Достапни линкови

Колку пари ќе чинат изборите?


Предизборен митинг на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.
Предизборен митинг на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Државната изборна комисија за подготовките околу локалните избори ќе потроши 2,3 милиони евра. Партиите смејат да потрошат до 5 милиони евра за камањата, но, како што вели Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл, нема доволно механизми и капацитет за детална контрола на тоа дали партиите трошат во рамки на дозволеното.

Партиски реклами во речиси секој медиум, од телевизија преку весник до интернет портали, митинзи во секој град и село, изборен штаб во секое маало, најмени простории, партиски химни со неколку пеjачи, изнајмени автобуси, плакати, флаери, брошури со програми и каталози. Ова се само дел од трошоците на партиите за време на изборната кампања.
Се уште немаме доволно механизми и капацитет да спроведеме детална контрола за да може да се каже дали партиите трошат во рамки на дозволеното или трошат над тоа. Затоа што да не заборавиме дека во рамки на трошоците се и користењето на објекти, користењето на сали, одржувањето на митинзи , користење на службени возила, кои што никогаш не се прикажуваат како одредени услуги кои што ги прават одредени субјекти за политичките партии, превози печатење на маици, тоа се работи за кои се уште не може детално да се воспостави контрола затоа што не постои таков детален образец врз основа на кој тие би ги пријавувале сите овие трошоци.
Слаѓана Тасева, Транспарентност интернешнл- Македонија.

Според законот, партиите за локалните избори смеат да потрошат 180 денари по глас или по три евра.

„Ние имаме регистрирано 1.743 403 гласачи вкупно според последните информации од Министертво за правда и тоа значи дека секоја од партиите ќе може да потроши околу 5 милиони и 102 илјади евра за оваа кампања“, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл.

Дел од општините започна со печатење на рекламен материјал уште пред почетокот на кампањата. Па така од почетокот на месецов на Бирото за јавни набавки се објавени два тендери за рекламен материјал, еден на Општина Карпош во износ од 3 илјади евра и на општина Ѓорче Петров 28 илјади евра.

Тасева додава дека досегашната пракса покажува дека партиите трошат во рамките на предвиденото, но тоа е така само доколку се гледаат извештаите што тие ги доставуваат до институциите. Но прашањето е колку се реални тие извештаи и колку тие трошат повеќе од она што е дадено според законот, затоа што досега се забележливи многу спорни прашања, објаснува Тасева.
Предизборен митинг на опозициската СДСМ во Струмица.
Предизборен митинг на опозициската СДСМ во Струмица.

„Се уште немаме доволно механизми и капацитет да спроведеме детална контрола за да може да се каже дали партиите трошат во рамки на дозволеното или трошат над тоа. Затоа што да не заборавиме дека во рамки на трошоците се и користењето на објекти, користењето на сали, одржувањето на митинзи, користење на службени возила, кои што никогаш не се прикажуваат како одредени услуги кои што ги прават одредени субјекти за политичките партии, превози печатење на маици, тоа се работи за кои се уште не може детално да се воспостави контрола затоа што не постои таков детален образец врз основа на кој тие би ги пријавувале сите овие трошоци. “

Државната изборна комисија за подготовките околу локалните избори ќе потроши 2,3 милиони евра. Тие пари се предвидени за изработка и печатење на гласачки ливчиња, околу 20 отсто од вкупните расходи се предвидени за изборен материјал односно печати, перничиња, УВ спреј, УВ ламби и друго. За првпат ДИК издвои средства и за печатење на Избирачкиот список за јавен увид во 36 подрачни единици на Комисијата и изводи за гласање за прв и втор круг и евентуално прегласување и посебни изводи за лицата кои гласаат ден пред изборите. Според изборниот законик, бидејќи се работи за локални избори останатиот дел од трошоците за спроведување на изборите паѓаат на товар на локалните самоуправи. Веќе во медиумите се појави инфомација дека 14 општини немаат пари за спроведување на избори затоа што се со блокирани сметки.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG