Достапни линкови

Со партиски војници во дипломатска офанзива


Средба на премиерот Никола Груевски со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на РМ во странство. Скопје, декември 2011.
Средба на премиерот Никола Груевски со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на РМ во странство. Скопје, декември 2011.

Власта најави дипломатска офанзива за годинава. Аналитичарите не се оптимисти дека со дипломатскиот капацитет со кој располага МНР може да се постигне нешто.

Годината што е пред нас треба да биде голем предизвик за активностите на македонската дипломатска мрежа, велат упатените во оваа област. Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошевски очекува интензивна дипломатска активност, а најсилниот капитал е пресудата од Хаг која треба и да биде реализирана во корист на Македонија.
Тоа истовремено ќе биде и најсилниот дипломатски капитал, но и најголемиот дипломатски предизвик за да може оваа меѓународно-правна победа пред судот на ОН да се преточи и во дипломатски и во политички успех за нашата држава.
Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи.

„Тоа истовремено ќе биде и најсилниот дипломатски капитал, но и најголемиот дипломатски предизвик за да може оваа меѓународно-правна победа пред судот на ОН да се преточи и во дипломатски и во политички успех за нашата држава.“

Според професор Стево Пендаровски, пак, две структурни работи ќе ја определуваат активноста на македонската дипломатија. Содржината на политиките и кадровската структура која ќе ги сопроведува тие политики.

„За жал луѓето кои ја спроведуваат таа и таква политика се се со послаб човечки и професионален капацитет, така што освен
Антонио Милошоски се ракува со медијаторот Метју Нимиц
Антонио Милошоски се ракува со медијаторот Метју Нимиц
политиките што ги знаеме нема да има никаква буквално никаква иновација. Човечкиот матријал е на исклучително ниско ниво и мислам дека 2012-та Македонија на надворешен план ќе биде преставувана веројатно од најслабиот човечки потенцијал кој сме го имале било кога од нашето осамостојување.“

Македонската надворешна политика е макета која има само внатрешна употреба, вели Пендаровски. Било кој
Во 2012-та Македонија на надворешен план ќе биде преставувана веројатно од најслабиот човечки потенцијал кој сме го имале било кога од нашето осамостојување.
Стево Пендаровски, професор.
метод на работа кој ќе се примени, има за цел да предизвика аплауз на домашен терен.

„Било која форма ќе се употреби, вклучително и пишување писма ако треба, од било кој читител во Македонија до сите можни адреси во светот и при тоа воопшто нашите властодршци не ги интересира дали ќе има ефект надвор, битно е да се прикаже внатре дека ние божем имаме голема активност надвор.“

Кадровскиот потенцијал на дипломатската мрежа е една од најголемите слабости, посочува поранешниот дипломат Алајдин Демири. Поставување партиски војници на амбасадорски места е слаба подлога за успешна дипломатија.

„Дипломатијата е погрешно сфатена од самите партии. Се елиминираат луѓе, се праќаат погрешни луѓе, се праќаат оние што им пречат внатре и тука настанува проблемот, она што го има наталожено МНР, тука има остатоци од сите партии и тоа е тој багаж што го товари ова министерство за да не биде поуспешно.“

Поранешниот шеф на дипломатијата Милошоски вели дека бројката на македонски амбасади и конзулати го достигнува посакуваниот максимум. Сепак признава дека предизвик останува усогласувањето на кадровската екипираност со буџетските средства кои се издвојуваат за МНР.

„Секогаш имам поголеми потреби отколку што има буџетски средства на располагање за да имаме посилна дипломатска активност. Сигурен сум дека македонската дипломатија има постигнато не само по развојот на мрежата туку и по самата сорджина една зрелост на една сериозна дипломатија и сметам дека тоа ќе може да биде еден од потенцијалите кои ќе ни бидат корисни во 2012-та година.“

Инаку и актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски најави дека 2012 ќе биде година на интензивна дипломатска активност, во која ќе се вклучи целата дипломатска мрежа. Иако ресурсите се органичени, ќе се обидеме Македонија да ја промовираме како интересна туристичка дестинација и да привлечеме повеќе странски инвестиции, рече Попоски.

Упатените во оваа област се сложуваат во едно, а тоа е дека дипломатијата треба да се ослободи од партиските притисоци, а во иднина државата да ја претставуваат искусни и мудри личности кои имаат богата биографија и познавање на меѓународната политика.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG