Достапни линкови

Кузман - Не сум кабает, ако имаше богатство, ќе ѝ припаднеше на Македонија


Паско Кузман, поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство.
Паско Кузман, поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство.

Во случај да биде откриено скриеното богатство, според законите, тоа ќе ѝ припаднеше на државата, рече поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман пред судот во Скопје.

Нема пречекорување на службената должност, ниту прибавување на парична корист за некој друг при ископувањата кај Делчево и Катланово. Обвинението е формирано на погрешни законски основи, а обвинителството прави класична замена на тези, рече поранешниот директор на Управата за заштита на културно наследство Паско Кузман при неговото обраќање пред Кривичниот суд. Според него, Управата издала согласност на физички лица за ископување на локации кои не биле археолошки локалитети, туку за кои имало наоди за постоење на културно наследство или скриено богатство.
Мојата најискрена мотивација при реализација на овој потфат, а верувам дека тоа беше мотивација и на целата Управа во случај да биде откриено скриеното богатство, според законите тоа ќе и припаѓаше на Управата, а со тоа ќе придонесевме за нашата држава.
Паско Кузман, поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство.

„Мојата најискрена мотивација при реализација на овој потфат, а верувам дека тоа беше мотивација и на целата Управа во случај да биде откриено скриеното богатство, според законите тоа ќе и припаѓаше на Управата, а со тоа ќе придонесевме за нашата држава", рече Кузман.
Илустрација.
Илустрација.

За обвинувањата дека при ископувањата била користена полициска асистенција, Кузман рече дека Управата на министерството му исплатила околу три милиони денари.

„Искрено, не мислев дека треба да им се исплатат овие финансиски средства на МВР бидејќи сите ние работевме во корист на државата и тие средства се буџетски", рече Кузман.

Неговиот адвокат Александар Новковски вели дека Кузман не е обвинет за злосторничко здружување, како што се шпекулирало, туку за злоупотреба на службената положба.

„Во овој момент одбраната на господинот Паско Кузман беше јасна и децидна – постапил согласно Законот за сопственост и други стварни права и согласно Законот за заштита на културно наследство, но не според членовите за кои се издава дозвола за археолошки локалитет. Овие две места не се археолошки локалитети, има археолошка карта на Република Македонија, тој доказ ќе предложиме да се изведе и сепак останува постапката да заврши“, рече Новаковски.

Според Кузман, во случај физичките лица да откриле богатство на нив ќе им следува награда според законот. Покрај него во судот исказ дадоа уште неколку обвинети во случајот Фаланга 2, кои се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за илегално ископување и кражба на артефакти.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG