понеделник, април 21, 2014 Скопје 04:22

Македонија

Притисоци до „АМАН“ од Битола пред денешниот протест

​​Притисоците не доаѓаат официјално од некоја институција, туку од луѓе чии имиња и функциии не сакаа да ги откријат.

Активисти на граѓанската иницијатива „АМАН“ од Битола.
Активисти на граѓанската иницијатива „АМАН“ од Битола.
Големина на буквите - +
Членовите на граѓанската иницијатива „АМАН“ во Битола се жалат дека се соочуваат со закани и притисоци упатени од нивни сограѓани кои имаат за цел да ги заплашат за повеќе да не организираат протести против поскапувањето на струјата и укинувањето на евтината тарифа.
Притисоците доаѓаат индиректно преку луѓе на улица дека нема да не вработат, дека нашите браќа и сестри нема да ги вработат, дека подобро е да прекинеме.
x
Притисоците не доаѓаат официјално од некоја институција, туку од луѓе чии имиња и функциии не сакаа да ги откријат.

„Притисоците доаѓаат индиректно преку луѓе на улица дека нема да не вработат, дека нашите браќа и сестри нема да ги вработат, дека подобро е да прекинеме. Но, тоа е неофицијално од луѓе, а не од некоја институција“ вели Ѓорги Пулевски, еден од организаторите на протестите во Битола.

Но, членовите од граѓанската иницијатива велат дека нема да подлегнат на притисоците и нема да се откажат од својата намера редовно во вторник да протестираат против серијата поскапувања во државата.

Само со истрајна борба, упорност и масовност  можеме да успееме да ги постигнеме нашите барања зашто со еднократно излегување на протест не се постигнува ништо.


За потсетување тие бараат цената на струјата да биде како во 2008 година, да се врати евтината тарифа и да запре понатамошната приватизација на целокупниот енергетски систем во земјава.

„Само со истрајна борба, упорност и масовност  можеме да успееме да ги постигнеме нашите барања зашто со еднократно излегување на протест не се постигнува ништо“ изјави Дејан Лутовски, член на „АМАН“.

Тие упатија критики дека иако една од најпогодените категории на граѓани од поскапувањата се работниците, чии плати не се покачуваат, наспроти давачките, синдикатот молчи.

„Една од најважните институции која треба да повика на овие протести е синдикатот. Но, тој молчи, затоа сме собрани пред регионалната канцеларија на ССМ да го осудиме нивното молчење и ноншалантен однос кон маките на работниците. Ако тие не сакаат да ги повикааат работниците на протести, тоа ќе го направиме ние“ додава Пулевски.

Битолчани досега масовно се одзваа на протестите организирани од „ АМАН“ против новиот ценовен шок. Градот оддамна не памети толку масовни простети.
Овој форум е затворен
Коментирајте
     
Нема коментари во овој форум. Бидете први и дадете коментар.

Слушајте не:

Најпосетени

Мултимедиа

Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
Интервју со Зоран Заевi
X
20.04.2014
Интервју со лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Видео

Видео Интервју со Зоран Заев

Интервју со лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Видео

Видео Интервју со Ермира Мехмети

Ермира Мехмети од ДУИ вели дека и во вториот круг од претседателските избори нема да поддржат ниту еден претседателски кандидат.
Видео

Видео Светот на РСЕ 18.04.2014

ТВ Вести од регионот на Радио Слободна Европа
Видео

Видео Собир за единство на Украина

Во Доњецк беше одржан митинг од кој беше упатен повик за единство на Украина. Учесниците на собирот развеаа големо украинска знаме и ја пееја химната на земјата.
Видео

Видео Светот на РСЕ 17.04.2014

ТВ Вести од регионот на Радио Слободна Европа
Повеќе