Достапни линкови

Афера „Телеком“ - Барање правда или терање политика


Кривична пријава за случајот „Телеком“: Внатрепартиски пресметки во СДСМ, вперување на прстот кон ДУИ или напад врз ВМРО-ДПМНЕ.

Внатрепартиски пресметки во СДСМ и дисциплинирање на непослушните членови, вперување на прстот кон ДУИ или напад врз ВМРО-ДПМНЕ. Во јавноста се појавија повеќе толкувања, кој ќе биде најзасегнат од кривичната пријава на СДСМ за случајот Телеком. Според едни, СДСМ отвора фронт против „одметнатите“ Бучковски и Бузлевски, според други, ја напаѓа ДУИ, чии министри во 2005 и во 2006 година го водеа ресорот транспорт и врски, а според трети, на ваков начин го отвора и случајот со фирмата Аналитико во која во тој период работело речиси целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно тоа не може без знаење на Црвенковски и очигледно ова е дел од нивната стратегија што сметам дека е погрешна и говори за нервоза и несигурност.
Владо Бучковски, поранешен премиер и лидер на СДСМ.

Поранешниот премиер Владо Бучковски.
Поранешниот премиер Владо Бучковски.
СДСМ поднесе кривична пријава против непознат сторител за примање поткуп од Телеком. Партијата се повикува на доказите од американската истрага, според која, поранешни директори на Маџар Телеком им дале мито од 4,8 милиони евра на високи македонски функционери во 2005 и во 2006 година за да спречат или одложат влегување на трет мобилен оператор во Македонија. Во извештајот од американската истрага се наведува дека директори на Маџар Телеком, преку грчки посредник, им дале мито на „поважен македонски државник“ и на „важен македонски државник од другата политичка партија“.
Јас никогаш не сум имал ни владина, ни партиска функција во рамките на функционирањето на Телеком. Сето тоа е работа што најдобро може да си ја расчистат меѓу себе Црвенковски и Бучковски.
Димитар Бузлевски, поранешен висок функционер во СДСМ.

Преовладува мислењето дека со кривичната пријава, СДСМ отвора фронт против поранешниот премиер и претседател на партијата Владо Бучковски. Впрочем, и Бучковски тврди дека е жртва на медиумска хајка оркестрирана од неговата партија.

„Очигледно тоа не може без знаење на Црвенковски и очигледно ова е дел од нивната стратегија што сметам дека е погрешна и говори за нервоза и несигурност.“
Андреј Петров, секретар на СДСМ.
Андреј Петров, секретар на СДСМ.

Низ медиумите се споменуваше и името на поранешниот висок функционер на СДСМ Димитар Бузлевски. Тој вели дека ја поддржува иницијативата на СДСМ за откривање на корупцијата.

„Во 2005 и во 2006 година јас бев градоначалник на Ресен и немав никакви, ама баш никакви контакти со Телеком. Јас никогаш не сум имал ни владина, ни партиска функција во рамките на функционирањето на Телеком. Сето тоа е работа што најдобро може да си ја расчистат меѓу себе Црвенковски и Бучковски“, вели Бузлевски.
Од што бега и кого штитат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ? Дали се плашат само од расчистувањето на аферата со партиската фирма „Аналитико“, која склучила договор во 2006 со Телеком за наводно Протоѓер, Јанкулоска, Јанакиески, Канческа и Зеќиров да продаваат СИМ картички?
Андреј Петров, СДСМ.

Во ДУИ велат дека не сакаат да се мешаат во внатрепартиските прашања на СДСМ.

Секретарот на СДСМ Андреј Петров вчера рече дека СДСМ не бега од сопствениот дел од одговорноста и бара скандалот „Телеком“ да се расчисти до крај.

„Тоа што создава конфузија е однесувањето на власта. Од што бега и кого штитат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ? Дали се плашат само од расчистувањето на аферата со партиската фирма „Аналитико“, која склучила договор во 2006 со Телеком за наводно Протоѓер, Јанкулоска, Јанакиески, Канческа и Зеќиров да продаваат СИМ картички, или зад нерасчистувањето на овој голем скандал се крие и нешто друго?“, рече Петров.

Сакавме да ги прашаме ВМРО-ДПМНЕ дали се чувствуваат засегнати од кривичната пријава, но партискиот портпарол Илија Димовски не одговараше на нашите повици. Во вчерашното соопштение, и тие велат дека се работи за внатрепартиска пресметка во СДСМ.

Во МВР, пак, каде што министерува токму Јанкулоска, велат дека спровеле професионална истрага за случајот Телеком и уште пред неколку години имаат поднесено кривични пријави до Обвинителството.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG