Достапни линкови

Опшина Центар во ќорсокак поради Шиповиќ


Неколку стотина приврзаници на опозицијата протестираа пред Основниот суд Скопје во знак на солидардност со претседателот на советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, кој беше уапсен на аеродромот во Виена. 15 октомври 2013.
Неколку стотина приврзаници на опозицијата протестираа пред Основниот суд Скопје во знак на солидардност со претседателот на советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, кој беше уапсен на аеродромот во Виена. 15 октомври 2013.

Крајниот епилог е доколку Советот е блокиран, нефункционира, да се распишат нови предвремени избори само за членови на Советот на Општина Центар, вели поранешниот потпретседател на ЗЕЛС, Аце Коцевски.

Не се откриваат денот и времето на екстрадицијата на претседавачот со Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ. Во македонското Министерство за правда велат дека во координација со МВР, а поради безбедносни причини, не се откриваат детали за процедурата на испорачување и дека тоа е пракса во сите случаи, не само во овој. Австрискиот министер веќе ја одобрил екстрадицијата на првоосомничениот во аферата „Претседавач”, сега останува на македонските власти да ја организираат постапката. Според законот, не се пропишани рокови во кои треба да се заврши истата.
Знаејќи какво беше сценариото досега, немам некоја доверба, но не ми останува ништо друго освен да се борам конечно и во Македонија да завладее правдат.
Андреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар.

Во Општина Центар велат дека екстрадицијата на Шиповиќ, нема да смени ништо. Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски ги повика советниците од ВМРО-ДПМНЕ да бидат конструктивни и да се придружат во барањето – претседавачот на Советот на Центар да се брани од слобода. Само на тој начин ќе докажат дека се борат за правдата и искрено сакаат да се одблокира работата на Советот на општината, изјави Жерновски.
Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ.

„Секојдневно се консултираме за наредните чекори, но ќе почекаме да видиме што ќе се случува во наредниот период. Знаејќи какво беше сценариото досега, немам некоја доверба, но не ми останува ништо друго освен да се борам конечно и во Македонија да завладее правдата“, изјави Жерновски.
Крајниот епилог е доколку Советот е блокиран, нефункционира, да се распишат нови предвремени избори само за членови на Советот на Општина Центар.
Аце Коцевски, поранешен потпретседател на ЗЕЛС.

Според Законот за локална самоуправа, нема начин Шиповиќ да биде сменет од советничката функција без негово лично присуство. Тој мора лично да поднесе оставка за на негово место да дојде следниот советник од листата на СДСМ. Другата опција е да го загуби мандатот ако биде осуден на затворска казна подолга од 6 месеци или пак во случај на смрт.

Поранешниот потпретседател на ЗЕЛС, Аце Коцевски, вели дека во овој случај ниту еден од тие услови не е исполнет и не може да му се одземе мандатот на Шиповиќ.

„Во случајов бидејќи е истоветен бројот на советниците без Господинот Шиповиќ, ситуацијата е отежната, и просто јас не знам што може да се случи. Крајниот епилог е доколку Советот е блокиран, нефункционира, да се распишат нови предвремени избори само за членови на Советот на Општина Центар. Дали ќе дојде до тоа или ќе се изнајде некое друго решение, не знам.“

Шиповиќ беше уапсен на 15 октомври во Виена, на неговото враќање од САД во Скопје. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба со што ја оштетил фирмата „Машинопромет“.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG