Достапни линкови

Народната каса нетранспарентно се празни


Индексот на буџетска одговорност бележи постојан пад од 2008 година од 54 на 35 во 2012 година. Граѓаните не се доволно информирани, иако се трошат токму нивните пари.

Македонија се наоѓа во групата земји кои обезбедуваат најмалку информации за народната каса и буџетските процеси, заклучува истражувањето на Центарот за економски анализи. По овој критериум земјава спаѓа во групата со Еквадор, Либан, Малезија и Венецуела. Индексот на буџетска одговорност бележи постојан пад од 2008 година од 54 на 35 во 2012 година.
Прво е тоа што станува збор за трошење на парите на даночните обврзници, односно на граѓаните кои имаат право да знаат каде се трошат нивните пари. Од друга страна имањето на информација за алокацијата и за трошењето на парите ги држи одговорни и отчетни тие што носат одлуки како се трошат тие пари.
Христијан Ристески, Центар за Економски анализи.

Прашањето за транспарентноста на Буџетот е битно од неколку аспекти, вели Христијан Ристески од Центарот за Економски анализи.

„Прво е тоа што станува збор за трошење на парите на даночните обврзници, односно на граѓаните кои имаат право да знаат каде се трошат нивните пари. Од друга страна имањето на информација за алокацијата и за трошењето на парите ги држи одговорни и отчетни тие што носат одлуки како се трошат тие пари.“

Таквата отчетност подразбира одговорност, смета Ристески.

„Тоа значи дека не можат слободно да донесуваат одлуки и мора да ги почитуваат приоритетите кои се од важност на мнозинството или на народот, ако може така да се рече.“
Транспарентноста на јавните набавки е наметната со законот за јавни набавки, така да институциите мора да ги објавуваат огласите и се обврзани исто така да доставуваат известувања за склучените договори, меѓутоа дел од институциите се уште не го почитуваат законот. Не сите во дадениот рок ги доставуваат овие податоци и втор проблем кој се јавува е тоа што тие податоци се сепак многу општи.
Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации.

Македонија спаѓа во земјите каде индексот на транспарентност на Буџетот бележи најголем пад од 2008 година до лани. Дополнително, судејќи според податоците, земјава има најнетранспарентна народна каса во споредба со другите земји на Балканот.

Една четвртина од народните пари се трошат на јавни набавки. За конкретни информации за овие расходи треба да се поднесуваат барања, вели Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации.

„Транспарентноста на јавните набавки е наметната со законот за јавни набавки, така да институциите мора да ги објавуваат огласите и се обврзани исто така да доставуваат известувања за склучените договори, меѓутоа дел од институциите се уште не го почитуваат законот. Не сите во дадениот рок ги доставуваат овие податоци и втор проблем кој се јавува е тоа што тие податоци се сепак многу општи.“

За транспарентен буџет се потребни повеќе информации, вели Факиќ.

„Секако за да говориме за транспарентен буџет и за транспарентно трошење потребно е да се обезбедуваат што е можно повеќе податоци кои ќе бидат достапни на пошироката јавност.“

Зголемување на опфатот на информации вклучени во полугодишните и годишните извештаи за народната каса како и вклучување на јавноста во дискусиите за буџетот и буџетскиот процес се дел од препораките на Центарот за Економски анализи.
XS
SM
MD
LG