Достапни линкови

Политичката криза за кумановци не е завршена


Куманово.
Куманово.

Иако официјално политичката криза во државава заврши, а предизборната кампања се интензивира, за повеќето кумановци таа сè уште трае.

Иако официјално политичката криза во државава заврши, за повеќето кумановци таа сè уште трае, а изборната кампања се интензивира. Кумановци кои за прв човек на општината првпат помеѓу двете големи коалиции на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сериозно размислуваат и за третата опција, независни граѓани, не ретко велат дека се во општа депресија и се чувствуваат како издишен балон.
Не верувам дека заврши политичката криза, туку сè уште се зголемува на некој начин. Повеќе пари се даваат на кампањи и кога не се избори. Тие пари што ги даваат можат да ги пренасочат на народот од социјален карактер и на сите граѓани кои се соочуваат со економски проблеми.
Анкетиран граѓанин.

Кумановци без оглед од кој етникум се, по објавените кандидатски листи се наоѓаат најмалку во состојба на трилема, оти не само што пријателите, роднините туку и дури од едно семејство има кандидати на две-три различни листи. Еве што велат запрашаните:
Куманово.
Куманово.

„Не знам дали заврши политичката криза или сè додека трае предизборната кампања ќе има слични случувања. Но, добро е за сите нас да заврши.“

„Не верувам дека заврши политичката криза, туку сè уште се зголемува на некој начин. Повеќе пари се даваат на кампањи и кога не се избори. Тие пари што ги даваат можат да ги пренасочат на народот од социјален карактер и на сите граѓани кои се соочуваат со економски проблеми.“
Најдобро за сите нас би било најдобрите кандидати од сите опции да се само на една листа кога веќе не можеме да гласаме за секој одделно, за човек кој заслужува да се најде во општинскиот совет.
Анкетиран граѓанин.

„Политичката криза не заврши. Сè уште се работи за сертовите на партиските лидери.“

„Мислам дека сè уште не е завршена политичката криза. Веројатно ќе заврши кога по овие избори и кога црно-белата опција нема да постои“, велат анкетираните граѓани.

Куманово поради дведецениското владеење со право ја носи етикетата на бастион на СДСМ. Незадоволните граѓани се со став:

„Секогаш сум бил за промена на власта во Куманово. Не за 20, туку за 80 години, од 1945 или 1943 година на власт е иста партија, само реформирана. Синови, внуци и правнуци од иста партија со иста идеологија. Мора да се промени тоа.“

Без оглед што е најголема локална самоуправа во државава, кумановци сметаат дека секогаш е дезавуирано од централните власти без оглед од која опција се. Од таму и критиката:

„Опозицијата направи неколку грешки, не опстана во тоа дека ќе продолжат со отпор. Не знам како сега ќе агитираат да ги убедат граѓаните да гласаат за нив. Во овој момент најдобра опција е независниот кандидат за градоначалник. Само тоа ни е излез, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ докажаа досега што може да направат за Куманово и воопшто за Македонија.“

Неопределените, но и незадоволните партиски активисти во минатото од едната или другата опција на денот на изборите ќе се изјаснат кому ќе му ја дадат поддршката. Не е исклучено и овој пат да се одлучат да гласаат против, а не за некого. Затоа и во меѓусебните разговори најчесто се слуша дека на сите листи има по неколкумина на кои лесно би им ја дале поддршката, но не се согласуваат со повеќемина.

„Најдобро за сите нас би било најдобрите кандидати од сите опции да се само на една листа кога веќе не можеме да гласаме за секој одделно, за човек кој заслужува да се најде во општинскиот совет“, забележуваат кумановци.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG