Меморандумот од шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос до македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски е добиен и ќе биде разгледан, потврди владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев. Во дописот е наведено дека се потврдува заедничката постоечка граница како трајна и неповредлива меѓународна граница, и се додава следново:
Дека ќе продолжиме да забрануваме непријателски активности или пропаганда од страна на агенциите под контрола на државата и ќе обесхрабруваме слични дејствија од приватни ентитети кои повикуваат на насилство, омраза или непријателство спрема другата страна и ќе се воздржиме од какви било дејства или изјави кои предизвикуваат ризик за поткопување на преговорите, вклучително и преку употреба на симболите кои се дел од историското или културно наследство на другиот.
„Се согласуваме да ги продолжиме и да ги интензивираме преговорите под покровителство на Генералниот секретар на Обединетите нации, предвидени со Резолуцијата 845 (од 1993) година со цел да се постигне договор за разликите опишани во таа резолуција и во Резолуцијата 817.“
Во меморандумот пишува дека за таа цел, и со цел развој на клима за взаемно верување, потребно е целосно да се почитуваат принципите на добрососедство и немешање во внатрешните работи на другиот под кој било изговор, вклучувајќи ги сите претензии кон територија која не е во рамките на постоечките граници.
„Дека ќе продолжиме да забрануваме непријателски активности или пропаганда од страна на агенциите под контрола на државата и ќе обесхрабруваме слични дејствија од приватни ентитети кои повикуваат на насилство, омраза или непријателство спрема другата страна и ќе се воздржиме од какви било дејства или изјави кои предизвикуваат ризик за поткопување на преговорите, вклучително и преку употреба на симболите кои се дел од историското или културно наследство на другиот“, се дополнува во дописот.
Во меморандумот се дополнува и дека за поттикнување на преговорите, потребно е да се продолжи врз основа на договорената рамка за основните параметри на решение и дека договореното име ќе се користи од страна на сите.
Потпишувањето на меморандумот ќе го „ослободи потенцијалот на билатералните односи меѓу двете земји и ќе им даде динамика на евро-атлантските амбиции“ на Македонија, изјави денеска портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас.
Според него, „потпишувањето на меморандумот ќе биде убедлив одговор на оние кои шират непријателство, национализам, па дури и омраза“.