите

Советска туристичка агенција Интурист е основана во 1923 година заради привлекување странски туристи во СССР. Користејќи ги класичните елементи од почетоците на комунистичкиот графички дизајн, Интурист со рекламните постери успеа да привлече десетици илјади странски туристи, од кои многумина од САД.
Фотогалерија

Фотогалерија Геј парадата во Белград обезбедувана од специјалци со водени топови

Во Белград денеска се одржува Парада на гордоста. На улиците на главниот град на Србија има големо полициско присуство и специјалци со оклопни возила и водени топови.
Видео

Видео Бесими - Препорака за преговори, но и за што треба да се направи

Интервју со Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции.
Повеќе