Достапни линкови

Сендвичите и дождот само накратко го прекинаа протестот


Судири и тензии во општина Центар
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00
Директен линк

Судири и тензии во општина Центар

Силниот дожд само накратко ги смири демонстрантите кои ја урнаа оградата од општинскиот двор и скршија неколку прозорци од општинските бараки. Демонстрантите паузираа и кога организаторите на протестот им поделија сендвичи.

Уште еден тензичен ден пред скопската општина Центар. Силниот дожд само накратко ги смири демонстрантите кои ја урнаа оградата од општинскиот двор и скршија неколку прозорци од општинските бараки. Демонстрантите привремено се повлекоа во околните кафулиња, а организаторите на протестот им поделија сендвичи.
Додека легално, правно, не се симне спорната точка, да се стави ад акта тој проблем, на чесен збор во денешно време посебно на Жерновски не му веруваме, затоа што многу работи ветил, а ништо не остварил досега. Сакаме да видиме легално тоа да се направи, да се симне ДУП-от од дневен ред.
Соња Зашовска, претставник на граѓанската иницијатива „Веритас“.

Откако преврна, тие се вратија и почнаа да фрлаат кон општината со јајца барајќи да се одложи седницата на која советниците треба да дискутираат за деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Претходно полицијата се обидуваше да го спречи нивниот влез во дворот на општината по што дојде и до судир меѓу нив, но полицајците спречија натамошно влегување на демонстрантите.

Неколку стотици демонстранти предводени од граѓанската иницијатива „Веритас“ денеска по втор пат протестираат против, како што велат, желбата на градоначалникот Андреј Жерновски да ја прогласи за дивоградба црквата Свети Константин и Елена и потоа да ја урне.
Значи, ние насилното однесување како политичка партија не го поддржуваме, но можам да ви кажам дека револтот на граѓаните мора на некој начин да се искаже. Затоа бараме градоначалникот Жерновски и претседателот на советот да излезат меѓу граѓаните и да објаснат што е. Така ќе се решат проблемите.
Даниела Рангелова, советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

„Додека легално, правно, не се симне спорната точка, да се стави ад акта тој проблем, на чесен збор во денешно време посебно на Жерновски не му веруваме, затоа што многу работи ветил, а ништо не остварил досега. Сакаме да видиме легално тоа да се направи, да се симне ДУП-от од дневен ред, точката со црквата, со сè, дека нема да се смени правниот статус односно, да стане дивоградба“, вели Соња Зашовска, претставник на граѓанската иницијатива „Веритас“.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ неколку часа со процедурални забелешки се обидуваа да го одложат изгласувањето на дневниот ред на седницата. Тие пред почетокот на протестите изјавија дека се револтирани затоа што седницата се држи зад затворени врати и бараат да се симнат од дневен ред, како што велат, скандалозните точки кои се однесуваат на деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ . Советничката Даниела Рангелова го повика градоначалникот Жерновски да се појави пред граѓаните, затоа што тој треба да ги решава проблемите на граѓаните и да не се крие од нив.

„Значи, ние насилното однесување како политичка партија не го поддржуваме, но можам да ви кажам дека револтот на граѓаните мора на некој начин да се искаже. Затоа бараме градоначалникот Жерновски и претседателот на советот да излезат меѓу граѓаните и да објаснат што е. Така ќе се решат проблемите.“

Градоначалникот Жерновски неколку пати во изминативе денови изјави дека сè што е почнато со градба, вклучувајќи ја и црквата Св. Константин и Елена, нема да биде урнато.

Денеска за разлика од протестот во петокот, се забележува големо присуство на полициски сили.

Од Кабинетот на градоначалникот на општина Центар, соопштија дека утре Жерновски ќе се сретне со поглаварот на МПЦ, архиепископот г.г. Стефан, за да разговараат за случувањата во општина и протестите на демонстрантите кои ја бранат црквата „Свети Константин и Елена“, која наводно Жерновски сакал да ја сруши.

Предвидено е утре Жерновски да се сретне и со Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG