вторник, мај 21, 2013 Скопје 23:20

Македонија

Липковско се уште е емигрантска Мека

Полицијата вели дека, ако нема соработка од грчките граничари, не може херметички да ја затвори границата за нелегалните имигранти.

Архивска фотографија: Имигрант од Сомалија во македонското село Лојане кај Куманово.
Архивска фотографија: Имигрант од Сомалија во македонското село Лојане кај Куманово.
Големина на буквите - +
Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки и активности за спречување на транзитот на илегални мигранти, додека, пак, дел од упатените посочуваат дека проценката на криминалците дека контролата се подзаборава ги поттикнува илегалните миграции.

Темата повторно се актуелизираше откако полицијата откри група африкански мигранти во куќа во Скопје, на кои крајна дестинација им било селото Лојане.

Кон крајот на минатата година мигрантите од Лојане даваа изјави пред камерата на Радио Слободна Европа.
Loading
12:00:00 / -:--:--
Од општина Липково нема официјални информации за ситуацијата на теренот. Соговорници од околината, кои инсистираат на анонимност, велат дека не забележале зголемено полициско присуство. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски вели дека постојано се вршат проверки на граничните премини низ земјава, посебно на јужната граница.
Факт е дека илегалните имигранти не доаѓаат директно во Лојане, туку напротив, нелегално влегуваат во Македонија од земја чланка на ЕУ, односно најчесто, во преку 90 отсто од случаите, од Грција, така што голем дел од напорите на македонската полиција, на МВР е токму во обезбедувањето на јужната граница кон Грција.

„Бидејќи факт е дека илегалните имигранти не доаѓаат директно во Лојане, туку напротив, нелегално влегуваат во Македонија од земја чланка на ЕУ, односно најчесто, во преку 90 отсто од случаите, од Грција, така што голем дел од напорите на македонската полиција, на МВР е токму во обезбедувањето на јужната граница кон Грција.“

Факт е дека се работи за специфична гранична линија која не може херметички да биде затворена, вели Котевски.

„Без разлика колкави напори вложува МВР во обезбедување на сопствената граница, доколку нема соодветен одговор од јужната страна, односно од задолжените за обезбедување на границата и од грчка страна, напорите не можат да вродат 100 проценти со плод.“

Интензивираните напори против појавата на илегална миграција пред неколку години даде резултат, вели професор Стефан Буџаковски.

„Меѓутоа најверојатно проценките на оние коишто се занимаваат со овој вид на криминал се дека веќе тоа поле е подзаборавено и повторно ја воспоставиле истата комуникација и транспорт на такви личности.“

Се поставува прашањето дали сиромаштијата и невработеноста во земјава го разгорува бизнисот со помагање на илегални мигртанти? Буџаковски одговара:

„Овие појави се јавуваат како фактор за сите видови криминалитет, меѓу кои и за овој, меѓутоа трговијата со луѓе ја работат високоорганизирани групи и се работи за криминал од повисок вид.“
Овој форум е затворен
Редење на коментари
Коментирајте
     
Име: Dimche
10.04.2012 16:31
+0 / -0
Димче - Смилево 1903 Даме Груев

Македонската владе би требало посериозно да ги гледа ваквите случувања, да престани со попуштање и да превзема мерки слични онакви како што превземаат така наречените комшии.

Србите си ја штитат државата, сите оние илегални мигранти
кои влегуваат во Србија српската полиција ги враќа во Македонија. Се прашуваме, зошто македонската полиција не постапува со сличен аршин, сите они илегални мигранти кои велегле од Грција да се вратат назат во Грција?

Дали се уште не се научивме од минатото, кога ромите беа протерани од Косово во Македонија?

Дали не добивме поука кога србите со вагони ги растоваруваја албанците во Македонија?

Дали не добивме поука кога Бранко им подари преку сто илјади башоши на албанците за да си ја зачува меката столица?

Додека комшиите си прават една национална држава, ние македонците од Македонија правиме невкусна чорба во која ќе исчезне македонската нација.

За да и го задоволиме апетитот на ЕУ и на фашистичка Грција македонците плаќаат скапа цена со самопоништување.

Кога сите можеле да прават се и сешто, зошто Македонија да неможи да ги врати ромите назат во Косово?

Зошто Македонија да не можи да ги врати косоварите кои илегално влегле во Македонија?

Зошто да не бидат доживотно казнети оние лица кои за нивни интереси и брзо збогатување им продавале пашоши на косоварите?

Сите оние кои зеле на црно такви пашоши да бидат протерани?

Ако се работи за доброто на Македонија и за доброто на понижениот македонски народ, треба да се превземи акција во Лојане и Ваксинце, да се направи истрага дали некој од тие жители се замешани во оваа валкана афера. Доколку се пронајдат такви лица, да бидат казнети со најстроги казни без никаква милост кој и да е.

Име: Makedon
10.04.2012 12:19
+0 / -0
Грчките институции тенденциозно си го решаваат социјалниот и економски проблем што емифрантите го претставуваат со тоа што им креваат рампа да поминат преку граница во Македонија. Ние треба моментално да ги депортираме назад исто како што треба

Мултимедиа

Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
Вашата JavaScript е исклучена или имате стара верзија на Adobe Flash Player.Спуштете ја новата верзија на Flash player.
Фотогалерија

Фотогалерија Торнадото во Оклахома Сити

Над 90 загинати, меѓу нив и 20 деца во големото торнадо што го погоди предградието Мур во Оклахома Сити. Разорната стапка на торнадото била околу еден километар.
Повеќе