среда, септември 17, 2014 Скопје 01:29

Македонија

Билдер и холивудски актер - независни кандидати за градоначалник на Битола

Боди-билдерот Лазаревски ветува економска преродба на градот, а холивудскиот актер Огненовски најавува дека од Битола ќе направи филмски град.

Зоран Лазаревски, боди-билдер и кандидат за градоначалник на Битола.
Зоран Лазаревски, боди-билдер и кандидат за градоначалник на Битола.
Битола на претстојните локални избори ќе има двајца независни кандидати за градоначалник. Кандидатури доставија еден бодибилдер и еден актер. Во екпресен рок од само неколку дена потписите ги собра бодибилдерот Зоран Лазаревски, кого битолчани го нарекуваат уште и битолски Шварценегер. Тој ветува економска преродба на градот и смета дека е дојдено времето на независните политичари. 
И Шварценегер бил глумец и немаше никакво искуство, па стана гувернер на Калифорнија, на најбогатата држава во Америка.

„И Шварценегер бил глумец и немаше никакво искуство, па стана гувернер на  Калифорнија, на најбогатата држава во Америка. Во општина во Њујорк спортски натпреварувач стана градоначалник, го отпушти обезбедувањето и со метрото оди на работа. Во Лондон има независен кандидат, во Сплит, Лион, Франција. Сега живееме во времето на интернетот, лаги нема, нека отворат интернет ќе си видат“, вели Лазаревски.
Јорго Огненовски, македонски актер од Холивуд, кандидат за градоначалник на Битола.Јорго Огненовски, македонски актер од Холивуд, кандидат за градоначалник на Битола.
x
Јорго Огненовски, македонски актер од Холивуд, кандидат за градоначалник на Битола.
Јорго Огненовски, македонски актер од Холивуд, кандидат за градоначалник на Битола.

Македонскиот актер од Холивуд, Јорго Огненовски во Америка снимил четири филма, а филмската кариера најпрво ја почнал со карате. Најавува дека од Битола ќе направи филмски град.
Јас 25 години живеев во Америка, имам врски со странски компании, инвеститори и наши иселеници кои можам да ги привлечам да дојдат да инвестираат овде. Бидејќи сум продуцент, имам снимено филмови таму, имам пријатели од светот на филмот и планирам да ги привлечам да дојдат тука да се направи мини индустрија за снимање на филмови.

„Јас 25 години живеев во Америка, имам врски со странски компании, инвеститори и наши иселеници кои можам да ги привлечам да дојдат да инвестираат овде. Бидејќи сум продуцент, имам снимено филмови таму, имам пријатели од светот на филмот и планирам да ги привлечам да дојдат тука да се направи мини индустрија за снимање на филмови“, вели Огненовски.

Поетот Љубомир Груевски не успеа да собере 350 потписи за да се кандидира. Според него, тешко е да се соберат толку потписи во вакво поларизирано општество. Доколку успееше да истакне кандидатура, Груевски планираше да ја минимизира моќта на градоначалничката функција.

„Законодавецот премногу власт сконцентрирал во еден човек. Од таму јас одам на концептот да го обезгласнам местото градоначалник, вклучувајќи се и себе, зашто сметам дека премногу власт во еден човек ги претвори некои луѓе во вистински паши на локалната самоуправа“, велеше Груевски.

Потписи за независна кандидатска листа собираше и бизнисменот Илија Стојанов, некогашен активист на МААК. Тој вели дека има цел да го разбие монополот на двете најголеми политички партии во одлучувањето за иднината на битолчани.

За првпат годинава потписи за градоначалник не собираше Христо Ѓоргиевски-Спанаќот, кој се години како независен кадидат се обидуваше да стане градоначалник. Но, откако пред две години ја запали куќата, беше згрижен во болницата во Демир Хисар.
Овој форум е затворен
Коментирајте
     
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.

Слушајте не:

Најпосетени

Мултимедиа

Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
Светот на РСЕ 16.09.2014.i
|| 0:00:00
...
 
🔇
X
16.09.2014
ТВ Вести од регионот на Радио Слободна Европа
Видео

Видео Светот на РСЕ 16.09.2014.

ТВ Вести од регионот на Радио Слободна Европа
Видео

Видео Самоубиствен напад во Кабул, убиени припадници на ИСАФ

Талибански бомбаш самоубиец извршил напад врз странски воен конвој во Кабул при што загинале тројца припадници на ИСАФ мисијата во Авганистан, а најмалку 13 цивили биле ранети. Нападот се случил во близина на амбасадата на САД во Кабул.
Видео

Видео Самоубиствен напад во Кабул, убиени припадници на ИСАФ

Талибански бомбаш самоубиец извршил напад врз странски воен конвој во Кабул при што загинале тројца припадници на ИСАФ мисијата во Авганистан, а најмалку 13 цивили биле ранети. Нападот се случил во близина на амбасадата на САД во Кабул.
Видео

Видео Светот на РСЕ 15.09.2014

ТВ Вести од регионот на Радио Слободна Европа
Фотогалерија

Фотогалерија Појадок на мост по петти пат

Претпладнево на Камениот мост и Мостот на цивилизациите во Скопје се одржа манифестацијата „Појадок на мост“. Освен граѓаните и организаторот, градоначалникот Коце Трајановски, на појадокот дојдоа и неколкумина министри.
Повеќе