Достапни линкови

Тајните од „Шпион“ оделе за соседна држава


Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.
Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.

Министерката Јанкуловска посочи дека информациите од осомничините ги користела разузнавачката служба на една соседна држава, но немаше конкретен одговор дали одлеаните информации им наштетиле на националните интереси на Македонија.

Дваесет од дваесет и двајцата приведени во вчерашната акција „Шпион“, заработија кривични пријави. По распитот во полициската станица, двајца се пуштени на слобода, а распитот за останатите се уште трае. МВР соопшти дека други тројца осомничени се сè уште недостапни за органите на прогон.
Министерството за внатрешни работи согласно закон има право да го повика секое лице на разговор и врз основа на разговорот кој се води со конкретните лица се прави проценка, дали треба или не треба, одредено лице да биде изведено пред кривичен суд заедно со кривична пријава или информациите кои ги дава при разговорот во полициска станица се доволни за да се одлучи како понатаму да се постапува.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска потврди дека полицијата обезбедила доволно доказен материјал кој укажува на сомневања дека приведените вршеле повеќе кривични дела, злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, уцени, измами, како и шпионажа. На прашањето како двајца од приведените се пуштени на слобода, ако полицијата имала доволно докази за да ги приведе, министерката со одговор.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„Министерството за внатрешни работи согласно закон има право да го повика секое лице на разговор и врз основа на разговорот кој се води со конкретните лица се прави проценка, дали треба или не треба, одредено лице да биде изведено пред кривичен суд заедно со кривична пријава или информациите кои ги дава при разговорот во полициска станица се доволни за да се одлучи како понатаму да се постапува“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Детали за мерките кои се применувале при приведувањето на осомничените министерката не соопшти. Рече дека доказниот материјал се собирал подолг период, а кај првоосомничениот имало пронајдено најобемна
Самиот факт што лицата кои добро знаеле дека класифицираните информации подлежат на специфичен режим на управување со нив, спротивно на тоа постапиле на начин што не само што не е во согласност на Законот, туку и на начин со кој биле свесни дека може да направат штета, го прави ова кривично дело само по себе дополнително сложено, иако ова е едно од најтешките кривични дела против државата.
Гордана Јанкулоска, министерка за внатрешни работи.
документација. Истиот како што посочи по добиениот отказ од Агенцијата за разузнавање во почетокот од 2009 година, заедно со други четворица осомничени формирале злосторничко здружение што имало за цел да врши шпионажа заради стекнување на имотна корист, профит за нив и за здружението.

Петтемина за потребите на странски разузнавачки служби прибирале класифицирани информации за општата состојба во државата, за политичката и безбедносната состојба, за изборите, за односите во верските заедници, за радикалните структури во Македонија и Албанија за структурите кои ги финансираат и сл. информации.

Првоосомничениот преку користење на специјални сателитски оперативни системи и техника, како и преку посредни и непосредни средби, таквите информации ги доставувал до странските разузнавачки служби.

Јанкуловска посочи дека повеќето од информациите ги користела разузнавачката служба на една соседна држава, но немаше конкретен одговор дали одлеаните информации им наштетиле на националните интереси на државата.

„Самиот факт што лицата кои добро знаеле дека класифицираните информации подлежат на специфичен режим на управување со нив, спротивно на тоа постапиле на начин што не само што не е во согласност на Законот, туку и на начин со кој биле свесни дека може да направат штета, го прави ова кривично дело само по себе дополнително сложено, иако ова е едно од најтешките кривични дела против државата“, изјави Јакулоска.

И денеска МВР не ги откри имињата и деталите околу приватниот живот на осомничените. Јанкулоска потсети дека најважно во оваа фаза за полицијата се доказите, а нивната проценка ќе докаже, како што рече, дали тие се доволни или не за лицата да бидат изведени пред истражен судија. Додаде дека Обвинителството ќе одлучи кое лица за кои од споменатите кривична дела се товари.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG