Достапни линкови

Власта брза за пензиите, но не и за бранителите


Собраниската комисија за труд и социјална политика.
Собраниската комисија за труд и социјална политика.

Власта за в среда закажа седница на собраниската комисија за труд и социјала на која ќе се разгледуваат закони кои ги засегаат пензионерите и примателите на социјална помош. Опозицијата бара ист аршин и за законот за бранители.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за в среда ја закажа седницата на Комисијата за труд и социјална политика на која ќе бидат разгледувани законите кои ги засегаат пензионерите и примателите на социјална помош, се наведува во соопштението од Кабинетот на Вељаноски. Тој се одлучи на ваков чекор откако претседателката на Комисијата Цветанка Иванова одби да закаже нова седница пред да заврши седницата на чиј дневен ред е законот за бранители.
Очекуваме дека и господин Вељаноски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе демонстрираат ист аршин и подеднаква одлучност за законот за бранители како за серијата други закони од сферата на социјалата со кои се јалово се обидуваат да ја манипулираа јавноста.
Цветанка Иванова, пратеничка од СДСМ и претседател на собраниската комисија за труд и социјала.

Преку соопштение, Вељаноски вели дека ќе ги преземе сите неопходни чекори за да може Собранието и неговите тела да работат непречено и без опструкции. Според одлуката на претседателот на Собранието, со седницата в среда ќе претседава еден од членовите на Комисијата, Миле Пачемски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката Ермира Мехмети Деваја од ДУИ.
Пратеничката Ермира Мехмети Деваја од ДУИ.

Претседателката на Комисијата, Цветанка Иванова од СДСМ, вели дека досега Вељаноски немал ниту обид да се одблокира работата на комисијата, а со писмото само ја потврдува политичката игра и калкулација на ВМРО-ДПМНЕ за законот за бранители.

„Со овој потег господинот Вељановски не само што стана соучесник, туку ја презема улогата на главен егзекутор на договорениот хаос на владините партнери за понижување на македонското Собрание.“
Доколку македонските парти беа искрени и добронамерни во нивните цели, тогаш ќе немавме етничко обединување за законот за бранители при гласањето за скратување на дискусиите, но поделба за власт и опозиција при потребата за ограничување на дискусиите во Комисијата за финансирање и буџет.
Ермира Мехмети Деваја, ДУИ.

Затоа Иванова вели дека со писмо ќе го извести претседателот на Собранието дека од денеска нема повеќе да ја води Комисијата за труд и социјална политика на која се расправа за законот за бранители и на која се претресуваат 15 илјади амандмани.

„Очекуваме дека и господин Вељаноски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе демонстрираат ист аршин и подеднаква одлучност за законот за бранители како за серијата други закони од сферата на социјалата со кои се јалово се обидуваат да ја манипулираа јавноста.“

Во меѓувреме, во Комисијата за труд тече амандманската расправа за законот за бранители. ДУИ останува на ставот дека овој закон нема да се донесе.

Ермира Мехмети Деваја од ДУИ вели дека проблемот во однос со овој закон е што партиите од македонскиот политички блок водат двојни стандарди при дебатата.

„Доколку македонските парти беа искрени и добронамерни во нивните цели, тогаш ќе немавме етничко обединување за законот за бранители при гласањето за скратување на дискусиите, но поделба за власт и опозиција при потребата за ограничување на дискусиите во Комисијата за финансирање и буџет.“

Цветанка Иванова и СДСМ беа обвинувани дека го кочат покачувањето на пензиите и социјалната помош и затоа Иванова најави дека и СДСМ ќе поднесе амандман и првиот амандман ќе биде со барање покачувањето на пензиите и на социјалната помош да биде од почетокот на следната година наместо како што предлага ВМРО-ДПМНЕ од март 2013 година.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG