Достапни линкови

Протести за притисок врз Жерновски


Судири и тензии во општина Центар
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00
Директен линк

Судири и тензии во општина Центар

Протестите пред општина Центар се обид да се попречи работата на градоначалникот Андреј Жерновски и да се прикаже како неспособен, велат аналитичарите.

Позадината и целта на протестите пред општина Центар против уривањето на црквата Св. Константин и Елена за експертите е обид да се оспори работата на новиот градоначалник Андреј Жерновски.
Според Мирјана Најчевска од Институтот за Социолошко-правни и политички истражувања, станува очигледно дека не се работи за црквата, разгледувањето на Деталниот урбанистички план и ревизија на досегашните решенија на општина Центар, туку за притисок врз Жерновски, кој не и припаѓа на владејачката структура.
Се врши притисок којшто насилството го става пред законот, односно на насилен пат се спречува власта да ги преиспита законските основи на промените на ДУП-от.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.

„Со овие протести се врши притисок којшто насилството го става пред законот, односно на насилен пат се спречува власта да ги преиспита законските основи на промените на Деталниот урбанистички план и законските основи на решенијата коишто се донесени од претходниот градоначалник“, вели Најчевска.

Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека идејата е да се саботира Жерновски и да се покаже дека не е способен.
Ако се појават противници тие секогаш ќе бидат дочекани со разни неубави епитети како безбожници, како непочитувачи на македонскиот народ, на македонската историја и тн., што е многу често употребувана реторика од страна на власта.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.

„Протестите кои се организирани нормално од страна на власта за проекти кои спаѓаат во надлежност на градоначалникот Жерновски, а се дел од Скопје 2014, нема да бидат концентрирани на сите објекти кои ќе се градат, туку ќе бидат концентрирани само на објекти кои се сензитивни. Значи во овој случај имаме објект од верска провиниенција и тоа е буквално како да им ставате прст во око на православните верници во државата“, вели Стојадиновиќ.

Најчевска додава дека може да стане збор и за однапред смислено сценарио.

„Многу аргументи зборуваат во прилог на таа можност дека станува збор за смислено сценарио со цел заштита на целокупниот проект Скопје 2014, меѓутоа она што е фактички во моментот сигурно и недвосмислено е дека овие луѓе протестираат против испитување на законитоста“, вели Најчевска.

Според Стојадиновиќ, тактиката на власта е да се направи вештачка фама.

„Ако се појават противници тие секогаш ќе бидат дочекани со разни неубави епитети како безбожници, како непочитувачи на македонскиот народ, на македонската историја и тн., што е многу често употребувана реторика од страна на власта и многу лесно запалива реторика која е многу позната како оружје на власта“, вели Стојадиновиќ.

Најчевска смета дека загрижувачки е тоа што полицијата го штити нелегалното протестирање.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG