Достапни линкови

Ќе остане ли власта глува за пораките на Рикер?


Средба на премиерот Никола Груевски со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер,
Средба на премиерот Никола Груевски со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер,

Прво името, па НАТО, порача Филип Рикер, по кој знае кој пат искажувајќи го ставот на меѓународната заедница. Власта не ги слуша меѓународните пораки и си тера по свое, велат експертите.

Дали на македонскиот политички врв му е јасна пораката дека предуслов за членство во НАТО е постигнување консензус со соседна Грција? Прашањето се покренува по вчерашната изјава на помошник државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Филип Рикер, кој посочи дека Меѓународниот суд во Хаг има свои правала, но Алијансата функционира по своите правила кои што бараат консензус, кој истовремено значи и преземање на одговорноста со зачленувањето во оваа организација.
Јас не знам колку пати меѓународната зедница треба да го повтори истиот став дека ние мора да најдеме заедничко решение за името со Грција, па дури тогаш можеме да се надеваме на било какво поместување кон НАТО и ЕУ. Така да сите овие кампањи околу тоа дека под ФИРОМ може да влеземе, дека Грција ќе попуштила, дека меѓународната заедница ќе извршела притисок, тоа се се прикаски за мали деца.
Петар Арсовски, политиколог.

Политикологот Петар Арсовски вели дека решавањето на билатералниот спор е суштинското прашање.

„Јас мислам дека ниту привремената референца, ниту пресудата во Хаг, ниту, пак, желбите на меѓународната зедница не можат да го решат нашето суштинско прашање, а тоа е дека ние мораме да најдеме заеднички јазик со Грција. Пресудата во Хаг е таква каква што е и никој не спори дека е таа правилна или дека е на страна на правдата, но тоа што спориме е дека таа не помага во решение на проблемот.“

Арсовски потсетува дека меѓународната заедница во неколку наврати ја посочила потребата за постигнување консензус со јужниот сосед
Средба на министерот за одбрана Фатмир Бесими со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер
Средба на министерот за одбрана Фатмир Бесими со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер

„Јас не знам колку пати меѓународната зедница треба да го повтори истиот став дека ние мора да најдеме заедничко решение за името со Грција, па дури тогаш можеме да се надеваме на било какво поместување кон НАТО и ЕУ. Така што, сите овие кампањи околу тоа дека под ФИРОМ може да влеземе, дека Грција ќе попуштила, дека меѓународната заедница ќе извршела притисок, тоа се се
Затоа што НАТО и ЕУ не се организации кои вовлекуваат болни супстанции во својот организам, затоа што евентуалното зачленување на Македонија под привремена референца би било пренесување на проблемот од билатерала на едно највисоко ниво и тука е невозможно да се реши.
Алајдин Демири, професор.
прикаски за мали деца.“

Рикер уште еднаш потврди дека зачленувањето во НАТО е во рацете на македонските политичари, вели професор Алајдин Демири, додавајќи дека владата се обидува проблемот да го реши на поинаков начин.

„Свесна дека влегла во една авантура со хеленизација и антиквизација на нацијата, свесна дека не може на таа тема да се расправа, односно да најде решение, оди на оној пат да се направи притисок Македонија да се зачлени со привремената кратенка БЈРМ и преговорите да продолжат понатака.“

Проблемот е посериозен, вели Демири:

„Затоа што НАТО и ЕУ не се организации кои вовлекуваат болни супстанции во својот организам, затоа што евентуалното зачленување на Македонија под привремена референца би било пренесување на проблемот од билатерала на едно највисоко ниво и тука е невозможно да се реши.“

За потсетување, кон средината на минатата година, помошник генералниот секретар на НАТО за политички односи и безбедносна политика, Дирк Бренгелман порача дека НАТО останува на одлуката Македонија да биде дел од Алијансата, веднаш откако ќе го реши прашањето за името.
XS
SM
MD
LG