Достапни линкови

Полициската истрага го замрзна Охридско лето


Архивска фотографија: Фестивалот Охридско лето.
Архивска фотографија: Фестивалот Охридско лето.

Досегашниот директор Васко Василевски, не издржа ни три месеци на функцијата и вчера си поднесе оставка од директорската позиција на најпрестижната културна манифестација во земјава Охридско лето. Се повлекоа и тукушто поставените селектори на фестивалот. Министерството за култура денес за в.д директор ја назначи Анита Алоска. Во Охридско лето деновиве се врши и полициска истрага за досегашното работење во фестивалот.

Молк во фестивалот Охридско лето, откако досегашниот директор Васко Василевски вчера попладне си поднесе оставка од оваа функција. На негово место, Министерството за култура за в.д директор од редот на неколкумината вработени ја назначи Анита Алоска. Досегашниот директор Василевски, кој на оваа функција издржа само три месеци, во писмено соопштение ја образложува својата одлука.
И покрај неколкуте успешни настани за освежување на Охридско лето за време на зимскиот период, кои беа одлично прифатени од моите сограѓани, актуелните случувања во и околу НУ Охридско лето, сеопфатната полициска истрага, ме оневозможуваат целосно да се посветам на програмата и враќањето на сјајот на Охридско лето за што и бев избран.
Васко Василевски, досегашен директор на Охридско лето.

„И покрај неколкуте успешни настани за освежување на Охридско лето за време на зимскиот период, кои беа одлично прифатени од моите сограѓани, актуелните случувања во и околу НУ Охридско лето, сеопфатната полициска истрага, ме оневозможуваат целосно да се посветам на програмата и враќањето на сјајот на Охридско лето за што и бев избран“, вели Василевски.
Анита Алоска в.д. директор на фестивалот Охридско лето.
Анита Алоска в.д. директор на фестивалот Охридско лето.

Скандалот кој деновиве ја тресе најпрестижната културна манифестација во земјава, доаѓа откако пред десетина дена тука започна да се спроведува полициска истрага за работењето со фестивалот во минатото, а продолжи со назначувањето на актерот Горан Стојановски и директорката на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ за селектори на драмскиот и музичкиот дел на фестивалот, токму од страна на директорот Василевски, за само по еден ден тие да си поднесат оставки од овие функции.
Толку е нарушен имиџот, што мене нема да ме изненади ништо понатаму што ќе се случува. Имиџот се урива многу години наназад и ова е само продолжение на уривањето на имиџот. Јас имам информации дека таму подолг период се случуваат крупни работи, лоши работи и едноставно тие бараат жртви, целиот тој криминал што е правен во минатото кој ќе го испере, кој ќе го потпише.
Александар Петрески, градоначалник на Охрид.

„Моето неприфаќање практично на селекторската позиција подразбира уште еден голем товар и одговорност за правење на две програми и тоа подразбира театарската програма, репертоарот и новата продукција која треба да се направи за 2012 година, а од друга страна треба да се направи драмската програма на Охридско лето“, изјави актерот Горан Стојановски.

Во фестивалот полицијата води истрага за тоа како се реализирале програмите, па се до тоа како се спроведувале постапките за јавни набавки. Паралелно, Државниот ревизор претходно констатира низа неправилности во работењето на Фестивалот, меѓу другото и со изборот на самите директори.

Единствено градоначалникот на Охрид, Александар Петрески проговори за целата ситуацијата.
Досегашниот директор на Охридско лето Васко Василески.
Досегашниот директор на Охридско лето Васко Василески.

„Толку е нарушен имиџот, што мене нема да ме изненади ништо понатаму што ќе се случува. Имиџот се урива многу години наназад и ова е само продолжение на уривањето на имиџот. Јас имам информации дека таму подолг период се случуваат крупни работи, лоши работи и едноставно тие бараат жртви, целиот тој криминал што е правен во минатото кој ќе го испере, кој ќе го потпише“, вели градоначалникот Петрески.

Охриѓани сметаат дека ако работите не се средат, имиџот на фестивалот ќе биде целосно нарушен.

„Би требало да се средат работите, има време. Многу е важно. Многу ни значи се да биде во ред. Овде од цел свет доаѓаат уметници кои се најдобри амбсадори на Македонија.“

РСЕ: Каков директор треба да добие фестивалот?

„Директорот пред се треба да биде духовно богата личност, коа ги знае сите работи“, вели една охриѓанка.

„Би сакал Охридско лето да има голема традиција и се добро да е направено. Ако се бори некој само за функција, а не му е важно каков ќе биде фестивалот, сигурно го нарушува имиџот“, вели граѓанин на Охрид.

Охриѓани бараат, наместо да се урива, имиџот на фестивалот да се подигне на повисоко ниво. Иако се уште има време до 52-то издание на Охридско лето, изборот на нов директор, селектори на програмата, како и средувањето на работите внатре во фестивалот, сигурно ќе ги одложат подготовките за новото издание кое треба да се отвори на 12 јули.
XS
SM
MD
LG