Достапни линкови

Македонија со најниски плати во регионот


Самото тоа што на храна се троши повеќе од половина од домашниот буџет зборува сè за животниот стандард, велат граѓаните.

Платата никогаш не беше доволна, но сега трае сè помалку се жалат македонските граѓани. Тие велат дека храната е скапа, а платите ниски. Ги плаќам сметките и остатокот за храна. Позајмуваме, па враќаме. И така од први до први, вели една скопјанка.
Имам студенти, имам плата што е просечна, можеби и потпросечна во Македонија и штедам баш на сè. Режиите, струјата, превозот, мислам дека сите производи во малопродажба се покачени.
Анкетирана граѓанка.

„Имам студенти, имам плата што е просечна, можеби и потпросечна во Македонија и штедам баш на сè. Режиите, струјата, превозот, мислам дека сите производи во малопродажба се покачени“, вели една граѓанка.

И статистиките покажуваат дека стандардот ни е многу лош. Според едно истражување, македонските работници имаат најниски плати во регионот. Проблемот е што поголем дел од вработените не примаат просечна плата. Самото тоа што на храна се троши повеќе од половина од домашниот буџет зборува сè, велат граѓаните.
Синот не работи, сопругот еве го дома, јас сум технолошки вишок под завод, 8 илјади денари земаме од завод и што попрво со тие пари.
Анкетирана граѓанка.

„Храната што е основна за живот, само таа останува и таа се качува. Тие работи што не може да се скратат, тие се качуваат, затоа што знаат дека тоа се троши“, вели анкетиран грѓаанин.

Реално, ситуацијата е уште подраматична. Во Македонија многу луѓе не може ни да зборуваат за стандард поради проблемот со невработеноста со кој се соочуваат многу семејства.

„Никаков е стандардот, што да кажам. Со 8 илјади тројца дома, дали струја, дали вода, дали телефони да плаќаме, за јадење не останува ништо. Синот не работи, сопругот еве го дома, јас сум технолошки вишок под завод, 8 илјади денари земаме од завод и што попрво со тие пари. Ќе исклучиме термо, седиме кога е потопло на ладно, за јадење што има – тоа“, вели една скопјанка.

Меѓутоа, најлошо од сè е што нема пооптимистични прогнози на повидок. Според професор Мирач Хани, за да има зголемување на платите, неопходно е да има реален пораст на БДП.

„БДП-то треба да е во пораст. Во спротивно, ако државата ги зголемува платите, ќе имаме негативни последици кои сигурно ќе предизвикаат инфлација. Нам ни треба само економијата или стопанството да е во пораст и тука да вложиме сили и напори, само тука ни е спасот“, вели Хани.

Во меѓувреме, во ситуација кога цените се сè поблиски до европските, а платите под просекот и прометот во продавниците е помал од претходните години. Во потрошувачката кошничка секојдневно се наоѓа само тоа што е неопходно.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG