Достапни линкови

Трговската војна со Косово и проблемот со името со Грција


За трговските односи со Косово и посетата на Нимиц на регионот информираат и анализираат сите дневни весници.

Трговската војна со Косово или проблемот со името со Грција? Што е посложено? Можеби прашање за некој замислен Хајд парк, но дозволете денеска да го почнеме прегледот на печатот со најновото, а имено, дека „Македонско-косовската граница и денеска се минува само пеш“, како што информира дневниот Капитал и „Трговската војна меѓу Скопје и Приштина продолжува, границата не може да се мине со возила“, како што пишува Утрински.
Tрговската војна стана политичка - бизнисот смета дека политиката има замешано прсти во овој спор, бидејќи не гледа економска логика во блокадата.
Утрински весник.

Истиот весник објавува наслов дека „Трговската војна стана политичка - бизнисот смета дека политиката има замешано прсти во овој спор, бидејќи не гледа економска логика во блокадата“, и „Секој ден Македонија губи по половина милион долари“.
Метју Нимиц.
Метју Нимиц.

И Нова Македонија го пишува истото:„Македонските компании ќе го извлечат подебелиот крај“, а едновремено ги објавува и спекулациите дека „трговската војна може да резултира и со воведување визи“.

И Утрински и Дневник го објавија демантот од македонското МНР дека ноќеска со молотов коктел била нападната зградата на македонската амбасада во Приштина.
Грците инсистираат на име за севкупна употреба.
Дневник.

Пред два дена, Дневник го објави заклучокот од средбата на министерот за економија Сарачини со колегите од Косово, Мимоза Кусари - Љиља и Бесим Беќај: „Приштина и Скопје согласни со дијалог да најдат решение“. Вечер оди со провокативен наслов: „Косово нè казни што го признавме пред време“.

И на планот на името - ништо ново. Ако не се смета признанието на медијаторот Нимиц дека „Има суштински и значајни разлики меѓу двете страни околу априлскиот предлог“, како што објави Утрински. Дневник го објавува резултатот од престојот на медијаторот во Атина преточен во неговата изјава: „Грците инсистираат на име за севкупна употреба. Немаме решение во врска со априлскиот предлог презентиран во Њујорк“. Вечер во свој стил со насловот: „Грците прифаќаат Горна, ама од позади?!“ Утрински како да заклучува: „Уште еден загубен септември?“ и „Во изјавите Нимиц не покажа нов оптимизам дека двете страни може да изненадат со брзо решение во скоро време“.

И како за крај, малку меѓупартиски зачин: Утрински објави ваков наслов: „Маркетиншки стрели меѓу Груевски и Заев - СДСМ постави на Јутјуб спот за седумгодишнината од владеењето на Груевски, а ВМРО-ДПМНЕ со оглас го критикува Заев за неговото раководење со Струмица“. А карванот си врви... „Изгор цените на зеленчукот - во месецот кога се подготвува зимница, цените на пазарите и во маркетите постојано растат“, насловува Утрински.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG