Достапни линкови

Дневен печат - национализам и хајка против лекарите


Национализмот што преминува во шовинизам и хајката против лекарите - специјалисти кои штрајкуваат им дадоа белег на информациите во домашните медиуми изминатата недела.

Национализмот што преминува во шовинизам и хајката против лекарите - специјалисти кои штрајкуваат им дадоа белег на информациите во домашните медиуми изминатата недела.
Спуштање на топката наместо ескалација - Лидерите да ја смират жестоката реторика. Политичките аналитичари страхуваат дека заострената националистичка реторика може да доведе до тоа граѓаните погрешно да ги примат овие пораки и да направат лош избор напролет, но и да се појават нерпеливости што потоа тешко се смируваат.
Дневник.


Спуштање на топката наместо ескалација - Лидерите да ја смират жестоката реторика“, ја насловува Дневник анализата во која користи мислења на политички аналитичари кои страхуваат дека заострената националистичка реторика може да доведе до тоа граѓаните погрешно да ги примат овие пораки и да направат лош избор напролет, но и да се појават нерпеливости што потоа тешко се смируваат.

Утрински користи мислења на странски аналитичари и во наслов вади еден од нивните коментари: „Се повампируваат ли кризите на Балканот - дали е ова 1992 или 2012 година“. Истиот весник ги анализира и можните последици од проектот на албанскиот претседател Бериша сите Албанци да можат да добијат албанско државјанство, вклучувајќи ги, се разбира,и оние во Македонија. Дневник како наслов ги вади двата вида мислења на аналитичари: „Двојни државјанства, двојни проблеми“.
Штрајкувачите и министерот ја распукаа, пациентите чекаат.
Нова Македонија.

„Грција ја отфрли препораката на Филе земјава да ги почне преговорите за членство во ЕУ, а проблемот со името да се решава паралелно, објавува Утрински.

Штрајкот на лекарите продолжува, но сега под закана од инспекторите за здравство: „Инспекторите бараа онеправдани пациенти“, оди со наслов Дневник, а Нова Македонија пишува: „Штрајкувачите и министерот ја распукаа, пациентите чекаат“.

Утрински пишува за новите цени на месото, млекото, млечните производи, зеленчукот и на овошјето. Новото задолжување на Владата кај Светска банка со 50 милиони долари, СДСМ ќе го спречува во Собранието со 100 амндмани на предлогот за задолжување, ја пренесува Дневник информацијата на порталот Економски.

Вечер насловува дека „СДСМ го кочи покачувањето на пензиите и на социјалната помош“ појаснувајќи ја причината подолу во текстот: условувањето со тоа прво да заврши разгледувањето на илјадниците амандмани на ДУИ за Законот за бранители. Дневниот Капитал поентата ја става врз веста дека Топлификација објави дека нема повеќе да испорачува топлинска енергија поради немање 25 милиони евра обртен капитал.

И како за крај, кај нас навистина се' е можно: Вечер објавува дека судовите почнале да испраќаат налози до извршители за заостанати сметки на граѓаните стари и по 15 години, а градоначалникот на Аеродром се вози во полициски автомобил со видно истакнати ротациони светла кој му бил даден на заем од МВР уште пред неколку години!, објавува Нова Македонија.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG