недела, мај 19, 2013 Скопје 02:15

Македонија

Граѓаните задоволни од претседателот Иванов

Граѓаните имаа можност на претседателот Ѓорге Иванов во Народната канцеларија во Скопје да му ги пренесат своите ставови, мислења, но и препораки и пофалби за неговата досегашна работа.

Претседателот Ѓорге Иванов на средба со граѓани во Народната канцеларија во Скопје.
Претседателот Ѓорге Иванов на средба со граѓани во Народната канцеларија во Скопје.
Големина на буквите - +
Седнати на иста маса со претседателот Ѓорѓе Иванов граѓаните имаа можност во Народната канцеларија во Скопје да му ги пренесат своите ставови, мислења, но и препораки и пофалби за неговата досегашна работа.
Мојата перцепција за претседателот на Република Македонија е дека не се работи за политичар кој ги штити интересите за покачување на својот рејтинг или пак работи во интерес на неговата партија, туку од она што го гледам мислам дека се работи за патриот кој работи исклучиво за интересите на својата држава.

Освен во главниот град ваков тип на канцеларии се отворени и во Битола и Тетово како резултат на заложбите на претседателот преку непосреден контакт граѓаните да имаат можност да ги изложат нивните иницијативи, предлози и сугестии од јавен карактер.

Еден од присутните, пензионерот Недан Јовановски го праша претседателот како странските државници ги разбираат неговите препораки и дали ја разбираат состојбата во нашата држава.

„Одговорот беше дека странските државници постојано се менуваат и постојано треба да се инсистира на решавањето на прашањето за името со нашиот јужен сосед, прашањето за нашиот идентитет.“
Претседателот Ѓорге Иванов на средба со граѓани во Народната канцеларија во СкопјеПретседателот Ѓорге Иванов на средба со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
x
Претседателот Ѓорге Иванов на средба со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
Претседателот Ѓорге Иванов на средба со граѓани во Народната канцеларија во Скопје

Исмаил Бахтијари се интересираше за перспективата на младите во земјата и што државата презема во таа насока.
„Ми одговори дека во тек се инвестиции во Македонија и со тие инвестиции се отвараат нови работни места за младите. На средбата мi напомена и дека е вклучен во многу проекти  поврзани со младински активности и ги подржува младите и ги разбира нивните проблеми.“

Граѓаните на крајот беа задоволни од одговорите што ги добија.

„Мојата перцепција за претседателот на Република Македонија е дека не се работи за политичар кој ги штити интересите за покачување на својот рејтинг или пак работи во интерес на неговата партија, туку од она што го гледам мислам дека се работи за патриот кој работи исклучиво за интересите на својата држава.“

„Од одговорот што го добив од претседателот сум навистина задоволен, видов дека има разбирање за сите проблеми.“​
Loading
12:00:00 / -:--:--
Преку народните канцеларии граѓаните имаат можност да се запознаат со активностите на Претседателот. Но се уште немаат информации колку граѓани ги посетиле и за што најмногу се интересираат. Народната канцеларија во Скопје беше отворена во април 2010 година.
Овој форум е затворен
Коментирајте
     
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.

Најпосетени

Мултимедиа

Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
  • Аудио засилувач рачно изработен од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
  • Аудио засилувач рачно изработен од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
  • Старо радио во сопственост на претседателот Иванов.
  • Старо радио во сопственост на претседателот Иванов.
  • Звучници во сопственост на претседателот Иванов.
  • Старо радио во сопственост на претседателот Иванов.
  • Старо радио во сопственост на претседателот Иванов.
  • Старо радио во сопственост на претседателот Иванов.
Фотогалерија

Фотогалерија Претседателот Иванов - голем аудиофил

Отворање на изложбата „Аудиотехника - професија, страст и уметност“ на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. На изложбата, чија цел е популаризација на аудиотехниката во Македонија, беа претставени повеќе експонати кои што се одликуваат со различна аудио, уметничка и раритетна вредност прикажувајќи го развојот на аудио-техниката во минатото и денес. Претседателот Иванов, како голем аудиофил и вљубеник во музиката и аудиотехниката, се претстави со сопствени експонати, меѓу кои и аудио засилувач рачно изработен од претседателот.
Повеќе