сабота, ноември 01, 2014 Скопје 02:33

Свет

Што ги направи изборите во САД посебни?

Од првиот јавно деклариран хомосексуалeц сенатор, до гласање за дозволено користење на марихуана, изборите во САД годинава донесоа многу изненадувања. Еве неколку од најинтересните и изненадувачки факти кои ги донесоа овие избори.

Индиски уметник направи песочна скулптура со ликот на претседателот Обама на плажа во градот Пури.
Индиски уметник направи песочна скулптура со ликот на претседателот Обама на плажа во градот Пури.
Од првиот јавно деклариран хомосексуалц сенатор, до гласање за легално користење на марихуана, изборите во САД годинава донесоа многу изненадувања. Еве неколку од најинтересните и изненадувачки факти кои ги донесоа овие избори:
За прв пат во американската историја Конгресот ќе брои 19 жени Сенатори. До сега во Конгресот најмногу имало 17 жени сенатори.
x

ГЛАСАЊЕ СПОРЕД ПОЛ

Мажи и жени својот избор на претседател го направиле според пол. Според истражувањето на јавното мислење, 45 до 52 проценти од мажите го преферираат Републиканецот Мит Ромни. Жените со слични бројки покажуваат интерес за демократот Барак Обама, односно од 44 до 55 проценти жени го преферираат Обама. Разликата е во тоа што 54 проценти од електоратот го сочинуваат жени со што на Обама му се даде јасна предност.
 
Тами Бладвин, демократ од Винсконсин ќе биде прва сенаторка во американската историја која што јавно се декларираше како хомосексуалец.
ЖЕНИ СЕНАТОРИ

За прв пат во американската историја Конгресот ќе брои 19 жени сенатори. До сега во Конгресот најмногу имало 17 жени сенатори.
 
x
ПРВИОТ ДЕКЛАРИРАН ХОМОСЕКСУАЛЕЦ – СЕНАТОР

Тами Бладвин, демократ од Винсконсин ќе биде прва сенаторка во американската историја која што јавно се декларираше како хомосексуалец. Нејзината сексуална ориентација во текот на кампањата не беше поставена како прашање сè додека еден од директорите на кампањата на нејзиниот ривал не објави на социјалната мрежа Твитер видео од Балдвин како игра на Парада на гордоста. Подоцна нејзиниот ривал Томи Томсон се огради од твитот на неговиот помошник.  
 
Се проценува дека една третина од американските гласачи излегоа на предвремено гласање, што најголема излезност досега. Тоа е продолжение на трендот според кој многу гласачи преферираат да го дадат звојот глас пред официјалниот ден на избори.
ГАФОВИ ПОВРЗАНИ СО ТЕМАТА „СИЛУВАЊЕ“

Двајца кандидати за Сенатори изгубија на изборите поради изјави кои ги дадоа на темата „силување“ што за многу луѓе звучат навредливо. Републиканскиот кандидат Тод Акин од Мисури
Изјави дека во случаи на  „легитимно силување“ телото на жената има свои начини да превенира бременост. Со тоа што тој го употреби терминот „легитимно силување“ ја погоди болната точка во општеството, бидејќи со тоа тој обвинува многу жени дека наводно силувањата не се случиле.

Републиканецот Ричард Мурдок од Индијана никогаш не закрепна по изјавата дека кога жена ќе забремени по силување, тоа е затоа што „Господ така сакал“.
 
МАРИХУАНА

Колорадо и Вашингтон станаа првите две земји во САД кои ја легализираа употребата на марихуана. Според федералните закони, употребата на марихуана сè уште e казниво дело со што се отвора прашањето што ќе направи федералната влада со легализацијата на марихуаната во двете држави. Голем дел од апсењата во тие две држави ги спроведуваат локалните власти, што значи дека засега конзумерите на марихуана може да се чувствуваат безбедно и слободно додека пушат во границите на државите. Во меѓувреме, во Масачусец е легализирана медицинската употреба на марихуана.

ПРЕДВРЕМЕНО ГЛАСАЊЕ

Се проценува дека една третина од американските гласачи излегоа на предвремено гласање, што најголема излезност досега. Тоа е продолжение на трендот, според кој, многу гласачи преферираат да го дадат звојот глас пред официјалниот ден на избори. Луѓето кои што сметаат дека ова е позитивен тренд велат дека причината за него делумно лежи во тоа што на граѓаните им е полесно да го исполнат порано своето граѓанско право отколку да треба да излезат од работа и да се задржат повеќе со што би си направиле проблеми на работното место. Доколку тоа е навистина така, тогаш токму предвременото гласање му помогна на Обама да освои победа затоа што според анализите на гласачкото тело, 54 проценти од гласачите кои заработуваат помалку од 100 илјади долари годишно гласале за Обама, додека 54 проценти од гласачите кои заработуваат повеќе од 100 илјади долари гласале за Ромни.
Овој форум е затворен
Коментирајте
     
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.

Избор на уредникот

Радио програма