сабота, мај 18, 2013 Скопје 11:10

Македонија

Лекарите од Клинички протестираа половина час

Лекари од Клиничкиот центар во Скопје одржаа получасовен протест поради новиот модел за пресметување на платите. За утре е најавено продолжување на преговорите на синдикалните претставици со министерот за здравство Никола Тодоров.

Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје.
Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје.
Големина на буквите - +
Ако се воведе принципот на конкурентност меѓу лекарите, секој ќе тера бројки и нема да се внимава на квалитетот на услугата, реагираат докторите од Клиничкиот центар кој одржаа предупредувачки протест за време на получасовната пауза.
На секоја клиника, во секоја амбуланта, во секоја операциона сала има оставено дежурен доктор, кој ќе внимава на тој дел и ќе се погрижи за сите пациенти за кои во овие половина час ќе има потреба.
Од генерален штрајк секако не се откажуваме, повторно сме во правна процедура за тоа, доколку не се постигне договор со Министерството за здравство.

Дел од пациентите го подржуваат протестот на медицинските работници.

„Јас сум пациент, дваесет и кусур години сум дијабетичар и јас не би се чувствувала пријатно некој да ме брои како предмет. Јас не сум кутија, па денеска да кажат избројавме 50 кутии, утре 60 и ќе ги наградиме оние кои избориле најмногу кутии.“

​Судот во Скопје претходно донесе одлука за времено одложување на генералниот штрајк на лекарите во Клинички центар. Претседателот на Клиничкиот синдикат доктор Дејан Ставриќ изрази задоволство од интересот на колегите кои излегоа на протестот.

„На секоја клиника, во секоја амбуланта, во секоја операциона сала има оставено дежурен доктор, кој ќе внимава на тој дел и ќе се погрижи за сите пациенти за кои во овие половина час ќе има потреба. Од генерален штрајк секако не се откажуваме, повторно сме во правна процедура за тоа, доколку не се постигне договор со Министерството за здравство.“

Професор Викторија Чаловска од клиниката за ентерохепатологија, вели дека ако докторите почнат меѓусебно да си превземаат пациенти, тоа максимално лошо ќе се одрази на пациентите.

„Ние имаме и други димензии на нашата работа, наставна и научна. Каде ќе го остваруваме тој сегмент од нашата работа, ако бркаме само пациенти.“
Loading
12:00:00 / -:--:--
Моите колеги покажаа дека се достоинствени и дека немаат стравови, вели доктор Снежана Георгиева од клиниката за гинекологија.

„Ако сите овие лекари престанат да работат, што ќе се случи? Не сакам да звучи како закана. Овие лекари вршат многу работа, а тоа треба да се почитува. Јас не знам како може да не го почитуваат тоа?“.

Синдикатот ги продолжува преговорите со Министерството за здравство околу предложеното ново пресметување на платите на лекарите и буџет кој диктира број на интервенции, број на операции кои една установа може да ги изведе.​
Овој форум е затворен
Коментирајте
     
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.

Најпосетени

Мултимедиа

Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
  • Аудио засилувач рачно изработен од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
  • Аудио засилувач рачно изработен од страна на претседателот Ѓорге Иванов.
  • Старо радио во сопственост на претседателот Иванов.
  • Старо радио во сопственост на претседателот Иванов.
  • Звучници во сопственост на претседателот Иванов.
  • Старо радио во сопственост на претседателот Иванов.
  • Старо радио во сопственост на претседателот Иванов.
  • Старо радио во сопственост на претседателот Иванов.
Фотогалерија

Фотогалерија Претседателот Иванов - голем аудиофил

Отворање на изложбата „Аудиотехника - професија, страст и уметност“ на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. На изложбата, чија цел е популаризација на аудиотехниката во Македонија, беа претставени повеќе експонати кои што се одликуваат со различна аудио, уметничка и раритетна вредност прикажувајќи го развојот на аудио-техниката во минатото и денес. Претседателот Иванов, како голем аудиофил и вљубеник во музиката и аудиотехниката, се претстави со сопствени експонати, меѓу кои и аудио засилувач рачно изработен од претседателот.
Повеќе