Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно се обвинуваат, МВР молчи


Кој треба да ги каже поттикнувачите на тензиите во Македонија, партиите или институциите?

СДСМ, денеска повторно го повика премиерот Никола Груевски да ги каже имињата на оние опозиционери кои, според него, предизвикувале меѓуетнички инциденти.
Раководството на СДСМ.
Раководството на СДСМ.

Поминаа првите 24 часа, а Никола Груевски сè уште не соопшти кои се тие поединци во опозицијата кои според него предизвикувале инциденти. Наместо одговор како што му личи на одговорен политичар, тој го пушти својот портпарол, кој вчера дополнително го заплетка својот шеф. Тој јавно на мојата партија и на мене лично, ми порача да не сум се секирал и дека непотребно сум го прашувал Груевски.
Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.
„Поминаа првите 24 часа, а Никола Груевски сè уште не соопшти кои се тие поединци во опозицијата кои според него предизвикувале инциденти. Наместо одговор како што му личи на одговорен политичар, тој го пушти својот портпарол, кој вчера дополнително го заплетка својот шеф. Тој јавно на мојата партија и на мене лично, ми порача да не сум се секирал и дека непотребно сум го прашувал Груевски, бидејќи МВР ги барала поединците кои ги предизвикувале инцидентите. Какво катастрофално признание! Значи, Никола Груевски јавно обвинува, посочува со прст, а Гордана Јанкуловска и МВР се уште ги бараат сторителите! Груевски те тужи, Груевски те суди“, изјави на денешната прес-конференција, потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

​Според него, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе една година ги штитат предизвикувачите на инцидентот на скопското Кале, Никола Груевски со месеци ги крие фалсификаторите на пописот, а партиско-полициските инсталации со недели се прават слепи за вандалите во Струшко.
Гордан, многу ми е жал што твоите сопартици те доведуваат континуирано во ваква ситуација, да се бламираш пред македонската јавност и овој пат да бидеш соучесник во нивната намера да се заташка нешто, како што е признанието на Артан Груби.
Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако не е така, тогаш нека нè демантира премиерот и нека каже кога Гордана Јанкулоска го повикала шефот на кабинетот на Али Ахмети во МВР, лично да и ги каже имињата на тие што наводно го контактирале? Дали им се земени искази на градоначалниците на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Рамиз Мерко и Перо Илиевски? Господине Груевски, доста им е на граѓаните од вашите лаги, поплаки, манипулации и лажен патриотизам“, порача Георгиев и го повика премиерот да излезе и јавно да соопшти кои се тие поединци во опозицијата кои според него предизвикувале инциденти.

ВМРО-ДПМНЕ повторно ги бара имињата од СДСМ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека поминаа цели 24 часа откако Гордан Георгиев не најде храброст и достоинство да го погледне во очи неговиот партиски шеф Црвенковски и да го праша него и другите од раководството на СДСМ:кој контактирал со Артан Груби и како се организирале протестите на Разбуди се и Плоштад Слобода против проектот Скопје 2014-та, а за кои денес во медиумите се појавија фотографии и заеднички флаери и повици за протестирање од тоа време?

„Гордан, многу ми е жал што твоите сопартици те доведуваат континуирано во ваква ситуација, да се бламираш пред македонската јавност и овој пат да бидеш соучесник во нивната намера да се заташка нешто, како што е признанието на Артан Груби“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски.

Според него, свесното извртување на изјавите на премиерот Груевски Груевски и Димовски е доказ дека СДСМ се фатени во тесно како говорат невистини и ја замајуваат јавноста.

Наместо да се правда и да се вади од калта во која самите се заплеткаа, единствено што Гордан Георгиев треба да направи е да погледне околу себе, да собере храброст и да запраша кои се луѓето од неговата партија кои нарачувале меѓуетнички тензии, рече Бичиклиски.

СДСМ не може да излезе од овој скандал се додека не ги открие тие луѓе. Се друго освен нивно јавно соопштување е обид на СДСМ тие да се заштитат.
Една безидејна партија со сериозен недостаток на човечки потенцијал како што е СДСМ очигледно дека својот успех на политичката сцена го гледа преку подбуцнување и креирање на тензии- социјални и меѓуетнички, изјави Бичиклиски.

Клучните актери молчат

И додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ решиле на партиски прес-конференции секојдневно меѓусебно да се обвинуваат кој ги поттикнува тензиите во Македонија, од МВР засега нема никаква информација дали по јавно искажаните посочувања на виновници, има некој осомничени и што се превзема на тој план. Нема реакција ниту од Јавниот обвинител дали има намера да покрене некаква постапка за тврдењата на партиите дека некој намерно разгорува меѓу-етнички и меѓу-верски тензии и настојува да предизвика криза во Македонија. Како и да е, надлежните институции се најповикани да реагираат. Во спротивно, им оставаат на партиите и партиските врхушки да ја вознемируваат јавноста со една од најчувтвителните теми и да играат на најопасната карта - меѓуетничките тензии.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG