Достапни линкови

Градинки во руралните средини против иселувањето


Општина Охрид започнаа со отворање на детски градинки во руралните средини и во приградските населби, како дел од мерките против иселување, кое на Охрид му се случува последните неколку години.

Локалните власти во Охрид велат дека сакаат да дадат свој придонес во негативниот тренд на иселување, кое на Охрид му се случува последните неколку години. Тие започнаа со отворање на детски градинки во руралните средини и во приградските населби. Неодамна беа отворени детски градинки во населените места Велгошти и Косел. Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески вели дека ќе продолжи да работиме на реконструкција и адаптирање на градинките во Охрид.
Еден од елементите зошто помагаме во отворање на градинки е да се подобри демографската слика на овие краишта и да им го олесниме животот.
Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

„Еден од елементите зошто помагаме во отворање на градинки е да се подобри демографската слика на овие краишта и да им го олесниме животот, не само на жителите во подалечните рурални места и обавување на секојдневните активности. Обезбедувањето на услови каде децата ќе имаат одлични услови за почетно воспитување е еден поттик на подобрување на демографската слика и наталитетот“, рече Бакрачески.

Овие градинки ќе донесат и демографски развој на Охрид, вели Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Би сакал да се зголемува бројот на дечиња во вашата општина. Ќе отвориме 14 вакви градинки во рурални средини во државата.
Диме Спасов, министер за труд и социјала.

„Исто така ова ќе донесе и развој на наталитетот во Охрид. Би сакал да се зголемува бројот на дечиња во вашата општина. Ќе отвориме 14 вакви градинки во рурални средини во државата. Постои поволна кредитна линија од Светска банка со 13 години период на отплата и со 1 отсто камата и 3 години грејс период, кој општините можат да го искористат ова преку Министерството за финансии за изградба или адаптирање на простор на детска градинка“, рече Спасов.

Директорката на Детската градинка Јасна Ристевска во Охрид, Розе Костеска вели дека интенција им е и понатаму да продолжат со отворање на градинки во руралните и приградските населби на Охрид.

„Овде се запишани 35 деца. За почеток ќе бидат сместени во една занимална, а доколку се зголеми нивниот број ќе имаме две занимални. Зошто сакаме да се отворат градинки во руралните средини, одговорот е опфат на сите деца барем од третата година во предучилишниот образовен систем. Веќе со локалната самоуправа се изнајдени слободни простори да можат да се градат градинки. Но тоа ќе зависи од средствата со кои располагаме“, вели Костеска.
XS
SM
MD
LG