Достапни линкови

Дневен печат - Црвенковски и Тачи, чудо за три дена


Средба на лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи, во ресторанот Петрол компани на автопатот Скопје-Тетово. Игор Ивановски, Андреј Петров, Арбен Џафери, Имер Алиу.
Средба на лидерите на СДСМ и на ДПА, Бранко Црвенковски и Мендух Тачи, во ресторанот Петрол компани на автопатот Скопје-Тетово. Игор Ивановски, Андреј Петров, Арбен Џафери, Имер Алиу.

Договорената соработка меѓу СДСМ и ДПА главна тема во дневните весници. Лутите противници од минатото си подадоа рака.

Бурни ли беа реакциите за предизборната коалиција Црвенковски-Тачи, или не? Колку дена траеја вестите и коментарите за тоа? Ден или два. Ете, тоа е нашава Македонија, граѓаните веќе ништо не ги зачудува.
СДСМ и ДПА први во плурална Македонија го скршија мразот за македонско-албанска соработка.
Дневник.

Започна изградбата на висококатниците на „Џеваир холдинг“ во општина Аеродром.
Започна изградбата на висококатниците на „Џеваир холдинг“ во општина Аеродром.
„Тачи веќе не е војвода-жестоките политчки ривали сега на иста страна во политиката“ - пишува Утрински, а Дневник дека „СДСМ и ДПА први во плурална Македонија го скршија мразот за македонско-албанска соработка“. Но, Вечер цинично насловува: „Формирана петрол-коалицијата“, алудирајќи на местото на состанокот на двајцата лидери на бензинска пумпа на патот Скопје-Тетово. Ден пишува дека двете партии „го рушат предизборното табу“.
Фабриките и облакодерите го ставаат СДСМ во опозиција - какво влијание ќе имаат странските инвестиции врз гласачкото тело во пресрет на локалните избори догодина?
Нова Македонија.

И кога сме кај партите, Дневник информира дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ атакуваат на 100 илјади Фејсбук профили и дека за таа цел се ангажирани 150 партиски луѓе во интернет-штабовите кои дневно испраќаат и по 30 илјади електронски писма до граѓаните.

Нова Македонија излегува со прашалник во насловот: „Фабриките и облакодерите го ставаат СДСМ во опозиција - какво влијание ќе имаат странските инвестиции врз гласачкото тело во пресрет на локалните избори догодина?“.

Вечер оди со наднаслов: Експертите гласно коментираат, иако во текстот не се спомнува ниту едно име, дека „Локалните избори ќе бидат референдум за реформи или за поделба на Македонија“.

Утрински забележува: „Владини веб-страници за информирање или за рекламирање - на www.vlada.mk не можете да најдете најава за седница на Владата, а уште помалку за точките на дневниот ред, но затоа е полно со вести за активностите на премиерот и извадоци од неговите изјави“.

Вечер потсетува дека почна примената на новиот закон за лустрација: „Олигарсите и функционерите на тапет!“.

Дневниот Капитал повторно ги коментита, според него, нептриотските изјави на луѓе од власта дека „Увозот на храна растел затоа што растел и животниот стандард на граѓаните!?“ А Светска банка, пишува весникот, објави дека дури 42 отсто од популацијата над 35 години се сиромашни!

Некакви минорни најавички се насетуваат во насловите на Дневник и на Нова Македонија пред посетата на генсекот на светската организација: „Ќе има ли пријатно изненадување во Скопје - Бан Ки-мун и Нимиц во Скопје ќе го забрзаат пулсот за името“, пишува првиот, а вториот весник дека „Бан Ки-мун во Скопје ќе ги скенира ставовите за името“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG