Достапни линкови

Казните нема да ги скршат лекарите


Од штрајкувачкиот одбор на Самостојниот синдикат на Клинички центар велат дека нема да подлегнат на притисоците за отпуштања и поднесување прекршочни пријави против лекарите, но најавуваат дека ќе го прифатат барањето на Инспекторатот секој ден три часа да прегледуваат итни пациенти во амбулантите.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат изнесува неточни податоци и цитира закон кој не постои, бидејќи никаде не пишува дека еден лекар треба да оперира пациент кој смета дека не е животно загрозен, велат од штрајкувачкиот одбор на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар. Но, најавуваат дека ќе го прифатат барањето секој ден три часа да прегледуваат итни пациенти.
За среќа најголем дел од пациентите знаат дека штрајкот е за заедничко добро и знаат дека само среќен и задоволен медицински персонал ќе може комплетно да им се посвети на нив и само среќниот и задоволен персонал ќе остане во јавното здравство. Една социјална држава како Македонија мора да го базира развојот на јавни здравствени установи, а не на приватни болници
Милчо Пановски, Самостоен синдикат на Клинички центар.


Доктор Милчо Пановски од штрајкувачкиот одбор вели дека она што е важно е зошто некој инсистира на бесконечно траење на штрајкот, а најголемиот цех ќе го платат пациентите.

„За среќа најголем дел од пациентите знаат дека штрајкот е за заедничко добро и знаат дека само среќен и задоволен медицински персонал ќе може комплетно да им се посвети на нив и само среќниот и задоволен персонал ќе остане во јавното здравство. Една социјална држава како Македонија мора да го базира развојот на јавни здравствени установи, а не на приватни болници.“

Џевџес Шаќири од Државниот здравствен и санитарен инспекторат вели дека не би требало другите клиники да ги пренасочуваат пациентите и иако штрајкуваат да бидат на располагање во амбулантите со цел да се понуди адекватната здравствена заштита.
Штрајкот е уставно право, меѓутоа и правото на пациентите е загарантирано. Кога пациентот веќе поминал од примарно и секундарно ниво и преминал на терцијарно ред е да си го оствари своето право.
Џевџес Шаќири, Државен здравствен и санитарен инспекторат.


„Штрајкот е уставно право, меѓутоа и правото на пациентите е загарантирано. Кога пациентот веќе поминал од примарно и секундарно ниво и преминал на терцијарно ред е да си го оствари своето право.“

Пановски вели дека нема да подлегнат на притисоците за отпуштања и поднесување прекршочни пријави против лекарите.

„Луѓето немаат што да прават и само претат мислејќи дека ќе не уништат, меѓутоа стапот секогаш има два краја. Дали они не се свесни за тоа и моите пријатели инспектори кои што сега се притиснати да кажуват нешто во кое ни самите не веруваат незнам, меѓутоа наше е да си ја тераме нашата работа, они нивната. На крајот ќе се видат резултатите, кои се надевам дека ќе бидат во корист на пациентите.“

Шаќири, пак, вели дека ќе почекаат да добијат објаснување од гинеколошко-акушерската клиника зошто пациентките со малигни заболувања биле отпуштени дома, па потоа ќе реагираат.

„Однапред не можам да преудицирам ништо. Решенијата се доставени. Треба да почекаме време за да отидеме и да видиме дали е постапено по решенијата“.

Од штрајкувачкиот одбор велат дека јавното здравство мора да се базира на задоволни вработени и пациенти, кои не треба да се доведат во ситуација за една операција да издвојуваат огромни суми на пари на приватните болници.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG