Достапни линкови

Турските бизнисмени заинтересирани за Охрид


Македонско-турски бизнис форум помеѓу регионалните комори на Охрид и Менемен.
Македонско-турски бизнис форум помеѓу регионалните комори на Охрид и Менемен.

Турските бизнисмени заинтересирани за охридскиот туризам, но и покрај сите најави засега нема ни трага од влез на турски капитал во Охрид.

Иако со години наназад се најавува влез на свеж турски капитал покрај Охридското Езеро, до денес охриѓани не се сведоци на такво нешто иако Охрид е интересен за турските бизнисмени кои сакаат дел од својот капитал да го вложат овде. Неодамна во Охрид се одржа македонско турски бизнис форум помеѓу регионалните комори на Охрид и Менемен во Турција.
Нас најмногу не интересира туризмот и винарството, дрвната индустрија и млекото и млечните производи. Ние доѓаме прв пат да ги видиме условите кај вас и сме задоволни.
Илмаз Турал, претседател на Стопанската комора на областа Менемен во Турција.

Претседателот на Стопанската комора на областа Менемен, Илмаз Турал, вели дека сакаат да донесат дел од турската економија во Охрид.
Претседателот на Стопанската комора на областа Менемен, Илмаз Турал.
Претседателот на Стопанската комора на областа Менемен, Илмаз Турал.

„Нас најмногу не интересира туризмот и винарството, дрвната индустрија и млекото и млечните производи. Ние доѓаме прв пат да ги видиме условите кај вас и сме задоволни. Штом се вратиме назад ќе покренеме иницијативи во еден поширок круг. Нашите членови имаат семејства овде и со задоволство би дошле да инвестираат овде“, рече Турал.

Метин Абдурак е по потекло од Македонија. Во Турција се занимава со бизнис во областа на транспортот.
Вие овде во Охрид имате аеродром којшто може да се искористи. Безвизен режим има помеѓу Македонија и Турција, што е една голема предност.
Метин Абдурак, турски бизнисмен со потекло од Македонија.

„Вие овде во Охрид имате аеродром којшто може да се искористи. Безвизен режим има помеѓу Македонија и Турција, што е една голема предност. Тоа значи дека доаѓањето на нашите луѓе овде ќе даде голем придонес на вашата економија, затоа што оваа бројка на туристи кои досега се дојдени е мала според нас. Заедничкиот допринос ќе го почувствуваме и ние и вие бидејќи бројката ќе се зголемува, а Охрид има многу предности“, рече Абдурак.

Турските граѓани последниве две години се и помеѓу најбројните странски гости на охридската ривиера.

Ацо Спасовски, координатор на регионални комори од Стопанската комора на Македонија, вели дека нивна задача како комора е сите информации да ги проследат до турските фирми.

„Им даваме појаснувања за пазарот, за контактите, иако влегувањето на странски инвестиции е долгорочен процес. Во вкупната размена меѓу Македонија и Турција ние имаме дефицит. Дефицитотот минатата година беше 280 милиони долари, а во првите 4 месеци годинава е 60 милиони долари“, вели Спасовски.

Вкупната трговска размена помеѓу Македонија и Турција во 2011 година достигнала вредност од 417,2 милиони американски долари, што претставува раст од 34,1% во однос на 2010 година.
XS
SM
MD
LG