Достапни линкови

Високите сметки го вклучија социјалниот аларм


Протести во Скопје поради поскапувањето на електричната енергија, парното и горивата
Протести во Скопје поради поскапувањето на електричната енергија, парното и горивата

Искажувањето на незадоволството од поскапувањата е најдобар инструмент да се изврши притисок. Но вистински притисок би бил ако има силно организиран непартизиран протест, велат социолозите.

Социолозите на граѓаните им порачуваат да се борат по зголемувањето на цените на струјата, парното и горивата. Мораме да го искажеме незадоволството, тоа е најдобар инструмент на притисок, вели професор Илија Ацески. На протестите вчера имаше одзив на околу триста луѓе што засега зборува дека како останатите граѓани да кренале раце од некаков подобар живот и се фатија за советите на енергетските компании со тоа што на пример ќе купуваат штедливи светилки.
Македонија нема некои кој знае какви искуства во тој поглед, особено кога станува збор околу овие моменти на поскапување и за економски проблеми. Тој граѓански сектор е многу контролиран од партиите, и од едните и од другите. Единствено, еден силно организиран непартизиран притисок би бил вистински притисок.
Илија Ацески, социолог.

Ацески вели дека би бил изненаден да има омасовување на протестите од септември кога ќе пристигнат првите повисоки сметки, зашто мисли дека македонскиот народ на сето тоа реагира апатично, барем досега.

„Македонија нема некои кој знае какви искуства во тој поглед, особено кога станува збор околу овие моменти на поскапување и за економски проблеми. Тој граѓански сектор е многу контролиран од партиите, и од едните и од другите. Единствено, еден силно организиран непартизиран притисок би бил вистински притисок.“
Протести во Скопје поради поскапувањето на електричната енергија, парното и горивата
Протести во Скопје поради поскапувањето на електричната енергија, парното и горивата

Наместо заеднички протести, искуството обилува со примери на интересни групи кои протестираат секој за своја цел, независно еден од друг, потсетува Ацески.

„Протестираат едни, па после протестира некоја друга група итн. И тоа не е закана, условно кажано, опомена на оние што се на власт, оние кои раководат, кои имаат моќ да преземаат нешто.“
Крајно време е да се свести народот. Да излеземе во поголем број. Сите се разочарани, ама разочарани дома.
Анкетирани граѓани.

Настојувајќи да илустрираат каде ќе одведат поскапувањата, граѓаните деновиве изјавуваат дека истите ќе не однесат во далечното минато. Уследија и најавите на мелничарите дека најверојатно од септември ќе биде поскап и лебот, а во изминатите месеци скокнаа и цената на јајцата, овошјето, зеленчукот, како и на рибата и месото.

„Ама кој го шиша народот.“

„Крајно време е да се свести народот. Да излеземе во поголем број. Сите се разочарани, ама разочарани дома“, рекоа граѓаните на вчерашниот протест.

Граѓаните кои самоиницијативно се собраа на социјалните мрежи под мотото „Аман, доста е“ ја преземаат улогата на искра на помасовни немири што би било нешто ново во поновата историја на Скопје. Тие од вчера во 18 часот ги почнаа протестите пред Регулаторната комисија за енергетика на плоштадот Пела и ќе продолжат да се собираат на тоа место секој вторник, додека не бидат прифатени нивните барања.

„Омасовување на протестите е една од нашите цели кои ги планираме за да извршиме притисок врз институциите, поголема масовност е решение“, вели Александар Гочев од граѓанската иницијатива „Аман, доста е“.

Тој вели дека нивните чекори нема да дозволат да бидат проследени од партиите, бидејќи, како што вели, партиите не им ги плаќаат сметките.
Протести против поскапувањата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG