петок, декември 19, 2014 Скопје 03:08

Македонија

Турските серии опиум за народот

Замореноста на луѓето од политиката која е длабоко навлезена во нивниот живот ги турка во светот на телевизијата, а тогаш се случува комплетна ментална контузија. Сериите одземаат премногу време, луѓето стануваат зависни и опседнати од нив, но ако таквата зависност е контролирана, не мора да е штетна, велат социолозите.

Илустрација: снимање серија во Турција.
Илустрација: снимање серија во Турција.
Ако пред 15 години некому му беше чудно ако улиците во градот беа празни кога се емитуваше телевизиската сапуница Касандра, денес стана нормална појава телевизиските серијали да имаат голема гледаност од публиката. И веројатно нема човек кој не слушнал за Величенствениот Султан Сулејман, без разлика дали ја гледа споменатата серија или не.
Жена ми едвај чека тие турските да ги гледа, ужива во тоа, а мене не ме гледа, вика нема ништо ни јадење, ни пиење, ми вика оди земи си сам, додека не завршат сериите, ништо.

Телевизиската куќа неколкупати дневно не потсетува на кратката содржина на секоја следна епизода од серијата. И не само таа, во моментот постојат неколку турски серии кои се емитуваат во македонскиот етер. Па така, во попладневните часови имате можност да ги проследите епизодите кои не сте успеале да ги видите претходната вечер, а вечерта пак да дознаете што ново се случило во животот на главните ликови.
Турскиот актер Киванк Талитуг од серијата ЃумушТурскиот актер Киванк Талитуг од серијата Ѓумуш
x
Турскиот актер Киванк Талитуг од серијата Ѓумуш
Турскиот актер Киванк Талитуг од серијата Ѓумуш

Трендот кој почна со новелите од Латинска Америка, продолжи со шпанските сапуници, па португалски, хрватски, индиски и во моментот најактуелните-турски серии.

Нема ручек додека не заврши серијата

И како што е ред, прво решивме да поразговараме со граѓаните и да ги прашаме дали и колку ги гледаат сериите кои во моментот се
Нема што да гледаш друго, ако излезам треба да потрошам пари, а ми се допаѓаат тие, така фино убаво, си викам, да сум млада сега да облечам еден фустан како Величествената да бидам.

емитуваат на телевизиите? Граѓаните кои случајно ги сретнавме искрено одговорија дека гледаат повеќе, а не само една серија. Постарите гледале и репризи, секој ден, со или без очила. Средновечните, гледале зошто во периодот кога се емитуваат немале друга работа, па се одморале со кафе во рака. Зачудувачки или не, и младите гледаат турски серии.

„Гледам затоа што немам друго што да гледам, не оптеретија со многу тешки прашања, сакаш, не сакаш, тоа гледаш.“

„Убави се, ми се допаѓаат, не ме заморуваат, еве и оваа за Величествениот, тоа е историско, како било во Турција порано, имаме наочари ако сериите не се ​преведени и така. Секој ден гледам, по ручек, тоа е обавезно.“

„Жена ми едвај чека тие турските да ги гледа, ужива во тоа, а мене не ме гледа, вика нема ништо ни јадење, ни пиење, ми вика оди земи си сам, додека не завршат сериите, ништо.“

„Нема што да гледаш друго, ако излезам треба да потрошам пари, а ми се допаѓаат тие, така фино убаво, си викам, да сум млада сега да облечам еден фустан како Величествената да бидам.“

Некои од граѓаните велат дека гледаат серии оти само тоа се нуди, или, пак, дека поради слабата економска моќ немаат пари за во кино или театар, па седат дома и гледаат серии. Сепак, сретнавме и такви кои ни рекоа дека не ги интересираат сериите.

Тоа е исто сега да ме погодува што луѓето седат дома и гледаат филм на ДВД и не доаѓаат на театар, тоа е веќе друг проблем, треба нешто ептен да ги привлече за да дојдат во театар. Времето е брзо, немаат луѓе време ни два саати да седат и некој да им збори нешто коешто можеби и не го разбираат.
„Замараат, точно замараат, јас не ни сакам да ги гледам, повеќе сакам да гледам некој документарец отколку тие серии.“

„Тоа повеќе заморува, отколку што одмара јас мислам. „Полат“ го гледаат мали деца, се пукаат, се бодат.“

Сапуниците се тајното оружје на турската дипломатија

Дневниот весник Хуријет Дејли њуз пишува дека турските серии во мометот се гледаат во повеќе од
Индиски серии, Малечката невеста.Индиски серии, Малечката невеста.
x
Индиски серии, Малечката невеста.
Индиски серии, Малечката невеста.
20 земји низ светот и служат како поддршка на благо влијание на турската дипломатија. Во изминатата година Турција заработила околу 46 милиони евра од сериите и успеала да ги поправи односите со голем број држави. Турските серии ги соборуваат сите рекорди на гледаност во северноафриканските и блискоисточните земји, носејќи голема заработувачка и го зголемуваат влијанието на Турција

Тоа е дека овие матријали се компаративно земено поевтини од другите, да речеме да откупите некоја поатрактивна холивудска серија или од американско филмско подрачје, многукратно поскапо е, значи се работи за ефтина програма, релативно ефтина компаративно земено и се работи за веќе една научена публика за која медиумите се свесни и на која постојано и се нудат овие програми.
 во регионот и на Блискиот Исток, така што го промовираат начинот на живот во оваа земја. Интересен е фактот што во ист период во 20 земји се прикажувале 100 турски серии.

Во Македонија во моментот се прикажуваат десеттина турски серии. Повеќето од нив добија синхронизација на македонски јазик.

Луѓето сакаат емотивни приказни

Јордан Симонов е еден од актерите кој го „позајмува својот глас“ на неколку ликови во различни серии. Вели дека приватно не ги гледа, но признава дека надсинхронизацијата придонела гледаноста на сериите да порасне, но и да се афирмира македонскиот јазик.

„Како и секоја друга работа, исто и ова, малку е различен аспектот, но еве и мои колеги многу добро се снаоѓаа во целата таа работа и тука има простор и ти сопствено да си додадеш некои работи, затоа што еве излегоа некои ликови кои станаа општо прифатени а тие не беа толку добри во оригиналот.“
Шехерезад.Шехерезад.
x
Шехерезад.
Шехерезад.

Матрицата на овие серијали, според Симонов, е лесно прилагодлива кај гледачите. Тие работат со примарните чувства, љубов, тага и омраза, а луѓето вели тој сакаат да го гледаат токму тоа. Го прашавме Симонов дали го повредува фактот што луѓето се повеќе гледаат серии наместо театарски претстави?
Кога ќе заврши сето тоа следи една голема празнотија, една голема празнотија во душата, една голема испразнетост која е стравична, зјапи од душата, од психата на човекот. Тоа има потоа повратно влијание кое апсолутно е штетно за љуѓето. Тоа е еден вид опиум, тие што го земаат постојано, го земаат и одеднаш го нема.

„Тоа е исто сега да ме погодува што луѓето седат дома и гледаат филм на ДВД и не доаѓаат на театар, тоа е веќе друг проблем, треба нешто ептен да ги привлече за да дојдат во театар. Времето е брзо, немаат луѓе време ни два саати да седат и некој да им збори нешто коешто можеби и не го разбираат.“

Сериите носат гледаност, а со тоа и пари
Турската серија Лале.Турската серија Лале.
x
Турската серија Лале.
Турската серија Лале.

За социолозите, ваквата појава е комплексна. Универзитетскиот професор Илија Ацески вели дека ни недостасува квалитетна телевизиска програма. Тоа, според него, е објективната причина за големата гледаност на телевизиските сапуници. Од друга страна, пак, Ацески посочува дека сериите се еден вид ментално бегство од реалноста и проблемите кои ги оптоваруваат граѓаните.
Во начинот, во филозофијата на животот на постколонијални остатоци, на пример значи ист начин на облека, ист начин на гледање на животот, на општеството и сето тоа се собира и создава еден конгломерат на културен релативизам.

„Човекот го, не затупува, туку едноставно го релаксира тотално, те носи во некаква реалност, не носи во една друга реалност на некои други луѓе во некаква серија во некакви дејствија коишто баш немаат врска со реалноста условно кажано.“

И комуникологот Сеад Џигал вели дека ваквите телевизиски серијали имаат стабилна публика која постојано расте. Крајот на 90-тите години и пробивот на латино-американските ТВ новели креираа целна група која од пазарен аспект воопшто не е за потценување. Џигал вели дека постојат две причини поради кои телевизиските куќи се одлучуваат да ги купат и емитуваат таквите содржини.
x

„Тоа е дека овие матријали се компаративно земено поевтини од другите, да речеме да откупите некоја поатрактивна холивудска серија или од американско филмско подрачје, многукратно поскапо е, значи се работи за евтина програма, релативно евтина компаративно земено, и се работи за веќе една научена публика за која медиумите се свесни и на која постојано и се нудат овие програми.“

Искуството покажа дека ваквите серии го зголемуваат рејтингот на телевизиите, но од друга страна и нивната економска заработувачка, зашто рекламите се составен дел од секоја нова епизода.

Во 2010 година продадени се 70 турски серии во странство. Директорот на продуценската куќа Калинос холдинг, Ферат Ѓулхен изјавил дека тоа бил рекорд во дистрибуцијата на турските серии и филмови во странство. Тој истакнал дека сериите се дистрибуирани во земјите од Блискиот исток и во Европа. Ѓулхен наведува дека една телевизиска серија во моментот се продава од 20.000 до 50.000 долари, а на почетокот нивната цена се движела од 30 до 50 долари. Годинава, оваа продуценска куќа најавува емитување на нова серија за освојувачот на Константинопол, Фатих Султан Мехмед. Серијата ќе има 30 епизоди, а нејзиниот буџет изнесува 25 милиони долари.

Социологот Хасан Јашари, пак, смета дека серијалите се добри. Совпаѓањето на некои вредности или обичаи од турските серии со нашето секојдневие ги прави сериите уште поинтересни. Ни ликовите, ни темите, ни локациите не се непознати. Блиски ни се културите, географијата, тесно сме поврзани, вели Јашари.

„Во начинот, во филозофијата на животот на постколонијални остатоци, на пример значи ист начин на облека, ист начин на гледање на животот, на општеството и сето тоа се собира и создава еден конгломерат на културен релативизам.“

Гледаноста на телевизиските серијали се должи и на нивната „лесна” содржина која, според упатените, не бара поголем психички замор. Се работи за афективно ориентирани содржини кои бараат емотивна поврзаност на луѓето со случувањата во серијалот, вели Џигал.

„Дури во рамките на една епизода која да речеме трае 60 минути имате два настани и се околу тоа е некаков вид на прераскажување, емотивни реакции, многу се распливнати тие содржини и многу се лесни за следење.“

Полни очи, празен дух

Дел од експертите предупредуваат на негативните последици од гледањето на ваквите серијали. Професор Ацески вели дека замореноста на луѓето од политиката која е длабоко навлезена во нивниот живот ги турка во светот на телевизијата, а тогаш се случува комплетна ментална контузија. Се сомневам дека луѓето би издржале без ТВ приемниците, вели Ацески. По завршувањето на одреден серијал, следува голема духовна празнина, додава тој.

„Кога ќе заврши сето тоа следи една голема празнотија, една голема празнотија во душата, една голема испразнетост која е стравична, зјапи од душата, од психата на човекот. Тоа има потоа повратно влијание кое апсолутно е штетно за љуѓето. Тоа е еден вид опиум, тие што го земаат постојано, го земаат и одеднаш го нема.“

Според Џигал, сериите потхрануваат еден вид на зависност. Вие влегувате во еден круг и развивате еден вид навика која може да придонесе до негативни последици како што се асоцијалност, неемотивно созревање или игнорирање на средината.

„Тие создаваат навики коишто постапно, несвесно ние ги практикуваме секојдневно и трошиме по неколу часа на конзумирање на такви програми, што може да има секакви негативни последици.“

И Јашари вели дека сериите одземаат премногу време. Луѓето стануваат зависни и опседнати од нив, но ако таквата зависност е контролирана, не мора да е штетна, вели тој.

„Значи треба да се има една мера, еден квантум што се вика, нормален.“

На почетокот, турските телевизиски серии беа на удар на исламските конзервативци и во самата Турција поради разголените убавици и слободната љубов надвор од брачната заедница. Турската експертска јавност смета дека сериите во кои се покажуваат провокативни сцени се неморални, но и покрај тоа сите ги гледаат.

„Ние ги критикуваме, но и ги гледаме со големо разбирање, изјавил тунискиот професор Монцеф Ајари на Турско-Арапскиот форум во Истанбул.

Социологот  Нулуфер Нарли од Универзитетот Бачесехир во Турција,  вели дека со се позачестеното емитување на турските серии во светски рамки, учењето на турскиот јазик и култура станаа важна работа во арапските и балканските земји, а  тоа, според него, значи благо влијание во контекст на културната индустрија.

И без намера да сугерираме или да влијаеме на изборот на граѓаните што ќе гледаат, на крајот ги прашавме нашите соговорници, дали ако не е неколкучасовната телевизиска програма збогатена со сапуници, ќе имавме повеќе време за книги или прошетки.

„Не да прочитаат, туку едноставно тоа време да се користи за многу други активности. Дете на 16-17 години гледа серии, студент гледа серии“, вели професор Ацески.

„Работата е да се дозираат, пазарот да има своја понуда разновидна, но сепак и публиката мора да созрева“, вели комуникологот Џигал.

„Со сила никој не ги тера луѓето да ги гледаат сериите, тие доброволно влегуваат во тоа“, додава актерот Симонов.

„Не треба да шетаат за да гледаат една добра серија, тоа им се нуди. И понудата има влијание, тоа се нуди од сите телевизии“, изјави Јашари.

Инаку инвазијата на турските серии во земјава започна го големиот хит Илјада и една ноќ кој имаше рекордна гледаност во Македонија, по што следеше серијалот Кога лисјата паѓаат.

Анализата на турскиот весник Хуриет покажува дека емитуваењето на турските серии во земјите покрај тоа што ги зголемува приходите во Турција, го зголемува и влијанието на земјата во регионот. Турските серии се емитуваат во многу земји од Централна и Источна Европа, меѓу кои, покрај нашата, се и Бугарија, Србија, Хрватска, Чешка, Романија, Полска и Унгарија. Јапонската телевизија дури и направила документарец за турските серии и нивнотот влијание врз туризмот и извозот.
Овој форум е затворен
Редење на коментари
Коментирајте
     
Име: recenzent
27.02.2012 12:25
+0 / -0
Nemozeme samo da cmizdrime kako ne cinele Turskite serii, JuznoAmerikanskite, Severno Amerikanskite, Indiskite serii, Bugarskite serii, Srpskite, Bosanskite, neznam kakvite...
Zarem e zabraneto da se snimaat Makedonski serii ? Neka se snimat nasi serii. Nemora da bidat podobri od drugite, neka bidat polosi, AMA NEKA GI IMA. Site Makedonski televizii se uzasni paraziti, nemaat nisto proizvedeno, samo pustaj preku cel den stranski serii (ne mi e bitno dali se Turski ili Indisk ili neznam kakvi), nemozes da vidis nisto ubavo, dokumentarec, razgovorna emisija od oblast na filmot (od bilo koja oblast, filmot samo onaka go kazav), nekakva emisija od koja se stanuva popameten... nema nisto od toa. A i ako eventualno zaluta nekoja takva emisija - i taa e stranska. Sramotilaci.

Име: novak Град: eu
25.02.2012 18:08
+0 / -0
Vistina e toa deka sapunskite serii (a ne turskite, spanskite, i.t.n.) provociraat bezbroj analizi. Edna od niv pokraj gorespomenatite e i propagandniot karakter. Mene mi lici kako nekoj da pravi psiho test na gragjanite pa kako rezultat mozat da se dadat ocenki za poveke nesta kako na pr: koeficient na inteligencija, doza na fanatizam, angziranost so rabotni obvrski, veruvanje vo se i sesto kako ovoj od vtoriot komentar, i mnogu drugi raboti.
Vo sekoj slucaj posledicite nema da bidat pozitivni

Име: ole Град: sk
25.02.2012 10:32
+0 / -0
Jas ke kazam sto jas cuvstvuvam.Relaksiranje,beganje od realnost,
Zavisnost nema ,biram sto ke gledam .Nokta ni pominuva za cas a mozokot si go odmorame od vestite za zakoni,krazbi,kazni,ubistva..Moram da istaknam najmnogu gi gledam p[oradi makedonskata nadsinhtronizacija.Na Alsat gi vidov i cuvstvoto e sosema poinakvo.Nasite glumci 50% za popularnosta.Turskiot ne e spanski pa da ni se dopadne:)

Име: Filip Град: Prilep
25.02.2012 10:25
+0 / -0
Turskite serii se dosta opasni, posebno za mladata populacija. Premnogu vreme se gubi na gledanje na serii koi promoviraat vrednosti koi ne se svojstveni za nas, Makedoncite. Na primer, serijata Velicestveniot gi promovira muslimanskite vrednosti i promovira eden istoriski lik koj pred 500-600 godini gi ubival nasite pretci i ja osvoil / porobil nasava drzava. Treba dobro da se preispita (SRD)dali e vo red da se prikazuva taa serija. Toa e isto kako da se prikazuva serija koja bi go velichala vladeenjeto na Hitler, Musolini, ili nekoi ustaski, cetnicki ili fasiticki bugarski likovi. Ova e mnogu seriozno prasanje koe treba da se resava vo instituciite na sistemot.

Избор на уредникот

Радио програма