Достапни линкови

Полесно до вработување или до бришење од листата на невработени?


Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.
Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.

Собранието го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, во прво читање.

Собранието го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, во прво читање со 53 гласови „за“ и 26 „против“. Никој не беше воздржан.
Која е таа мобилност која од Гостивар или од Куманово ќе упати работник на работа во Битола, а во Агенцијата за вработување во Битола се регистрирани 21 илјада невработени и сега за какава мобилност зборуваме. Што ќе им правиме на битолчани што чекаат работа? Нив, пак, ќе ги возиме до Куманово, до Гевгелија, до Дебар?!
Весна Бендевска, СДСМ.

За опозицијата, ова е закон со кој владата ќе ги малтретира, понижува и полесно ќе ги брише невработените од евиденцијата за вештачки да ја намалува невработеноста. Опозицијата обвинува дека власта сака набрзина да го донесе законот за да не дојде во фокусот на јавноста. На седницата, пратениците од опозицијата меѓусебно си реплицираа и контрареплицираа, додека оние од владејачкото мнозинство само ретко се јавуваа со реплики за поддршка на законот.

Според министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, законот е изработен со целокупната бизнис заедница и со академската јавност и е реформски.
Со ова предложено законско решение не се бришат невработените лица од евиденцијата, туку се прави разграничување на оние што активно бараат работа и оние што се пријавуваат во Агенцијата поради други основи, барања и потреби, а не бараат активно работа.
Сузана Анова, ВМРО-ДПМНЕ.

Законот предвидува, на луѓето што бараат работа подолго од една година, Агенцијата за вработување да може да им понуди работа за која се бара образование за еден степен пониско од тоа што го имаат. На оние кои се невработени подолго од две години може да им се понуди каква било работа. Понуденото работното место може да е оддалечено најмногу два часа возење со јавен превоз или превоз организиран од работодавачот од местото на живеење до местото на работа и назад. Ако невработените одбијат ваква работа, ќе се бришат од евиденцијата и нема да може да се пријават како невработени една година. Законот предвидува и казни од 200 евра за луѓето што се пријавуваат како невработени, а работат „на црно“.

Со измените на Законот се предлага да се воведат два типа на евиденција - евиденција на лица кои активно бараат работа и евиденција на лица кои не бараат активно работа, а остануваат евидентирани во списокот на Агенцијата за вработување заради остварување други социјални права.

Опозицијата реагира дека оправдувањето дека се воведува мобилност е непримислено.

„Која е таа мобилност која од Гостивар или од Куманово ќе упати работник на работа во Битола, а во Агенцијата за вработување во Битола се регистрирани 21 илјада невработени и сега за какава мобилност зборуваме. Што ќе им правиме на битолчани што чекаат работа? Нив, пак, ќе ги возиме до Куманово, до Гевгелија, до Дебар?!“, рече пратеничката Весна Бендевска од СДСМ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека опозицијата ја манипулира јавноста со последиците од предлог-законот.

„Со ова предложено законско решение не се бришат невработените лица од евиденцијата, туку се прави разграничување на оние што активно бараат работа и оние што се пријавуваат во Агенцијата поради други основи, барања и потреби, а не бараат активно работа“, вели пратеничката Сузана Анова од ВМРО-ДПМНЕ.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG