Достапни линкови

Нам ни треба вашата поддршка


 Тамара Атанасоска, граѓански активист, колумнист и блогер
Тамара Атанасоска, граѓански активист, колумнист и блогер

Кампањско отуѓување од политичкото здружување уште повеќе го продлабочува тој јаз помеѓу генерациите, секоја доживувајќи ги идеите на другите како страни. Драги постари граѓани, нам ни треба вашата поддршка! Не ни треба вашата осуда,не ни треба ни вашето тапкање по рамо, вашата поддршка на збор додека вечераме, вашите 100 денари. Нам ни треба да застанете заедно со нас на улиците, ни треба да ни помогнете во идеите, ни треба заедно да учествуваме во тековите кои ја креираат иднината. Вам ви треба нашиот ентузијазам, нашето разбирање за болестите на модерното време, нашата неносталгичност, а нам ни треба вашето искуство и акумулирано знаење, а најповеќе таа малку волја за подобро која ви останала, пишува за РСЕ Тамара Атанасоска, граѓански активист, колумнист и блогер

1. Најпрво сакам да изразам жалење за луѓето кои не ја разбраа мојата претходна колумна. Успеавте длабоко да ме разочарате од тоа колку е скоро невозможно да си разговараме за активно граѓанство, без да го сфаќате конструктивното незадоволство како незадоволство од владеачката партија. Смешни дури, тие коментари. Навреди на лична основа, за годините најчесто без аргументи кои би го анализирале или дискредитирале она кое е напишано. Жалам, искрено.

Многубројни се аргументите во инертноста на која наидувам кај постарите. Прво велите дека сме незрели, немаме свое јас, а потоа не обвинувате за тоа што не нудиме политичка програма со која ќе можеме да влеземе во вашиот шаблон на размислување, да не категоризирате, осудите и полесно игнорирате.

Каде не ставате тогаш нас, ако нашите години не дисквалификуваат од учеството во оние текови над кои вие во моментов имате монопол, тековите кои се нашата иднина? Македонија не е некоја скандинавска земја во мирен, долгогодишен меланхоничен сон, Македонија е земја која се дефинира, промената не е генерациска туку повеќе секојдневна, земја во која само што проработуваат институциите, земја во која пазарот е климав и уште млад, земја која многу бавно но константно се оттрга од вредностите кои владееле овде пред 20 години и во која полека продираат западните вредности кои стануваат наше секојдневие. Зар во такви услови, вие ќе го одбиете нашиот придонес во креирањето на она што се нарекува држава и дом за сите нас, нас кои сме родени со концептите кои поголемиот дел од постарата генерација сеуште се мачи да ги прифати, а се неизбежни.

Многубројни се аргументите во инертноста на која наидувам кај постарите. Велите, сега е подобро од било кога, што па вас не ви чини. Велите млади сте, што па вие знаете, сигурно нема да одиме по вашиот памет. Велите дека сме деца кои се бунтуваат против се ако не сакаме да се преточиме во една од единствените две опции кои ни ги нудите. Прво велите дека сме незрели, немаме свое јас, а потоа не обвинувате за тоа што не нудиме политичка програма со која ќе можеме да влеземе во вашиот шаблон на размислување, да не категоризирате, осудите и полесно игнорирате.

Ако е сега подобро од било кога, дали тоа нас, луѓето на сегашноста не обврзува да се затвориме во вашето минато кое не е и наше? Дали тоа што вие сте ги стискале забите заробени во непријатноста на вашата младост не обврзува и нас тоа да го правиме? Фанон рекол: ”Секоја генерација мора, од својата релативна анонимност, да ја открие својата мисија, да ја исполни или да ја изневери”. Зошто мислите дека имате право на сметка на својата себичност да ни го оневозможите исполувањето на нашата, со тоа што ни ги затворате вратите пред нос велејќи дека не сакате да одите по нашиот памет?

Жалам и за вашето поимање на политиката како составено од чисто партиски структури. Жалам што не саката да погледнете наоколу да ја видите убавината на човекот, граѓанин како најважна структура која е столб на нашиот ситем. Жалам што пропуштате заедно да изградиме подобра иднина за нашите деца и за вашите внуци.

2. Артан Садику, уште еден млад човек вели: Кога искуството во Македонија ни приредува секојдневни циклуси и примери на манипулација на секаков вид непартиско организирање, ние мораме да почнеме секој пат одново, и пак одново, надевајќи се дека во еден момент мобилизирањето на граѓаните ќе придонесе до нивно политичко барање за завземање и присвојување на капацитетот на слободен човек. Овој ослободен човек, во таков момент го поседува целиот потребен политички потенцијал за слободно да ја изрази неговата политичка волја непосредно и истата директно да ја формира- да и даде форма преку нов политички агент.

Со тоа што низ годините се води активна кампања против непартиското политичко здружување, тоа што секој таков обид веднаш се труди да се претстави како антидржавен елемент, е ѕид пред нашето остварување на капацитетот на слободен човек како што вели Артан и изразувањето на нашата политичка волја.


Со тоа што низ годините се води активна кампања против непартиското политичко здружување, тоа што секој таков обид веднаш се труди да се претстави како антидржавен елемент, е ѕид пред нашето остварување на капацитетот на слободен човек како што вели Артан и изразувањето на нашата политичка волја. Не смее гласањето да остане единствен акт на политичка волја кој ни е допуштен, и кој се смета за единствено легитимно и општо прифатено изразување на истата!

А како да се издигнеме над тоа, кога во оваа земја никој со никого не соработува? Борците за човекови права едни на други си бодат очи, им е смачено од народот и го нарекуваат шутрачки; уважени професори и професорки седат на своето високо образовано столче, гледаат надолу, чекаат младите да направат некоја грешка во своето незнаење за да напишат колумна за тоа и да плукнат на целиот нивен повеќемесечен труд. Писатели огорчени од својот статус се гадат да разговараат со оние кои не стигнале да прочитаат толку книги како нив. Секој сам, за себе, секој фрла искра која се губи во празниот ладен простор, оставен на милост и немилост на толпата која е исплашена и го мрази секој што отскокнува. Не сум ни јас подобра.

Тоа кампањско отуѓување од политичкото здружување уште повеќе го продлабочува тој јаз помеѓу генерациите, секоја доживувајќи ги идеите на другите како страни. Драги постари граѓани, нам ни треба вашата поддршка! Не ни треба вашата осуда, вашата убаво спакувана колумна, вашата критика и анализа, вашето гадење над нашата неспособност да испливаме од врутокот на животот толку добро како вие. Не ни треба ни вашето тапкање по рамо, вашата поддршка на збор додека вечераме, вашите 100 денари. Нам ни треба да застанете заедно со нас на улиците, ни треба да ни помогнете во идеите, ни треба заедно да учествуваме во тековите кои ја креираат иднината. Вам ви треба нашиот ентузијазам, нашето разбирање за болестите на модерното време, нашата неносталгичност, а нам ни треба вашето искуство и акумулирано знаење, а најповеќе таа малку волја за подобро која ви останала.

3. За крај искрено жалам за луѓето кои се доживуваат себеси како „корисници“ на држават, кои воопшто не го перцепираат своето постоење како граѓани. Жалам за луѓето стуткани во својот страв од животот и се во него. Жалам за луѓето кои ќе стареат лути и огорчени од неправдите но нема да превземат нешто затоа што ги мрзи. Нема да може сите да избегаат, некој ќе мора и овде да остане. О да, токму тие ќе бидат виновни и за нашата несреќа.
XS
SM
MD
LG