Достапни линкови

Партиите го започнаа ловот на локални гласови


Можеби пописот беше неуспешен, ама партиските кадри успеаа да пребројат кој што направил, колку автопат асфалтирал и кој колку пари потрошил. Најавите за победи почнаа, чиниш изборите се утре, а не идната година.

„Вие од културата ќе добиете пари, вие од стопанството ќе имате средства/
вие од уметноста имате слободни раце, вие од мафијата ќе си го јадете газот./ Секој ден ќе биде празник, а сепак ќе имаме висок стандард/
нашите каси се полни со девизи, нема да имаме економски кризи.

Мојата партија, гласајте за,
Мојата партија...“


Некако во изминативе дваесет години работите како и да не се многу сменети. Стиховите на песната Мојата партија од Рок агресори која е објавена пред повеќе од една деценија и оваа година ќе ги отслика предизборните случувањата.
Доаѓа време за пресврт, за триумф на националната волја, доаѓа време народот да си ја врати киднапираната држава во свои раце“, порача Бранко Црвенковски од говорница.
Бранко Црвенковски, СДСМ.

На само 9 месеци пред локалните избори, почна еуфоријата која се повеќе наликува на новогодишна еуфорија, а не на изборна. До душа веќе стана пракса во земјава секоја година да има по некакви избори, па оттаму и споредбата со пречекот на Новата Година. Но таа паралалела може да се повлече по неколку основи, еве на пример да почнеме со чистењето на домот и домаќинските подготовки за празници.
Јас сум цврсто убеден дека поддршката на граѓаните ќе дојде кај нас, заради нашата посветеност, одговорно работење, заради тоа што и во овие тешки околности на светска економска криза и последователна европска должничка криза со рецесија, даваме се што можеме да го исполниме тоа што сме го ветувале.
Никола Груевски, премиер на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Во исчекување на локалните избори граѓаните си ги чистат своите домови затоа што политичарите сега им се поблиски од кога и да било, сега им доаѓаат на гости и на преноќување. Партиските војници ги чистат штабовите, се подготвуваат за лепење плакати, пукаат прсти за нови партиски коментари на интернет порталите.

Отворени се и нови канцеларии за средби со граѓани, накитени со слики од лидерот, кој како Дедо Мраз им се смешка на гостите.

Партиите наголемо се подготвуваат за локалните избори, како да се утре, а не догодина во март.

„Доаѓа време за пресврт, за триумф на националната волја, доаѓа време народот да си ја врати киднапираната држава во свои раце“, порача Бранко Црвенковски од говорница.

Истото го стори и Груевски:

„Јас сум цврсто убеден дека поддршката на граѓаните ќе дојде кај нас, заради нашата посветеност, одговорно работење, заради тоа што и во овие тешки околности на светска економска криза и последователна европска должничка криза со рецесија, даваме се што можеме да го исполниме тоа што сме го ветувале.“

Време е за списокот со партиски желби
Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија со задоволство ги прифати овие одлуки на владата на Македонија, дотолку повеќе што беа и наши барања. Навистина кога ќе дојдат во посета на Скопје, да имаат попуст на посети на музеи, на театарски претстави, на филхармонија, на балет“, вели Драги Аргировски претседател на сојузот на пензионери.
Драги Аргировски, Сојуз на здруженија на пензионери.

И се разбира да не заборавиме дека партиските војници како малите деца што му се радуваат на Дедо Мраз почнаа да пишуваат списоци со желби до лидерот. А, дел од политичарите си водат уредна евиденција, на пример што сакаат да добијат граѓаните за возврат од политичарите доколку гласат за нив. Еден таков список се прошета на социјалните мрежи и и едно од поинтересните барања беше на едно семејство од струмичко кое се согласи да гласа за определена партија доколку истата им помогне на синот да му ги поправи оценките во училиште.
Гласање.
Гласање.

Секој со своите желби, а за своите послушници лидерот спремил пакетчиња, само што овој пат пакетчињата со чоколади се заменети со општински вработувања, за некого социјално економски мерки, за трет попуст за во театар или балет..

„Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија со задоволство ги прифати овие одлуки на владата на Македонија, дотолку повеќе што беа и наши барања. Навистина кога ќе дојдат во посета на Скопје, да имаат попуст на посети на музеи, на театарски претстави, на филхармонија, на балет“, вели Драги Аргировски претседател на сојузот на здруженија на пензионери.
Бев за партија, ама сите ме разочараа, сите партии се исти, не е битно за која си и како си.
Анкетиран граѓанин.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на средба со граѓани.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на средба со граѓани.
Од друга страна политичарите си се подновија, ги симнаа оделата, ги завртеа кошулите и кинисаа низ македонските патишта на нови средби со граѓани, митинзи , трибини и се разбира фотосесии. Обврските си ги поделија, едни ќе ја фалат партијата, други ќе ја кудат конкуренцијата, па се сликаат покрај пропаднати фирми и исполнети проекти со цел да бидат поуверливи.
Се е лук и вода, стандардот пропаѓа, а тоа е знак дека не се оди напред.
Анкетиран граѓанин..

Стиловите им станаа слични, и владеачката гарнитура и опозициските партии сега се декларираат како народни партии кои нема да се одвојат од народот и само за него се грижат, почнаа слично да се облекуваат и слично да говорат и да се покажуваат и докажуваат кој бил поголем патриот, а кој предавник. Почнаа партиските пресметки за тоа кој градоначaлник направил повеќе за својот мандат. Во име на транспарентноста, во весниците може да се прочита и отчет на две страни за сработеното.

Почнаа и со роуд шоу низ Македонија, има многу неопределени гласачи кои мора да се определат. Партиските пресконференции со препукување за минатото ги полнат и инфомативните емисии.
Мене ми е чудно што СДСМ и Андреј Петров и други нивни предводници кажаа дека немало да биде битен за нив бројот на градоначалници, па што може да биде битно за локалните избори, ако не е битен бројот на градоначалници што ќе ги добијат? Навистина не ми е јасно. СДСМ на овие избори практично ќе се тркаат сами со себе.
Никола Груевски, премиер на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ..

Изборните ветувања - лук и вода

Па едните стават розови очила, другите сиви, а граѓаните полни со надеж дека по овие избори ќе ги видат боите на виножитото.

„Тоа се вика - пусти желби.“

„Бев за партија, ама сите ме разочараа, сите партии се исти, не е битно за која си и како си.“

„Се е лук и вода, стандардот пропаѓа, а тоа е знак дека не се оди напред.“

Изборите догодина, подготовки како да се утре

Најавите за победи почнаа, односно кој како треба да го толкува конечниот резултат од изборите за кои се уште официјално не е почната кампања.
Кампања на ВМРО-ДПМНЕ против опозицискиот СДСМ.
Кампања на ВМРО-ДПМНЕ против опозицискиот СДСМ.

Додека лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски смета дека победникот на локалните избори треба да биде партијата со најмногу освоени советнички места, Груевски со контра страв, односно дека СДСМ подготвуваат терен за пораз, со изјавите дека нема да биде важно кој колку градоначалнички места ќе освои.
Источна Македонија ќе процветаше не со нови патишта, туку со автопатишта, со гасификација, со нови фабрики и десетици илјади нови работни места и затоа драги пријатели секогаш кога на телевизија ќе ви покажат некои од тие споменици во истиот момент помислете дека во секој таков споменик лежи по една фабрика.
Бранко Црвенковски, СДСМ.

„Мене ми е чудно што СДСМ и Андреј Петров и други нивни предводници кажаа дека немало да биде битен за нив бројот на градоначалници, па што може да биде битно за локалните избори, ако не е битен бројот на градоначалници што ќе ги добијат? Навистина не ми е јасно. СДСМ на овие избори практично ќе се тркаат сами со себе.“

Црвенковски од митинзите ги потсетуваше луѓето на се што им било ветено, а не исполнето.

„Источна Македонија ќе процветаше не со нови патишта, туку со автопатишта, со гасификација, со нови фабрики и десетици илјади нови работни места и затоа драги пријатели секогаш кога на телевизија ќе ви покажат некои од тие споменици во истиот момент помислете дека во секој таков споменик лежи по една фабрика.“

Груевски најави нова тактика, дека ВМРО ДПМНЕ ќе објави повик за избор на кандидати за градоначалници од партијата и дека ќе може да се пријавуваат и граѓани кои не се членови на ВМРО- ДПМНЕ, а сите ќе треба да достават програма за работа.
Секој ветува нешто дур не седне во фотелјата, а кога ќе седне заборава на ветеното.
Анкетиран граѓанин.

Во Охрид се појавија флаери наменети за градоначалникот Александар Петрески со содржина „Спакувај си ги куферите и оди си“.
Во Охрид се појавија флаери наменети за градоначалникот Александар Петрески со содржина „Спакувај си ги куферите и оди си“.
СДСМ пак на протесни митинзи низ македонските градови почна со промоција на канидадати за градоначалници. Кандидат за градоначалник на СДСМ за Куманово е Зоран Дамјановски, кој ќе се канидидира за трет мандат. Во Штип нивни кандидат за градоначалник е Здравко Коцев , во Велес ќе биде Аце Коцевски, додека во Струмица повторно ќе се кандидира Зоран Заев.
Летоци преку кои се повикува градоначалникот на Охрид, Александар Петрески да си ги спакува куферите и да си замине од градоначалничкото место се појавија низ Охрид. На флаерите преку фотографии се илустрирани наводните проекти кои биле ветени а не се реализирани од страна на актуелната локална самоуправа во Охрид.
Од избори до избори само ветуваат, а многу малку остваруваат од тоа што го ветуваат.
Анкетиран граѓанин.

Партиите на големо се подготвуваат за локалните избори како да се утре, а не догодина во март. Досега од она што го понудија партиите се покажа дека главни адути на локалните избори ќе им бидат гасификацијата и социјалните мерки, како и обвинувањето на конкуренцијата за криминал и корупција. Нешто што во изминативе неколку години граѓаните секојдневно го слушаатистото без разлика дали има избори или не.
Велосипедист поминува покрај постери на владеачката партија за предвремените избори 2011
Велосипедист поминува покрај постери на владеачката партија за предвремените избори 2011

Многу ветено, малку исполнето

Комуникациска стратегија на партиите е да ги третираат граѓаните како потрошувачи. Сега граѓаните и работата на владата ја перцепираат како услуга од компанија, па оттаму и очекуваат квалитетна услуга, добра реклама и видливи односно опипливи разлики. Но, граѓаните од друга страна велат дека им е здосадено од политички ветувања и препукувања.
„Ауди “ не влезе во Македонија, оваа фабрика никогаш не се отвори. Во медиумите се говореше дека некои луѓе од владата на Црвенковски побарале дополнителни милионски провизии. Фирма од Велс во 2004-та во период кога СДСМ управуваше со државата, беше најавено дека ќе инвестира и ќе ја гради индустриската зона Бунарџик, но таму работите тапкаа во место, не се инвестираше ништо.
Александар Бичиклиски, ВМРО-ДПМНЕ.

„Секој ветува нешто дур не седне во фотелјата, а кога ќе седне заборава на ветеното.“

„Од избори до избори само ветуваат, а многу малку остваруваат од тоа што го ветуваат.“

„ Не сум сигурен дека тоа што го ветуваат и ќе го исполнат.“

Ако не можеме да ја смениме реалноста тогаш треба да го смениме погледот на реалноста

„Ако не можеме да ја смениме реалноста тогаш треба да го смениме погледот на реалноста“. Овој политички афоризам е најсоодветен, а може да се толкува и како како одлична најава за она што не очекува ова жешко и предизборно лето.
Политичарите веќе почнаа да ја исполнуваат оваа максима и секојдневно прават шоу за гледачите, едни потсетувајќи ги на минатото, други ветувајќи им убава иднина, ама сегашноста некако и не е веќе важна.

Владечката партија ја обвинува СДСМ за пропушените шанси за инвестиции и вработувања на граѓани кога тие пред 6 години биле на власт.

„Не стојат баш така работите господине Премиер. Еден лидер на политичка партија за 130 илјади евра, седум односно пет години лежи во затвор. А вие три ипол милиони евра знаете ли колку време треба да лежите во затвор за тие пари. Ама треба некој да ве затвори, ај да го видам тој суд што ќе посегне по тоа во оваа држава, нема шанси.
Тито Петковски, НСДП.

„Ова зад мене е објектот каде во 1995-та требаше да биде седиштето на светски познатиот бренд „Ауди“. „Ауди “ не влезе во Македонија, оваа фабрика никогаш не се отвори. Во медиумите се говореше дека некои луѓе од владата на Црвенковски побарале дополнителни милионски провизии. Фирма од Велс во 2004-та во период кога СДСМ управуваше со државата, беше најавено дека ќе инвестира и ќе ја гради индустриската зона Бунарџик, но таму работите тапкаа во место, не се инвестираше ништо“, изјави Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна и СДСМ со слична стратегија, обвинуваат за несработеното во изминативе 6 години.
Негативна капмања против владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нарачана од опозицискиот СДСМ.
Негативна капмања против владејачката ВМРО-ДПМНЕ, нарачана од опозицискиот СДСМ.

„Зошто шест години оваа власт не инвестираше ни еден скршен денар во енергетиката. Во изминативе шест години се изнагледавме театрални големи најави за инвестиции од странство , како што тргнало ќе имаме судир меѓу Катар и Руската федерација и околу гасификација и околу енергетика. После секоја посета на Груевски надвор само што не дошле инвестициите од таа држава, само што не почнало да се гради, за жал погледнете ги индустриските зони кои се зелени ливади“, вели Црвенковски.
Нека излезат тие на избори, нека најдат пари како сакаат и нека се рекламираат, но не да се рекламираат со парите на граѓаните. Значи за работата што ја сработил или не ја сработил, градоначалникот земал плата, значи пари од граѓаните, од даночните обврзници. Тука мислам дека рекламирањето од буџетските пари на општините е рамно на криминал.
Ариф Муса, поранешен антикорупционер.

Владеачката партија веќе неколку недели на прес конференции упорно прашува што направи СДСМ со парите од буџетот додека беше на власт. Во меѓувреме на телевизиите се емитуваат и реклами со кои граѓаните треба да се потсетат на криминалот од минатото, на изјавите на политичарите од партиска или собраниска седница.

Реклами се вртат и за студентите кои ги зафати новиот бран, со насмени и задоволни ликови за за шансата што им е дадена, секој ден по еден студент, таман има време со изборите сите стотина студенти да ги запознаеме.

Но оваа идеа и не е прва, сличен потег најави во 2005-тата година и владата на Бучковски односно тогаш беше најавено дека најдобрите 100 студенти ќе се вработуваат во јавната администрација.
Предвремени парламентрани избори 2011
Предвремени парламентрани избори 2011

Во пресрет на локалните избори ќе се менуваат и неколку закони со кои делумно им се ограничува слободата на претставниците на локалната самоуправа. Во собраниска процедура се законите за градежно земјиште, туристички развојни зони, за градење, за просторно планирање и експропријација.
Но нашиот изборен законик не забранува платена политичка програма, меѓутоа од друга страна и Советот за радиодифузија е обврзан да почитува некои правила од изборниот законик во поглед на почетокот на кампањата. Можеме вие или јас да речеме дека ова не е предизборна кампања, но во суштина стилот, начинот, методот наликува на изборна кампања. Значи еве нов феномен во македонската изборна пракса.

Гордана Силјановска, универзитетски професор.

И додека политичарите јавно зборуваат за преименување на улици, за мерки и проекти, темата „ финансирање на партии“ останува табу, па на пратенички прашања се наоѓа по некој да ја спомне. Пратеникот Тито Петковски прашањето за извештајот на државниот ревизор за финансирање на изборна кампања го постави од собраниска говорница.

„Прашањето гласи кога ќе ги вратите и како ќе ги вратите овие пари?“

Одговор доби од премиерот.

„Како и да ги враќа, треба и мора и така и ќе биде, мора да биде се во согласност со законот, така што во тој поглед нека не се грижи, во партијата си има тим на луѓе коишто си работат на оваа материја.“

Но Петковски не беше задоволен од одговорот.

„Не стојат баш така работите господине Премиер. Еден лидер на политичка партија за 130 илјади евра, седум односно пет години лежи во затвор. А вие три ипол милиони евра знаете ли колку време треба да лежите во затвор за тие пари. Ама треба некој да ве затвори, ај да го видам тој суд што ќе посегне по тоа во оваа држава, нема шанси.“

Партиите се рекламираат од народни пари?

Проблемот е во тоа што на минатите избори и антикорупциската комисија и државниот ревизор забележаа дека владеачката партија има потрошено повеќе пари од пријавеното, односно должи 3,2 милиони евра. Тогашниот претседател на Антикоруписката комисија Воислав Зафировски во тоа не најде проблем затоа што, како што изјави, партијата во следните три години ќе треба да си го исплати долгот. Но трошоците за изборна кампања можат да се покријат и исплатат исклучиво од сметката која е отворена за таа намена а истата се затвара кога изборите завршуваат.

Дополнително за 9 месеци сите партии ќе треба да отворат нови сметки за новата изборна кампања, иако дел од партиите и сега трошат пари кои не се евидентирани како финансии за изборна кампања. Станува збор за пари потрошени за реклами, за организација на митинзи на кои се промовираат кандидати за градоначалници, за трибини на кои владини функционери го посетуваат секое гратче за да ги потсетат жителите што направила локалната и централната власт, а што опозицијата.

Во меѓувреме и градоначалниците трошат пари за реклами. Во име на отчетност и на транспарентност преку рекламите тие се фалат дека си ја сработиле работата. За аналитичарите тоа е недозволиво трошење на народни пари.

„Нека излезат тие на избори, нека најдат пари како сакаат и нека се рекламираат, но не да се рекламираат со парите на граѓаните. Значи за работата што ја сработил или не ја сработил, градоначалникот земал плата, значи пари од граѓаните, од даночните обврзници. Тука мислам дека рекламирањето од буџетските пари на општините е рамно на криминал“ , вели поранешниот антикорупционер Ариф Муса.

Постојата кампања- македонска изборна пракса

Професор Гордана Силјановска вели дека се додека не истече нивниот мандат, градоначалниците можат да се докажуваат само преку активности и дела, а не преку телевизии, радија или весници.

„Но нашиот изборен законик не забранува платена политичка програма, меѓутоа од друга страна и Советот за радиодифузија е обврзан да почитува некои правила од изборниот законик во поглед на почетокот на кампањата. Можеме вие или јас да речеме дека ова не е предизборна кампања, но во суштина стилот, начинот, методот наликува на изборна кампања. Значи еве нов феномен во македонската изборна пракса.“

Силјановска вели дека е забрането финансирање на кампања од државни средства и тие се утврдени според законот и Советот за радиодифузија треба да реагира.

Експертите сметаат дека овие локални избори ќе претставуваат тест за партиската моќ и тест за јавното мислење и перцепција на граѓаните по однос на идните парламентарни избори. Аналитичарите велат дека ако на локалните избори повеќе градоначалнички места добие опозицијата, тогаш ќе се отвори можност за нови предвремени парламентарни избори, годината потоа.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG