Достапни линкови

Потписот на договорот не ги смени ставовите


Потпишан извештајот за настаните од 24 декември
Потпишан извештајот за настаните од 24 декември

По потпишувањето на извештајот за декемвриските настани, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој останува невалиден во делот на правните квалификации, од СДСМ пак велат дека извештајот ја нотира вистината, а заклучоците на извештајот јасно кажуваат кој е одговорниот за случувањата во Собранието на 24 декември. Заедно со него, потпишан е уште еден договор за спроведување на извештајот кој содржи единаесет препораки.

По долги преговори и меѓусебни препукувања членовите на ад хок комисијата за истражување на настаните од 24 декември едногласно го потпишаа финалниот извештај во кој се содржани заклучоците за тоа што се случуваше на критичниот 24 декември. Заедно со него, потпишан е уште еден договор за спроведување на извештајот кој содржи единаесет препораки.
И во интерес на граѓаните на Македонија и во интерес на нашите евроатлански аспирации за да влеземе, се надминаа и се направија нужни компромиси, бидејќи знаете во вакви извештаи нужно е тоа, и се дојде до ова финално решение.
Борче Давитковски, претседател на Комисијата за 24 декември.

Претседателот на комисијата Борче Давитковски изрази задоволство што во име на евроатланската иднина на Македонија, политичките лидери ги надминале теснопартиските интереси.

„И во интерес на граѓаните на Македонија и во интерес на нашите евроатлански аспирации за да влеземе, се надминаа и се направија нужни компромиси, бидејќи знаете во вакви извештаи нужно е тоа, и се дојде до ова финално решение“, рече Давитковски.
Борче Давитковски.
Борче Давитковски.

Но и покрај ставените потписи на извештајот, за владејачката партија тој останува невалиден во делот на правните квалификации.
Да работите со СДСМ е исто како да работите со деца во продавница за играчки, оти тие никогаш и не знаат што сакаат, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
За нас тежината на правните квалификации од овој извештај е исто како хартија од палома во штабот на СДСМ со којшто можат да продолжат да го водат орото радувајќи се дека оваа година ќе има предвремени избори.
Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.

„За нас тежината на правните квалификации од овој извештај е исто како хартија од палома во штабот на СДСМ со којшто можат да продолжат да го водат орото радувајќи се дека оваа година ќе има предвремени избори“, рече Димовски.

Димовски уверува дека извештајот не содржи квалификации прекршување на Уставот, а во него не се посочена ниту политичката одговорност.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

За СДСМ пак извештајот ја нотира вистината, а заклучоците на извештајот јасно кажуваат кој е одговорниот за случувањата во Собранието на 24 декември.

Она што значат заклучоци и нотирање на ситуацијата дека е прекршен Уставот, деловникот и законот за собранието е јасен показ каде лежи одговорноста.
изјави Рената Дескоска од СДСМ.
„Она што значат заклучоци и нотирање на ситуацијата дека е прекршен Уставот, деловникот и законот за собранието е јасен показ каде лежи одговорноста, кој наредил исфрлање на пратениците од собраниската сала, кој го прекршил деловникот и законот за собрание во процедурата на носењето на Буџетот, значи имаме јасно нотирање на прекршувањата, а од нив многу јасно произлегува кој е одговорниот во таа ситуација“, изјави Рената Дескоска од СДСМ.

Во следниот период претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе го добие договорот за спроведување на единаесетте препораки од финалниот извештај на комисијата, а токму Собранието ќе има должност да изврши негова имплементација.
Ќе биде формирана посебна комисија која со консензус ќе ги донесува сите единаесет препораки, меѓу кои се потребата од реформа во процедурите за носење буџет, во одреден број на одредби од собрансикиот деловник,
Љубомир Фрчковски и Рената Десковска од СДСМ.
Љубомир Фрчковски и Рената Десковска од СДСМ.
препораки за утврдување на фиксни рокови за носењето буџет, за имплементација на законот за собрание во делот на собрансикото обезбедување, утврдување на прецизен собраниски календар, на промена во кривичниот законик итн.

Не постои временска рамка во кој треба да бидат спроведени препораките, но од двете партии уверуваат дека тоа ќе биде направено во најбрз можен рок.

До потпишување на извештајот следува по меѓупартиските обвинувања што се случуваа викендов, откако во петокот вечерта партиите не успеаја да постигнат договор и да изготват извештај. По неуспехот на комисијата, Груевски и понуди на опозицијата или да изгласа извештај каков што сака СДСМ или да одат на предвремени парламентарни избори. СДСМ ги одби овие предлози и побара Комисијата да констатира прекршување на Уставот при отстранување на новинарите од собраниската галерија. Во своето јавно обраќање до јавноста премиерот Груевски порача дека во интерес на државата, ВМРО-ДПМНЕ ќе потпише Извештај на ад-хок комисијата, каков што сака СДСМ.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG