Достапни линкови

Прилепските ученици против екстерното тестирање


Учениците се категорични во намерите да не го прифатат екстерното тестирање и најавуваат бојкот.

Бојан Ристески има 15 години и е ученик во прва година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“. Тој годинава се надевал дека ќе ја помине со доволен успех. Но, откако ја чул веста дека по два предмета ќе бидат екстерно оценувани, живее во страв дека нема да ја заврши годината. Вели, му треба многу време за да седне повторно и да учи од почеток, а за тие лекции еднаш веќе одговарал и добил оценки кај предметните наставници во гимназијата.
Како што си беше лани,така треба да остане, се треба да учиме, многу материјал ќе ни собере, и така да не ќе можеме никако, а тие оценки влегувале и во свидетелството, сакаме како лани што си течеше процедурата, имам страв може да останам.
Бојан Ристески, ученик.

„Како што си беше лани,така треба да остане, се треба да учиме, многу материјал ќе ни собере, и така да не ќе можеме никако, а тие оценки влегувале и во свидетелството, сакаме како лани што си течеше процедурата, имам страв може да останам“, вели Ристески.

Стравува од овој начин на оценување, на вреднување на знаењата и Марјан Најдоски. Тој е ученик во втора година во средното училиште „Ристе Ристески Ричко“. И тој вели дека многу е вознемирен од моментот кога чул дека ќе се воведе оваа новина, па сега наместо да се сконцентрира на учење, стравува како ќе ја заврши годината.
Или нека биде најавено како што е во ЕУ, да не нè испрашуваат професорите, две недели да ни дадат да учиме, а потоа да правиме екстерно тестирање,ова не е екстерно тестирање. Бидејќи Македонија е демократска држава, министерот за образование треба да ја послуша желбата на учениците што се собрани овде и да ни го усвои нашето барање: не, за екстерното тестирање.
Кирил Ристески, член на Иницијативната средношколска група.

„Се паѓа година, се намалува успехот што е досега постигнат со оценување на професорите“, додава Најдоски.

Во страв за успехот и под притисок велат дека се многу други ученици од прилепските училишта. Тие бараат наместо екстерно, тестирањето да биде како и за минатите генерации. Едноставно наставниците и професорите кои им предаваат најдобро знаат, какви ученици се и затоа им даваат една годишна оценка, која значи вреднување на нивниот труд и знаење во текот на целата учебна година. Прилепските основци и средношколци упатуваат свое барање до Министерството за образование.

„Или нека биде најавено како што е во ЕУ, да не нè испрашуваат професорите, две недели да ни дадат да учиме, а потоа да правиме екстерно тестирање,ова не е екстерно тестирање. Бидејќи Македонија е демократска држава, министерот за образование треба да ја послуша желбата на учениците што се собрани овде и да ни го усвои нашето барање: не, за екстерното тестирање“, вели Кирил Ристески, член на Иницијативната средношколска група.

Учениците се категорични во намерите да не го прифатат овој начин на оценување и најавуваат бојкот.

„Доколку тоа не биде укинато во недела вечер, ние во понеделник, наместо во училиште, заминуваме на улиците, таму ќе ги бараме нашите права, заедно со нашите професори“, истакнува Ристески.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG